Sort by
Sort by

Вода

Зошто некои луѓе се против флашираната вода на Nestlé?

Некои луѓе се загрижени поради влијанието што флашираната вода го има врз достапноста на водата, врз луѓето и животната средина. И ние сме, исто така, загрижени.

Затоа следиме колку користиме за да нема негативно влијание врз локалните сливови и водонепропустливи слоеви. Покрај тоа, ние тесно соработуваме со локалните заедници за да гарантираме дека пристапот на луѓето до вода останува надвор од влијанието.

Запомнете, флашираната вода никогаш не се губи. Луѓето ја пијат. Исто така за тоа е потребно помалку вода, помалку пластика и помалку енергија за производсто отколку повеќето други флаширани пијалаци.

Колку плаќате за водата што ја флаширате?

Каде и да флашираме вода, плаќаме колку што ќе ни побараат локалните власти. Сметаме дека сите корисници на вода (од компаниите од прехранбената индустрија, до терени за голф и други индустрии), треба да се третираат на праведен начин, со сите такси што се плаќаат за поодржливо управување со водените ресурси.

Како управувате со влијанието на водата врз животната средина?

Со осигурување дека сета вода што ја користиме се обновува природно. За да го минимизираме нашето влијание врз животната средина, инвестираме во нови технологии во фабриките за полнење вода.

На пример, нашиот објект во Бакстон, Обединето Кралство, користи 100% обновлива енергија. Наштата фабрика во Henniez (Ение), Швајцарија, користи земјоделска постројка за биогас за да ги задоволи своите потреби за електрична енергија..

Грижата за вода сочинува дел од пошироката амбиција на Nestlé да се залага за нулта влијание на нашето работење врз животната средина. Секогаш истражуваме нови начини за намалување и, каде што е можно, за повторно користење на водата.

Исто така, работиме на тоа водата да биде целосно достапна за луѓето кои живеат во близина на нашите фабрики за вода.

Зошто Nestlé флашира и продава вода?

Флашираната вода е здрава, пијалок со нулта калории што луѓето можат да го испијат и заминат. Сè повеќе луѓе избираат флаширана вода и, ние се обидуваме да ги задоволиме нивните потреби со нашите брендови.

Кој е вашиот одговор на лажните приказни дека Nestlé сака да ја приватизира водата од бразилскиот водоносен хоризонт Guarani?

Nestlé не извлекува вода од ниту еден дел од водоносниот хоризонт Guarani во Јужна Америка, вклучително и во Бразил.

Немаме никави планови да го правиме тоа, а за таа работа и не дискутираме со бразилските надлежни органи.

Спротивните предлози во приказните на интернет не се точни. Всушност, следниве медиуми објавија статии во кои изјавата за приватизација ја нарекоа лажни вести:

Каде и да флашираме вода, спроведуваме истражувања за водните ресурси и постојано ги следиме нашите повлекувања за да се осигураме дека не влијаеме негативно на локалните сливови и водени хоризонти.

Целосно сме посветени на управувањето со вода и човековите права на вода.

Што ќе кажете за микропластиката во флашираната вода?

Микропластиките може да се најдат насекаде, вклучително и во воздухот што го дишеме, облеката што ја носиме, храната што ја јадеме и водата што ја пиеме. Тие се дел од поширокиот проблем со пластичниот отпад, што е еден од главните предизвици за одржливост со кој се соочува општеството денес.

Бидејќи безбедноста и квалитетот на нашите производи е наш најголем приоритет, ние ги тестиравме нашите производи за микропластика од 2015 година, користејќи ги најсовремените уреди и техники. Ова опсежно тестирање не открило траги на микро-пластика над нивото (т.е. нема до максимум 12 микрочестички на литар).

Со така минимални количини откриени во нашите анализи, не е можно да се утврди дали овие траги се суштински за нашето работење на флаширана вода или само резултат на вкрстена контаминација во лабораториска средина.

Во 2018 година почнавме да користиме пософистицирана, најсовремена методологија за тестирање која комбинира електронска микроскопска анализа и анализа на микрорамска спектроскопија.

По објавувањето на извештајот на Orb Media на 15 март, ја користевме оваа методологија за тестирање на примероци од споредливи серии со оние што се користат во нивните анализи. Нашите резултати се разликуваат во голема мера од наодите на Orb Media и се движат од нула до максимум 12 микрочестички на литар.

Ги споделивме нашите резултати со Orb Media во писмена форма. Ги поканивме и да дискутираме за нашите методологии за тестирање и да ги испитаме нашите различни резултати. Со нетрпение очекуваме да разговараме во врска со потенцијалните извори на микро-пластична контаминација.

Nestlé  ги поздравува понатамошните истражувања за можните ефекти од употребата на микропластика врз здравјето на луѓето. Ние сме подготвени да ја направиме нашата експертиза достапна за да го подобриме разбирањето на ова прашање.

Што мислите за документарниот филм „Флаширан живот“?

„Флаширан живот“ е филм од 2012 година за нашето работење со флаширана вода. Тој е идеолошки, едностран и фактички неточен.

На пример, претпоставува дека Nestlé зема подземни води од пакистанските фармери во Пенџаб..

Во 2012 година користевме само два од околу 680.000 бунари во Пенџаб, кои владата редовно ги следеше. Во селото каде што е нашата фабрика, изградивме две постројки за филтрирање на водата, со што беше обезбедена бесплатна вода за 10.000 луѓе, додека се градеше третата.

Прочитајте го  целосниот одговор за „Флаширан живот“ даден од страна на нашиот поранешен претседаавач.

Водата е од суштинско значење за животот, а недостигот на вода е сè поголем проблем. Во Nestlé сериозно ги сфаќаме нашите одговорности. Тоа е причината зошто ние работиме на намалување на количината на вода што ја користиме, како и повторно да ја искористиме секогаш кога е можно.

Работејќи со други корисници во базените околу нашите капацитети, можеме да помогнеме да се зачува овој скапоцен ресурс и да се обезбеди долгорочно здравје на заедниците каде што работиме.