Секој од нас сака да води здрав начин на живот и затоа е многу важно каква храна консумираме. Покрај зеленчукот и овошјето, интегралните житарици нудат многу предности кога се консумираат секојдневно.
Интегралните житарици се подготвуваат со употреба на цело зрно од житарицата, со што се задржуваат неговите 3 дела:
- никулец;
- внатрешна мембрана;
- надворешна мембрана.
Можете да уживате во полната хранлива вредност на секое зрно кога консумирате интегрални житарици, во споредба со рафинираните производи (како бел леб, бел ориз и тестенини) кај кои се користи само јадрото од зрната на житариците.
Нема ништо погрешно во секојдневното консумирање рафинирани производи, но се препорачува барем половина од житариците или производите од житарици кои ги консумирате да бидат интегрални.
Предности на интегралните житарици
Интегралните житарици се богати со влакна, витамини и минерали.
Во секоја порција интегрални житарици има разни витамини, минерали, антиоксиданси, здрави масти, растителни ензими и влакна. Дознајте повеќе за тоа што е храна со влакна и што можете да пронајдете во неа овде.
Интегралните житарици ви помагаат да одржувате нормална тежина.
Интегралните житарици содржат голема количина на влакна и имаат понизок гликемиски индекс од рафинираните варијанти. Влакната од интегралните житарици ќе ви помогнат да го подобрите варењето, ќе ве заситат со помала количина и ќе ви го одржуваат нивото на енергија во текот на подолг временски период
Од интегралните житарици добивате вкусни оброци.
Повеќето од нас јадат житарици со млеко за појадок. Можете да бидете креативни и да ги комбинирате со јогурт, да ги додадете во „смути“ и „fresh“ напитоци или да ги консумирате во комбинација со вашето омилено овошје. Така ќе имате содржински, здрав и вкусен појадок.
Исто така, ако имате повеќе време и сакате да ги покажете своите вештини со супер креативен појадок, можете да го испробате рецептот за Палачинки со житарици и овошје или рецептот за Пудинг од житарици и овошје.
Кои интегрални житарици може да ги консумирате?
- пченица
- булгур
- интегрална пченка
- интегрален овес
- овесни снегулки
- овесна каша
- хељда
- пченица спелт (крупник)
- интегрално брашно од овес, пченица или други житарици
- интегрален јачмен
- кафеав ориз
- див ориз
Кон овие треба да додадете бројни производи кои содржат интегрални житарици. Тука се вбројуваат житариците Nestle Honey Cheerios, кои содржат пет вида интегрални житарици, мед, витамини и есенцијални минерали (калциум и железо).
Житариците во форма на буквата „O“ и со вкус на мед се соодветни за балансиран појадок за вашето дете. Пробајте ја и класичната верзија на житарици со млеко или искажете ја својата креативност со други смели комбинации. Ви препорачуваме рецепт за стапчиња од житариците Honey Cheerios со путер од кикирики, без печење. Измешајте шест мали шолји житарици Honey Cheerios со една шолја путер од кикирики, додајте малку јаворов сируп за конзистенција и сето тоа ставете го во фрижидер да отстои 3-4 часа. Ќе добиете одлични стапчиња
Ако сакате летна ужина, може да направите чиа пудинг со бадемово млеко, сезонско овошје и две до три лажички од житариците Honey Cheerios..
Ммммм...
Знаете ли дека…?
- Најчесто одгледувана житна култура е пченицата. Таа се одгледува на 17 % од вкупните земјоделски површини во светот.
- Пченкарните снегулки се експандирани интегрални житарици. Се произведуваат од посебна сорта на пченица, наречена „Zea mays everta”.
- Русија, Канада, САД, Финска и Полска се најголеми производители на овес во светот.