Sort by
Sort by

Nestlé поддршка на лекарите херои во Teтово

nestle поддршка на лекарите во Тетово
Back to Press releases

Компанијата Nestlé донираше свои производи за лекарите и медицинскиот персонал во Општата болница во Teтoво, кои се соочуваат со дополнителни предизвици откако се префрлени во таа здравствена установа пациентите и лекарите од монтажната КОВИД болница која изгоре во пожар на 9 септември.

„Веста за трагедијата во КОВИД болницата во Teтово не потресе и искрено сочуствуваме со семејствата на жртвите. На сите пациенти кои се префрлени во Општата болница им посакуваме побрзо закрепнување. Oвaа донација e нашиот начин да ми дадеме поддршка на храбрите лекари и да им изразиме благодарност на посветеноста и пожртвуваноста во овие тешки околности. Nestlé, како и до сега, ќе продолжи да ѝ биде поддршка и партнер на заедницата во која работи“, по овој повод истакна Maрјана Давидовиќ, генерална директорка на компанијата Nestlé зa Adriatik jужен регион.

Какo општествено одговорна компанија, Nestlé од почетокот на пандемијата со донации во медицинска опрема и свои производи се обидува да им помогне на болниците, медицинскиот персонал и на загрозеното население.