Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

Како да уживате во летното овошје во текот на целата година?

Кој десерт е повкусен и поздрав од тукушто набрано свежо овошје? Во текот на летото, можете да уживате во него секој ден, но дали знаете дека овошјето може да го одржите во свежа состојба во текот на целата година? Дознајте како можете да го замрзнете овошјето за да задржи 90 % од неговите витамини и антиоксиданси.
летното овошје

Со замрзнување, сочното овошје може да ги задржи повеќето свои својства. Покрај тоа, го задржува својот вкус и може да се одмрзне во секое време. Процесот е едноставен и брз, при што на овошјата сочувани на тој начин им се продолжува траењето до девет месеци.

Летото е најдобар период за подготовка на замрзнато овошје. Ако сте купиле повеќе праски отколку што можете да изедете или сте пронашле вкусно шумско овошје, вишокот може да го искористите и сочувате за ладните денови.

Што ви е потребно?

  • овошјето што сакате да го сочувате, исчистете го и исушете го најдобро што можете;
  • еден плех, со големина соодветна да може да се собере во замрзнувачот
  • хартија за печење, восочна хартија или сличен пергамент;
  • пластична фолија;
  • пластична кеса за замрзната храна.

 

Како правилно се замрзнува сезонското овошје?

  1. Исчистете го и добро исушете го овошјето.
  2. Доколку е потребно, излупете го овошјето и исчистете го секој дел, на пр. набиени или несовршени делови
  3. Овошјето исечкајте го на парчиња или коцки, по желба
  4. Повторно исушете го овошјето на салфета. Важно е да се отстрани колку што е можно повеќе влага.
  5. Ставете го овошјето во плех покриен со хартија за печење (восочна хартија или хартија слична на пергамент) и распоредете го во еден слој. Покријте со пластична фолија и ставете го садот во замрзнувач неколку часа. Така овошјето ќе замрзне одвоено и нема парчињата да се залепат едно за друго.
  6. Извадете го плехот и внимателно вадете ги парчињата овошје од хартијата за печење. Потоа, замрзнатото овошје префрлете го во посебни пластични ќесиња. Не заборавајте да истиснете што е можно повеќе воздух од ќесињата за овошјето да трае подолго. Може да се чува во замрзнувач од 6 до 9 месеци.

Како можете да го користите замрзнатото овошје во вкусни рецепти?

  • Шумското овошје, јаболките, црешните, вишните или бананите се совршени во десерти како пита, тарт, пандишпан или кекс.
  • Тропското овошје, како манго или ананас, дава посебна арома на свежо цедени сокови, „смути” или „шејк“ и ги одржува ладни.
  • Сокот од цитрусни овошја може да се користи за готвење, за давање киселкаста арома на преливи, а лимоновата кора се користи во тесто за колачи и торти.
  • Грозјето, жолтите дињи и замрзнатите банани се исто така вкусни за јадење во текот на целата година. Можете да ги додадете во чоколаден сируп или јогурт.
  • Грозјето, жолтите дињи и замрзнатите банани се исто така вкусни за јадење во текот на целата година. Можете да ги додадете во чоколаден сируп или јогурт.

 

Nekoliko Неколку корисни совети, во зависност од замрзнатото овошје кое го консумирате

  • Бледа боја или траги од замрзнување значи дека замрзнатото овошје е оштететно и дека повеќе не смее да се консумира.
  • Јаболката најдобро се чуваат ако се излупени и исечкани. За да избегнете оксидација на јаболката (кога горните слоеви добиваат кафеава боја), пред замрзнување можете да ги ставите во вода со лажичка сол.
  • Цитруси: најдобро е кората да ја конзервирате одвоено. Сокот од цитруси може да се замрзне во коцки или во пластични ќесички, а кората може да се подели на поединечни порции.
  • Дињи: жолтите дињи обично добро се чуваат во замрзнувач, за разлика од лубеницата, затоа што лубеницата содржи премногу вода.
  • Ананасот, дури и кога е замрзнат, има силен вкус. Многу е важно темелно да ја исчистите тврдата и влакнеста средина на ананасот. Можете да го исечете на коцки за поедноставно консумирање.
  • Праските, нектарините, крушите и сливите најдобро се чуваат ако се исчистат од лушпата, a кај црешните и вишните најдобро е да се отстранат семките

 

Сега, кога научивте како најдобро да го искористите сезонското овошје, дознајте како можете да замрзнете зеленчук дома.