Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Sort by
Sort by

Шеќер во детската храна

Раното детство ги поставува темелите за идното здравје, растот и општата благосостојба. Поддршката за правилен нутритивен почеток на животот е од клучна важност за тоа кои сме и како работиме, ние сме посветени на обезбедување производи со висок квалитет со јасни и транспарентни ознаки на пакувањата, родителите и старателите.

Насекаде имаме доследен пристап кон исхраната на сите бебиња, одржувајќи висок нутритивен стандард во сите земји каде што нудиме храна за деца

Дали Nestlé има двоен стандард кога станува збор за хранливата вредност на храната за деца во различни делови на светот?

Не, немаме двојни стандарди. Nestlé насекаде има доследен пристап кога станува збор за исхрана на бебиња и одржува високи стандарди во сите земји каде што нуди храна за деца.

Дали Nestlé планира во својата понуда да вклучи производи без додаден шеќер?

Ширум светот веќе нудиме производи без додаден шеќер, вклучително и Јужна и Северна Америка и Азија. Во последните неколку години воведовме производи без додаден шеќер на пазарите како Пакистан, Бразил, Индонезија, Малезија, Филипини и Тајланд, каде што претходно немавме вакви производи во понуда.

Продолжуваме да нудиме се повеќе такви производи на се повеќе пазари. Оваа промена бара време, бидејќи подразбира промени во начинот на производство, а често и прилагодувања на опремата што ја користиме во нашите фабрики. На ова патување потребно е да ги земеме родителите и старателитеза да ги прифатат новите производи.

Која временска рамка ја имате за намалување на додадениот шеќер во храната за бебиња?

Знаеме дека родителите и старателите се повеќе се загрижени за шеќерот во детската храна. Ја разбираме нивната загриженост и ја зедовме предвид. Затоа веќе неколку години работиме на намалување на нивото на додаден шеќер во храната за деца

Нашата цел е до крајот на 2024 година, 100% од нашите производи за постари доенчиња да бидат без додадени рафинирани шеќери во млекото.

Што се однесува до детските каши, работиме напорно за да ја прошириме достапноста на опцијата без додаден шеќер. 

Дали Nestlé формулите за доенчиња содржат додадени шеќери?

Ниту еден од нашите производи за доенчиња под 12 месеци не содржи додадени шеќери. Кога станува збор за таканаречените млечни формули за деца на возраст од 1 до 3 години, пред некое време почнавме постепено да ги укинуваме додадените шеќери и големо мнозинство од овие производи не содржат рафиниран шеќер. Нашата цел е да достигнеме 100% до крајот на 2024 година.

Дали кашичките за бебиња содржат додадени шеќери?

Веќе некое време работиме на намалување на додадениот шеќер во нашите кашички за бебиња. Ние сме посветени и на потрошувачите да им обезбедиме избор, каде и да ги купуваат нашите производи. Затоа ги прошируваме опциите без додаден шеќер и ќе продолжиме да нудиме се вакви опции на се повеќе пазари. Понатамошното инвестирање во образованието ќе помогне да се зголемат видливоста и прифаќањето на овие производи меѓу родителите и старателите 

Кои шеќери ги содржат вашите кашички за бебиња?

Постојат различни видови на шеќери, а оние кои се присутни во нашите кашички доаѓаат од различни извори, во зависност од рецептот:

  • Во рецепт кој содржи млеко, на пример, до 60% од вкупните шеќери може да потекнуваат од лактозата што е природно присутна во млекото. 
  • Некои шеќери, природно присутни во житарките, може да се ослободат во процесот на производство 
  • Ограничена количина шеќер може да дојде од состојките што ги додаваме, како што се овошно пире, парчиња овошје, сахароза или мед, кои се користат за дополнителен вкус и текстура.

Oвие фактори важат за целата индустрија.

Вкупното ниво на шеќери во нашите производи, вклучувајќи ги оние што се создадени во текот на производствениот процес и оние додадени, секогаш е во согласност со локалните регулативи и/или меѓународните стандарди, доколку се применливи. 

До кои упатства и прописи се придржувате?

Каде и да работиме, нашите производи се во согласност со сите важечки локални или меѓународни регулативи. Нашите критериуми за исхрана се засноваат на најновите научни упатства и препораки за исхрана. 

Конкретно за бебешките кашички, нашите интерни критериуми за додадени шеќери се под границите поставени од Codex Alimentarius (Комисија за прехрамбени стандарди основана од WHO и FAO), која се користи како референца насекаде во светот.

Нашите млечни кашички и житарки за мали деца се прилагодени за нивната возраст и збогатени се со витамини и минерали, како што е железото, за да помогнат во затворање на нутритивните празнини.