Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Sort by
Sort by

Милијарда швајцарски франци до 2030 година за одржливо одгледување на кафе

Атана Шкалко
Back to Press releases

Белград, 4 октомври 2022 – Кафето е еден од омилените напитоци ширум светот, а за тоа сведочат и податоците дека ширум планетата секој ден се пијат повеќе од 2,5 милијарди шолји од овој напиток, како и предвидувањата дека до 2050 година бројот на љубителите на кафе ќе се зголеми дури за 50 проценти. Поради фактот што климатските промени се закануваат да ги десеткуваат постоечките насади на ова растение во светот, компанијата Nestlé, како еден од најголемите производители на кафе, повеќе од 10 години презема чекори за идните генерации да можат да уживаат во аромите на Арабика и Робуста.

Благодарение на стратегијата за одржливост на одгледување на кафето под името NESCAFÉ План, во 2021 година, 82 отсто од кафето за производство на овој бренд се одгледуваше на одговорен и одржлив начин, а емисиите на јаглерод диоксид по тон производ се намалија за 46 отсто од 2010 до 2020 година. Во текот на изминатите 12 години, повеќе од 250 милиони садници кафе беа дистрибуирани до земјоделците ширум светот, започнати се активни земјоделски програми во 16 земји, а во фабриките на Nestlé производството се врши со 53 отсто помала потрошувачка на вода.

Поради брзиот напредок на климатските промени, се предвидува дека зголемените температури до 2050 година ќе ја намалат површината погодна за одгледување кафе до 50 проценти, додека околу 125 милиони луѓе живеат токму од одгледувањето кафе. Поради оваа причина, Nestlé го унапреди својот NESCAFÉ План за 2030 година, кој се фокусира на преминот на одгледување кафе врз основа на принципите на регенеративно земјоделство, што ќе ја подобри продуктивноста на фармите, ќе го зголеми приходот на производителите на кафе и дополнително ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид во земјоделскиот сектор.

„Секој ден влегуваме во домовите и срцата на милиони луѓе ширум светот, а тоа му дава некое ново значење на она што го работиме, но бара и поголема одговорност. Климатските промени се голем предизвик што ние во Nestlé го надминуваме со заштита на животната средина, но и со грижа за луѓето кои се вклучени во производството на кафе - токму овој став на нашето кафе му дава уникатен вкус. Какви и да постигнеме резултати, ако тие не се засноваат на нашата аспирација да го направиме светот околу нас подобро место за живеење, успехот нема да биде одржлив“, рече Атана Шкалко, извршна директорка на категоријата пијалоци за пазарот на Југоисточна Европа во компанијата Nestlé.

Со помош на инвестицијата вредна една милијарда швајцарски франци за периодот до 2030 година, NESCAFÉ ќе организира обуки за земјоделците за усвојување на регенеративни земјоделски практики, спроведување на декарбонизација кон нулта емисија на штетни гасови до 2050 година, прилагодување на синџирите за снабдување кои не подразбираат уништување на шумите, да ги оптимизираат производствените процеси, за засадат дрвореди внатре и надвор од фармите за кафе, да го намалат отпадот од пакувањата и да користат зелена енергија од одржливи извори во фабриките ширум светот.

Водечкиот светски бренд за кафе продолжува да придонесува за исполнување на својата глобална цел до 2025 година пакувањето на сите производи на Nestlé да може целосно да се рециклира, па така еден од најпознатите производи на компанијата, познатата лименка на кафето NESCAFÉ Classic, од неодамна има карактеристичен бел капак кој може целосно да се рециклира. Фабриките на NESCAFÉ ширум светот го користат потрошениот талог од кафе како биогориво, заштедувајќи на тој начин повеќе од 555 илјади барели нафта секоја година, а ова е само една од причините зошто NESCAFÉ го носи епитетот на најодржлив бренд на кафе во светот.