- Вкупната продажба за првите девет месеци од 2023 година е намалена за 0,4 отсто и изнесува 68,8 милијарди швајцарски франци;
- Органскиот раст постигна 7,8 отсто, со реален интерен раст (РИГ) од -0,6 отсто и со раст на цените од 8,4 отсто;
- Изгледи за 2023 година: се очекува органски раст на продажбата помеѓу 7 и 8 отсто, како и маржа на оперативната добивка при тргување помеѓу 17 и 17,5 отсто;
Компанијата Nestlé ги објави финансиските резултати за првата половина на 2023 година. По тој повод, Марк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:
„Нашето разновидно портфолио и структурираoта понуда ни овозможија да постигнеме силен органски раст во првите девет месеци од оваа година. Растот беше поттикнат од движењата на цените, додека ние успешно продолживме да се соочуваме со историските нивоа на инфлација, истовремено опоравувајќи ги нашите обеми и асортимани. Иницијативите поврзани со оптимизација на портфолијата и поголемите инвестиции во маркетингот за нашите клучни брендови дадоа позитивни резултати. Овие параметри не уверуваат дека реалниот внатрешен раст, кој вклучува обем и асортиман, ќе биде позитивен во вториот дел од годината и повторно ќе стане главен двигател на растот во иднина. Исто така, ја подобривме и нашата стратегија за исхрана, фокусирајќи се на јасните информации за порциите, транспарентноста во исхраната и одговорниот маркетинг кон децата. Поставивме амбициозна цел, до 2030 година да ја зголемиме продажбата на нашите нутритивно побогати производи за 20-25 милијарди швајцарски франци“.
Nestlé Северна Македонија
Во првите девет месеци од 2023 година, во Северна Македонија исто така е евидентиран позитивен органски раст од 14,4 отсто.
„Јасната насока и силните напори на нашиот тим во Северна Македонија имаа силно влијание врз постигнувањето органски раст од 14,4% во првите 9 месеци од оваа година. Ова дополнително не мотивира да го исполниме тоа што го ветивме во наредните месеци. Исто така, со гордост можеме да кажеме дека сме посветени и на социјалните обврски. Нашите заеднички напори со локалната општина во Велес за време на Европската недела на мобилност, каде поддржавме активности за подигање на свеста за важноста на здравјето и физичката активност од најраното детство за нашите најмлади, се дополнителен пример за нашата посветеност“, истакна Maрјана Давидовиќ, генерална директорка на компанијата Nestlé за пазарите на Србија, Црна Гора и Северна Македонија.
Продажба на ниво на Група
По категорија производи, најголем придонес во органскиот раст имаше категоријата за домашни миленици, која забележа двоцифрен раст. Кафето забележа висок едноцифрен раст, со позитивен развој на продажбата меѓу брендовите и каналите. Храната за бебиња постигна висока едноцифрена стапка на раст во голем број брендови и географски региони, исто како и млечните производи, кои беа предводени со додатоците за кафе.
Кондиторските производи забележаа двоцифрен раст, додека готовите оброци и помошните средства за готвење забележаа среден едноцифрен раст.
Органскиот раст изнесува 7,8 отсто, со растот на цените кој изнесуваше 8,4 отсто, како одраз на негативните ефекти од инфлацијата во последните две години.
Зона Европа
Растот во Зона Европа поддржан е со растот на цените, силниот развој на е-трговија и континуираното закрепнување на out-of-home каналот. Зона Европа забележа пораст на пазарниот удел во храната за домашни миленици и храната за бебиња.
Органскиот раст изнесува 8,8 отсто, со раст на цените од 11,1 отсто, додека РИГ е -2,3 отсто. Вкупната продажба се зголеми за 1,3 отсто и изнесува 14,1 милијарди швајцарски франци.
Изгледи за 2023 година
Се очекува органски раст на продажбата помеѓу 7 и 8 отсто, додека основната маржа на оперативна добивка при тргување би требало да биде помеѓу 17 и 17,5 отсто. Исто така, се очекува дека основната заработка по акција во постојаната валута ќе се зголеми помеѓу 6 и 10 отсто.