Sort by
Sort by

КОМПАНИЈА NESTLÉ СОЈУЗНИК ВО БОРБАТА СО ПАНДЕМИЈАТА

Back to Press releases

Најголемата светска компанија за производство на храна и пијалаци донира илјадници пакети со своите производи на лекарите и социјално ранливите граѓани

Компанијата Nestlé донира своите производи на Институтот за јавно здравје на Северна Македонија, со што ги поддржува и им се заблагодарува на медицинскиот персонал и на другите вработени за нивната посветеност за време на пандемијата на вирус COVID-19.

Визијата на водечката светска компанија во областа на производството на храна и пијалаци е постојано да го подобрува животот на луѓето, помагајќи им на потрошувачите да се грижат за себе и за своите најблиски.

Компанијата Nestlé се обидува да помогне во тешките околности во кои се наоѓа целата земја, како вистински сојузник. На овој начин, особено сакаме да им се заблагодариме на сите вработени во Институтот за јавно здравје на Северна Македонија за нивната посветеност и пожртвуваност“, изјави Милица Милановић, раководител на корпоративни активности на Nestlé Adriatic S.

Покрај Северна Македонија, општествено одговорната компанија Nestlé им помогна и на медицинскиот персонал во здравствените установи во Србија и Црна Гора во форма на пумпи за инфузија и стотици илјади свои производи. Помошта, исто така, достигна голем број на најранливи граѓани, а Nestlé ќе продолжи да вложува напори и ресурси за подобрување на заедниците во кои е присутна.