Sort by
Sort by

Nestlé ги објави финансиските резултати за 2022 година

•    Вкупната продажба во 2022 година порасна за 8,4 oтстo во однос на претходната година и изнесува 94,4 милијарди швајцарски франци.
•    Oрганскиот раст достигна 8,3 отстo, со реален внатрешен раст (RIG) oд 0,1 отстo и раст на цените 8,2 отстo, што одразува значителна инфлација на трошоците.
•    Прогноза за 2023 година: се очекува органски раст на продажбата помеѓу шест (6) и осум (8) отстo и раст на маржа на оперативната добивка измеѓу 17 и 17,5 отстo.
•    Целите за 2023 година се потврдени: се очекува одржлив органски раст на продажбата и враќање на основна маржа на оперативната добивка од тргување во распон од 17,5 дo 18,5 отстo.
Зграда на компанијата Nestlé
Back to Press releases

Компанијата Nestlé ги објави финансиските резултати зa 2022 година. По тој повод, Марк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:

„Минатата година донесе многу предизвици и тешки избори за семејствата, заедниците и компаниите. Инфлацијата достигна рекордни нивоа, зголемените трошоци за живот претставуваа дополнителен товар, додека последиците од геополитичките тензии се почувствуваа ширум светот. Во овие предизвикувачки околности, целиот тим на Nestlé покажа одговорност, обезбедувајќи пристап до нутритивните производи и достапните понуди на глобално ниво.“

Продажба на ниво на Групи

По категорија производи, Purina PetCare со своите премиум брендови Purina Pro Plan, Purina ONE и Fancy Feast, даде најголем придонес за органскиот раст. Поддржана од силното закрепнување на надворешните продажни канали, продажбата на кафе порасна со висока едноцифрена стапка со позитивен раст на продажбата за различни брендови. Растот на продажбата на храна за бебиња достигна двоцифрена стапка, со значителен придонес низ географските области и брендовите. Кондиторските производи забележаа висок едноцифрен раст, меѓу кои особено се издвојуваат брендот KitKat, сезонските производи и клучните локални брендови. Продажбата на вегетаријанска и на храна која се заснова на растенија во Европа, предводена од Garden Gourmet производите, продолжи да расте со двоцифрена стапка.

Органскиот раст изнесува 8,3 отсто. Цените се зголемија за 8,2 отсто, како одраз на значителната инфлација на трошоците. Реалниот внатрешен раст (RiG) беше позитивен од 0,1 отсто во споредба со 2021 година, и покрај ограничувањата во снабдувањето, и благодарение на преземените активности за оптимизација на портфолиото.

Зона Европа

Во предизвикувачкото опкружување, Зона Европа покажа отпорност и посветеност на долгорочните инвестиции. Во Украина, Nestlé најави инвестиција од 40 милиони швајцарски франци за нов производствен погон во регионот Волин. Зоната забележа пораст на пазарниот удел во продажбата на кондиторски производи, храна за бебиња и храна за домашни миленици.

Органскиот раст изнесува 7,2 отстo, при што цените се зголемија за 6,4 отсто, додека RIG беше отпорен на 0,9 отсто, и покрај ограничувањата во синџирот на снабдување.

Прогноза зa 2023 година

Се очекува органски раст на продажбата меѓу шест (6) и осум (8) отсто, додека основната маржа на оперативна добивка треба да достигне раст помеѓу 17 и 17,5 отсто. Се очекува да се зголеми основната заработка по акција во постојана валута.