Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle.
Побарајте работа тука.
Дејствувајќи кон иднина без отпад
Со пластичниот отпад кој продолжува да се акумулира во депониите и во нашите океани, загрозувајќи го дивиот свет, справувањето со пластичното загадување никогаш не било толку неодложно. Ова е итен приоритет за нас и одговорност што ја сфаќаме сериозно.
Ги забрзуваме нашите активности кога станува збор за справување со проблемот со пластичниот отпад и сме посветени да направиме значајна разлика насекаде каде што работиме.
Напредуваме, но сеуште имаме многу за постигнување. Ние сакаме да бидеме лидери во овој простор.
Нашата визија и посветеност
Нашата визија претставува, ниедно наше пакување, вклучувајќи ја и пластиката, да не заврши како отпадок или во депонија. Оваа визија не е само некој висок идеал – работиме напорно за да помогнеме во придонесување на иднина без отпад.
Минатата година ја најавивме нашата посветеност да направиме 100% пластика што ќе се рециклира или ре-употребува до 2025 година. Во јануари 2019, година, ја образложивме нашата поширока визија и акционен план за иднина без отпад, и укажавме на нашата посветеност и специфичен пристап во решавањето на проблемот со отпадот од пластика преку низа серии на конкретни дела.
Додека ние сме посветени да ги следиме опциите за рециклирање таму каде што е изводливо, знаеме дека 100% рециклирање не е доволно за успешно да се справи со проблемот со отпадот од пластика. Треба да се стегнеме и да се стори повеќе. Ние сме решени да ја разгледаме секоја можност за решавање на овој комплексен предизвик и да прифатиме повеќе решенија кои можат да имаат влијание сега. На пример, ние веруваме во вредноста на материјалите за рециклирање и компостибилност на хартија, како и биоразградливи полимери, на местата каде што не постои инфраструктура за рециклирање.
Додека распоредуваме нови решенија, ние никогаш нема да го нарушиме здравјето на нашите потрошувачи. Не се преговара со безбедноста и квалитетот на нашата храна и пијалоци.
Нашите дела
Во справувањето со комплексниот проблем на загадувањето со пластика, потребно е да се земат во предвид пристапот и здружувањето. За да се реализира оваа цел, потребни се специфични активности. Во согласност со овој пристап, преземаме конкретни чекори во:
1. Пионерски алтернативни материјали
- Го создадовме Нестле Институтот за наука на амбалажата (Nestlé Institute for Packaging Sciences)за развивање на одржливи материјали за пакување и соработка со индустриски партнери за да ги прошириме истражувањата и иновациите. Преку Институтот, ние во моментов разгледуваме голем број иновации, вклучувајќи нови материјали засновани на хартија, како и биоразградливи / компостибилни полимери, кои исто така се рециклираат.
- Во првата четвртина од 2019 година, во Париз ќе се произведуваат пакувања од хартија, кои ќе бидат за Yes!snackbar во втората половина на 2019 година. Smarties, исто така, ќе започне со производство на амбалажа без хартија во 2019 година и Мајло ќе воведе хартиени кеси во 2020 година.
- Ги отфрламе сите пластики што не може или пак тешко се рециклираат за сите наши производи во светот до 2025.
- Како дел од оваа посветеност, почнувајќи од февруари 2019, почнавме да ги елиминираме сите пластични сламки од нашите производи.
- Нестле Вотерс (Nestle Waters)работи на зголемување на рециклираната содржина на ПЕТ во своите шишиња на глобално ниво до 35% до 2025 година. Тоа ќе достигне 50% во САД до 2025 година, со посебен фокус на Поланд Спринг (Poland Spring) и 50% во европските брендови Acqua Panna, Buxton, Henniez and Levissima до 2025 година.
- Започнавме глобално партнерство со Danimer Scientific за развој на морско биоразградливо и рециклирачко шише за нашето водостопанство.
- Препознавајќи ги предизвиците за добивање на рециклирани материјали за квалитет од храна, започнавме соработка со Пјурсајкл Технолоџис (PureCycle Technologies) за производство на рециклиран полипропилен од храна.
- Ние се приклучивме на NaturALL Bottle Alliance, чија цел е да се развие 100% био-базирано ПЕТ за да се користи во нашето водостопанство.
2. Оформување иднина без отпад
- Станавме партнери со проектот STOP, првична иницијатива насочена кон решавање на истекувањето на пластика во океанот, преку партнерства со градови и влади во Југоисточна Азија. Нашиот прв пилот на проектот СТОП е во Индонезија.
- Основаме потписник на глобалната посветеност на новата пластика(New Plastics Economy Global Commitment), иницијатива заеднички спроведена од Фондацијата Елен Макартур и УН за животна средина, за промовирање и охрабрување на напредокот во справувањето со проблемот со пластичниот отпад.
- Решени сме да ја намалиме нашата употреба на пластика за еднонаменска употреба. Ние воведуваме ре-употребливи пакувања, нови системи за испорака и иновативни бизнис модели.
- Соработуваме со организацијата Loop за развој на ре-употреблива амбалажа. Во моментов, ние тестираме садови за сладолед со повеќекратна употреба за нашиот бренд Haagen-Dazs во САД.
- Дистрибутерите за Нескафе и Мајло веќе се достапни во многу земји низ светот.
- Во почетоците на 2020 година, ќе лансираме иновативни диспензери со најсовремена технологија, овозможувајќи им на корисниците да ги полнат сопствените шишиња за повеќекратна употреба.
- Ние ги здруживме силите со Veolia ( Veolia), светска водечка компанија за управување со ресурси, да работиме на собирање, сортирање и рециклирање на пластичен материјал - со посебен акцент на флексибилна пластична амбалажа. Во ова се вклучуваат и технологиите за рециклирање на хемикалии, кои му помагаат на Нестле за зголемување на рециклираната површина на амбалажите до 35%, и целосното пакување на производот до 15% до 2025 година.
- Заедно со други компании, ја лансиравме Африканската Алијанса за рециклирање на пластика (Africa Plastics Recycling Alliance) за развој на рециклирањето меѓу Потсахарската Африка – овозможувајќи нови работни места во процесот.
3. Воведување нови однесувања
- Сите 4200 Нестле локации ја исфрлаат пластиката за еднократна употреба која не се рециклира.
- Нашите вработени на секаде низ светот си ги посветуваат своите денови за волонтирање, за отстранувањете на отпадоци и ќе учествуваат во активности за расчистување на Светскиот Ден на Океанот ( 8ми Јуни). За повеќе информации за тоа како може да се вклучите во активностите, проверете го веб-сајтот: World Oceans Day.