Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle. Побарајте работа тука.
НАГРАДНА ИГРА „ГОТВИ СО ЉУБОВ, ГОТВИ ЗА ЉУБОВ” за трговскиот ланец ВЕРО
Согласно член 125 од Законот за игри на среќа и за забавните игри (“Службен весник на РМ бр. 124/2011” и сите последователни измени), Организаторот на наградната игра Друштво за маркетинг и пропаганда ЕПП КОМЈУНИКЕЈШНС ДОО Скопје, ги утврди правилата на наградната игра:
Член 1: НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ТРГОВСКОТО ДРУШТВО
Организатор на Наградната игра „ГОТВИ СО ЉУБОВ, ГОТВИ ЗА ЉУБОВ” е Друштво за маркетинг и пропаганда ЕПП Комјуникејшенс ДОО Скопје со седиште на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 40, кат 4,1000 Скопје, со ЕДБ 4030006611991 (во понатамошниот текст Организатор).
Член 2: УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ ЗАРАДИ ЧИЕ РЕКЛАМИРАЊЕ СЕ ПРИРЕДУВА НАГРАДНАТА ИГРА
Цел на наградната игра организирана од Друштво за маркетинг и пропаганда ЕПП Комјуникејшенс ДОО е рекламирање на производите од портфолиото на трговската марка Маги на НЕСТЛЕ Адриатик Македонија.
Член 3: ИМЕ, ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ОПИС НА НАГРАДНАТА ИГРА
3.1. Официјалното име на наградната игра е „ГОТВИ СО ЉУБОВ, ГОТВИ ЗА ЉУБОВ”
3.2. ВРЕМЕТРАЕЊЕ: од 16.11.2022 до 31.12.2022 година. Учесниците во наградната игра, ќе можат да испраќаат СМС пораки на телефонскиот број 148777 од 16.11.2022 година од 00:00:01 часот до 31.12.2022 година до 23:59:59 часот.
3.3.ОПИС: Во наградната игра ќе имаат можност да учествуваат сите полнолетни потрошувачи, жители на Република Северна Македонија кои во периодот од 16.11.2022 година до 31.12.2022 година на кое било продажно место од 12 продажни места на трговскиот ланец ВЕРОПУЛОС (детално наведени во член 4 од овие Правила) ќе купат производи по избор од портфолиото на трговската марка Маги со минимална вредност од 99 денари и ќе го испратат бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на сметката (час и минута), преку СМС порака на телефонскиот број 148777 достапен од операторите А1 и Македонски телеком во Република Северна Македонија.
Со испраќањето на СМС пораката со бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на сметката (час и минута) сите учесници стануваат потенцијални добитници на некоја од вкупно 4 награди – фритези ТЕФАЛ модел EY501815.
Член 4: ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра ќе се приредува на сите 12 продажни места на трговскиот ланец ВЕРОПУЛОС дооел Скопје на територијата на Р.С. Македонија лоцирани на следите адреси:
- ВЕРО 1 АЕРОДРОМ – Скопје, Булевар Јане Сандански бр.111;
- ВЕРО 2 ТАФТАЛИЏЕ – Скопје, М.Т. Гологанов бр.76;
- ВЕРО 5 АМСМ – Скопје, М.Т. Гологанов бр.26, палата Млин Балкан;
- ВЕРО 7 ГТЦ – Скопје, Кеј 13 Ноември, ГТЦ локал 443;
- ВЕРО 8 ЧАИР – Скопје, Џон Кенеди бр.2;
- ВЕРО 9 ЦЕНТАР – Скопје Булевар Кочо Рацин бр.1;
- ВЕРО 10 КИСЕЛА ВОДА – Скопје, Булевар Борис Трајковски бр.13;
- ВЕРО 12 КАРПОШ – Скопје, ул. Манапо бр. 3;
- ВЕРО 3 ТЕТОВО – ул.Видое Смилевски Бато бр.7;
- ВЕРО 11 ТЕТОВO – ул. 113 бр. 3;
- ВЕРО 4 БИТОЛА – ул. Игњат Атанасовски бр.15;
- ВЕРО 6 БИТОЛА – ул. Широк сокак бр.44а;
(во понатамошниот текст заедно наречени: 12 продажни места на трговскиот ланец ВЕРОПУЛОС дооел Скопје”)
Член 5: РЕКЛАМИРАЊЕ
Наградната игра ќе се рекламира во електронските медиуми (социјални медиуми), како и во печатен промотивен материјал кој ќе биде достапен на сите 12 продажни места на трговскиот ланец ВЕРОПУЛОС дооел Скопје каде се продаваат производите од порфолиото на трговсската марка Маги.
Член 6: НАГРАДЕН ФОНД
Видот и вредноста на наградите е содржана во следнава табела:
Тип на награда | Вкупно награди | Поединечна вредност на наградата со ДДВ | Вкупна вредност на наградата со ДДВ |
Фритеза TEFAL EY501815 | 4 | 9.269,00 | 37.076,00 |
ВКУПНА КОЛИЧИНА | 4 | 37.076,00 |
Вкупниот награден фонд на наградната игра изнесува 37.076,00 денари
(триесет и седум илјади седумдесет и шест денари). Организаторот ќе има обврска да го подмири и данокот на доход согласно Законот за данокот на личен доход.
Член 7: УСЛОВО ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица, државјани и жители на Република Северна Македонија, кои ги прифаќаат и исполнуваат условите на овие правила.
Во наградната игра учествуваат сите потрошувачи кои во периодот од 16.11.2022 година до 31.12.2022 година на некое од од 12 продажни места на трговскиот ланец ВЕРОПУЛОС ќе купат производи по избор од портфолиото на трговската марка Маги со минимална вредност од 99 денари. Спецификацијата на сите производи од портфолиoто на Маги кои ќе бидат дел од наградната игра и кои се достапни на 12 продажни места на трговскиот ланец ВЕРОПУЛОС е приложена како Прилог 1 кон овие Правила.
По купувањето на производите, потрошувачите со цел да станат учесници во наградната игра ќе треба да го испратат бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната сметка (час и минути) преку СМС порака на телефонскиот број 148777 достапен само од операторите А1 и Македонски телеком во Република Северна Македонија. Испратената СМС порака ќе се наплатува од крајниот корисник по стандардна цена на СМС порака на мрежниот оператор чиј претплатник е корисникот.
Учесниците во наградната игра ќе можат да испраќаат СМС пораки во периодот од 16.11.2022 година од 00:00:01 часот до 31.12.2022 година до 23:59:59 часот.
Податоците за приложената фискална сметка која е извлечена како добитник треба да соодветствуваат со податоците испратени на СМС пораката. Организаторот нема да сноси никаква одговорност за пораките што не ги содржат потребните информации и истите нема да бидат земени предвид како валидни.
Со учеството во наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие правила и ја изразуваат својата согласност во поглед на истите.
Со една фискална сметка може да се учествува во наградната игра само еднаш на начинот предвиден за учество.
Организаторот на наградната игра го задржува правото да ги одбие сите пратени броеви на фискални кои се стекнати на нелегитимен начин, репродуцирани, дуплирани, измислени или модифицирани на кој било начин. Организаторот не одговара за повремени технички пречки како на пр. прекин на СМС сообраќајот.
Без оглед на начинот на кој е регистриран учесникот, секој учесник во наградната игра е должен фискалната сметка за купениот производ да ја чува до подигнувањето на потенцијалната награда, како услов да ја добие наградата.
Сите CMC пораки испратени пред започнувањето на наградната игра како и сите пораки кои ќе бидат испратени по завршувањето на наградната игра, нема да учествуваат во извлекувањето.
Не постои никакво ограничување во поглед на бројот на испратени пораки од страна на еден учесник. Една фискална сметка може да учествува во наградната игра само еднаш. Валидни ќе бидат само фискалните сметки кои се издадени во периодот на времетраењето на наградната игра согласно член 3 од овие Правила.
Сите испратени броеви на фискални сметки преку CMC пораки со бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната сметка (час и минута) ќе бидат верификувани од страна на координаторот на базата на податоци на наградната игра - НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ. По верификувањето, секој учесник во наградната игра ќе добие повратен одговор. Секој учесник со самото учество прифаќа да добие информативна порака.
Повратните СМС пораки односно одговори се следниве:
• Кога учесникот праќа број на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната сметка (час и минути), системот ќе испраќа одговор дека испраќачот е регистриран за учество во наградната игра и дека треба да ја чува фискалната сметка за доказ, доколку добие награда, со следниот текст:
Успешна пријава! Ви благодариме за учеството. Чувајте ја фискалната сметка до извлекувањето на 04.01.2023. Повеќе инфо на www.nestle.mk
• Доколку учесникот испрати нецелосна порака, системот ќе испраќа одговор дека испратената порака не е валидно форматирана и ќе содржи пример како треба да изгледа пораката, со следниот текст:
Неуспешна пријава. Содржината е погрешна. Внесете го бројот и времето на фискалната сметка во следниот формат: #број на фискална сметка празно место 00:00
• Доколку биде испратена порака со претходно испратен број на издавање на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната сметка (час и минута), системот ќе испраќа одговор дека испратениот број е веќе искористен, со следниот текст:
Неуспешна пријава. Испратената фискaлна сметка е веќе искористена. Ве молиме, обидете се повторно со друга фискална сметка. Ви благодариме.
• Доколку биде испратена порака во периодот пред почетокот на наградната игра, системот ќе испраќа одговор на бројот од мобилниот телефон на лицето што се обидело да се регистрира дека наградната игра сè уште не е почната, со следниот текст:
Почитувани, наградната игра - „ Готви со љубов, готви за љубов ”,
започнува на 16.11.2022 во 00:00:01. Повеќе информации на www.nestle.mk.
• Доколку биде испратена порака во периодот по завршувањето на наградната игра,системот ќе испраќа одговор дека наградната игра е завршена.
Почитувани, наградната игра ,,Готви со љубов, готви за љубов ” заврши на 31.12.2022 во 23:59:59.
Повеќе информации на www.nestle.mk
Со праќањето на СМС пораката на телефонскиот број 148777 достапен само од операторите А1 и Македонски Телеком во Република Северна Македонија на бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната сметка (час и минута) секој учесник станува потенцијален добитник на награда.
Член 8. ДОБИТНИЦИ ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Добитниците ќе се извлечат на 04.01.2023 во 12 часот по случаен избор, со помош на компјутерско извлекување преку алгоритам за случаен избор од базата на податоци по основ на пратената СМС порака со бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната сметка (час и минута).
Наградите ќе се извлекуваат автоматизирано, без влијание на човечки фактор од страна на специјално креиран софтвер за оваа намена инсталиран во просториите на НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ, со седиште на ул. Црвена Скопска Општина бб, 1000 Скопје.
Дата центарот е лоциран на следнава адреса Hardtrumstrasse 161, 8005 Цирих, Швајцарија.
Базата на квалификувани учесници ќе биде составена од полнолетни потрошувачи на производите на Нестле Адриатик Македонија кои во некое од 12 продажни места на трговскиот ланец ВЕРОПУЛОС купиле производи по избор од портфолиото на трговската марка Маги со минимална вредност од 99 денари и го испратиле бројот на фискалната сметка и времето на купување напишано на фискалната сметка (час и минути) преку СМС порака на телефонскиот број 148777 достапен од операторите А1 и Македонски телеком во Република Северна Македонија.
За спроведувањето на наградната игра ќе се грижи жири комисија со членови составени од:
Претставник од НЕСТЛЕ Адриатик Македонија
Претставник од ЕПП Комјуникејшенс ДОО Скопје
Претставник од НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ
Нотар ангажиран од страна на ЕПП Комјуникејшенс ДОО Скопје
Организаторот нема да има дополнителна одговорност кон учесникот или во случај да е извлечен добитник кој според овие правила нема право на учество во оваа наградна игра. Доколку постои пречка за доделување на наградата таа награда останува недоделена.
Податоците во приложената фискална сметка треба да соодветствуваат со податоците испратени на СМС пораката кој е извлечена како добитник. Организаторот нема да сноси никаква одговорност за пораките што не ги содржат потребните информации и нема да бидат земени предвид како валидни.
Член 9 ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ:
Сите телефонски броеви и броевите на фискалните сметки на добитиците на наградите, ќе бидат јавно објавени на збирна листа на веб-страницата на НЕСТЛЕ Адриатик Македонија Скопје www.nestle.mk, најдоцна 3 дена по извлекувањата на наградите. Објавата на телефонскиот број ќе биде во следниот формат: 07Х 111 1XX, со цел да се заштити идентитетот на добитниците на наградите. Добитниците на награди со самото учество во наградната игра се согласни доколку бидат извлечени за некоја од 4 награди, нивниот телефонски број (без последните 2 броја од телефонскиот број) да биде јавно објавен на интернет страница www.nestle.mk.
Член 10. НАЧИН НА ПОДИГАЊЕ НА НАГРАДАТА:
Секој добитник на награда,ќе биде исконтактиран од одговорно лице од Организаторот на наградната игра. Откако ќе се увиди дека ги исполнува условите за да ја добие наградата, во зависност од неговите можности и преференци ќе има можност да ја добие истата во рок од 60 дена по објавувањето на добитниците на на еден од следните два начина:
Првиот начин е лично да ја подигне наградата во просториите на Организаторот на ул. „Наум Наумовски – Борче“ бр. 40, кат 4, 1000 Скопје во периодот од 10 до 16ч. секој работен ден од понеделник до петок, со задолжително приложување на оригиналниот примерок на фискалната сметка за купените производи како услов да ја добие наградата.
Вториот начин е наградата да биде доставена на домашна адреса со курирска служба. Доколку добитникот одлучи наградата да ја добие на домашна адреса ќе има обврска претходно по електронски пат на е-маил адресата о[email protected] да достави скениран примерок од фискалната сметка а при примопредавање добитникот мора да ја предаде оригинална фискална сметка за купените производи како услов за да ја добие наградата. Во спротивно, курирската служба ќе има право да одбие да му ја предаде наградата. Трошокот за достава на наградите по курирска служба ќе биде на терет на Организаторот. Добитникот кој го избрал овој начин за достава, ќе биде контактиран од оператор ангажиран од Организаторот, на телефонскиот број преку кој е регистриран за учество. Податоците кои добитникот треба да ги достави се име, презиме и адреса со цел истата да може да му се достави. Целта на користење и пренос на податоци од страна на Операторот и на курирската служба е исклучително да помогне во спроведувањето и во администрирањето на учеството во наградната игра, односно заради идентификација на лицето, проверка на правото за учество во наградната игра и за доделување на наградата, преку увид во личната карта на добитниците. Со ова добитникот е согласен податоците за испорака (име, презиме, улица, број и град), односно овие лични податоци да бидат пренесени до операторот за контакт ангажиран од Организаторот. За наградите за кои ќе биде потребна достава од курирска служба, добитникот е согласен Организаторот да ги пренесе следниве податоци за добитникот: име, презиме и адреса за достава и телефонскиот број со кој се регистрирал учесникот, со цел курирската служба да ја достави наградата непречено.
Сите добитници ќе добијат потврда за добивка подготвена и заверена од Организаторот на наградната игра ЕПП Комјуникејшенс ДОО Скопје. Во потврдата ќе бидат наведени личните податоци (име и презиме) на добитникот на наградата и видот на наградата. Личните податоци од потрошувачите, ќе бидат земени само со цел издавање официјална потврда за добивка на добитниците. Потврдите за добивка ќе бидат доставени лично или од страна на курирска служба во зависност од тоа кој начин на достава на наградата добитникот ќе го одбере.
Сите потврди за добивка кои ќе бидат издадени за времетраењето на играта и во кои потрошувачите ќе внесат свои лични податоци т.е. единствено име и презиме, ќе бидат чувани во просториите на Организаторот ЕПП Комјуникејшенс ДОО ул. „Наум Наумовски- Борче“ бр. 40, кат 4, 1000 Скопје, најмногу 6 месеци по завршувањето на наградната игра.
Член 11. ПРАВО НА ПРИГОВОР
Играчот има право да поднесе писмен приговор до Организаторот на наградната игра во рок од 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавување на резултатите. Организаторот има обврска писмено да одговори на приговорот на играчот во рок 5 (пет) работни дена сметано од денот на добивањето.
Член 12. ГРЕШКИ
Во случај на печатни грешки во рекламните материјали Организаторот нема да се смета за одговорни.
Член 13. ОДГОВОРНОСТ
- Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на Организаторот (ЕПП Комјуникејшенс ДОО Скопје)
- Организаторот ќе биде исклучиво одговорен за целокупната и реализација на на наградната игра, односно до подигнувањето на наградите или најдоцна до 60 дена од денот на објавувањето на добитниците.
- Со плаќањето на персоналниот данок на доход и преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на Организаторот на наградната игра спрема добитниците.
- Организаторот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградата.
- Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик.
- Со самото учество во наградната игра учесникот се согласува, доколку биде извлечен за некоја од наградите, да биде објавен телефонскиот број (без последните две цифри) од кој е испратена пораката по пат на СМС на веб страницата www.nestle.mk.
- Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда доколку потроши поголема сума на пари.
- Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки врзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.
- Во случај на објективна неможност за искористување на наградите поради настани кои се надвор од влијание на Организаторот и/или добитниците, елементарни непогоди, прогласување на епидемии и/или вонредна состојба или слично, на добитниците ќе им биде исплатена сумата во вредост на освоената награда со вклучени законски давачки на нивната трансакциска сметка.
Член 14. СОГЛАСНОСТ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Добитниците на награда се согласни при подигањето на наградата, до Организаторот да ги достават следните податоци: име, презиме, телефонски број за контакт и фискалната сметка чии податоци се испратени на СМС пораката која е извлечена како добитник. Исто така, секој од добитниците е согласен при подигање на наградата да се изврши увид во неговата лична карта, со цел утврдување на правото на учество во наградната игра, односно дали лицето е полнолетно. Во овој случај, прибавените лични податоци ќе се чуваат 3 (три) месеци по завршувањето на наградната игра. По завршување на наградната игра, личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на Организаторот и нема да се обработуваат за други цели.
Добитниците на 4-те нaгради се согласни при подигањето на наградата до Организаторот да ги достават следните податоци: име, презиме, единствен матичен број, телефонски број за контакт и фискалната сметка чии податоци се испратени на СМС. Во однос на пораката која е извлечена како добитник се согласни и да се изврши увид во нивата лична карта, со цел нивна идентификација и утврдување на правото на учество во наградната игра, односно дали лицата се полнолетни. Организаторот овие лични податоци ќе ги употреби единствено со цел плаќање на данокот на доход и за таа цел заедно со името, презимето и матичниот број на добитникот ќе ги достави на надлежната даночна управа. Во овој случај, личните податоци прибавени од добитниците на наградите, ќе се чуваат 6 (шест) месеци по завршувањето на наградната игра. По завршување на наградната игра, личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на Организаторот и нема да се обработуваат за други цели.
Целта на користење и преносот на личните податоци од страна на Организаторот е спроведување и администрирање на наградната игра.
Дадената писмена согласност од добитниците за користење на личните податоци од страна на Организаторот добитникот има право да ја отповика во секој момент, со доставување на барање, врз основа на која личните податоци ќе се исклучат од понатамошното користење.
Доколку добитниците не ги достават наведените податоци на Организаторот и/или не се полнолетни, наградата нема да биде доделена.
Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на наградната игра и тоа поради идентификација на добитникот, поради проверка на правото за учество во наградната игра и за доделување на наградата и вршењето увид во личната карта е потребно за да се утврди правото на учество во наградната игра.
Од страна на ЕПП Комјуникејшнс ДОО Скопје, и НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ ќе бидат определени лица овластени за обработка на личните податоци поврзани со реализацијата на оваа наградна игра. Овластените лица своерачно ќе потпишат и Изјава за тајност и заштита на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци.
Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку тоа e потребно за изведување на наградната игра согласно закон.
Организаторот на наградната игра се обврзува дека личните податоци ќе ги обработува и чува во период од 6 месеци по завршувањето на наградната игра и дека во овој период ќе применува технички и организациски мерки кои ќе обезбедуваат соодветен степен на тајност и заштита на лични податоци на субјектите на лични податоци. По истекот на рокот за чување на личните податоци, Организаторот ќе ги уништи согласно неговите процедури за уништување документи, а според прописите за заштита на лични податоци.
Пренос на личните податоци во трета земја или меѓународна организација може да се изврши кога Агенцијата ќе процени дека третата земја или меѓународна организација обезбедува соодветно ниво на заштита односно кога ќе оцени дека контролорот и обработувачот имаат обезбедено соодветни заштитни мерки, а во случај пронос на лични податоци во земја членка на Европска унија, односно земја членка на Европскиот економски простор, контролорот или обработувачот е должен да ја извести Агенцијата.
ПРАВА НА ПРИСТАП, ИСПРАВКА, БРИШЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Доколку личните податоци кои учесниците ги имаат наведено заради учество во наградната игра се неточни или нецелосни, имаат право од Друштво за маркетинг и пропаганда ЕПП КОМЈУНИКЕЈШЕНС ДОО Скопје да побарате истите да бидат исправени. Барањето за исправка на личните податоци можат да го извршат преку доставување на барање за исправка на личните податоци по пошта на следната адреса: „ул. Наум Наумовски Борче бр.40, кат 4, 1000 Скопје“ со назнака “за Офицерот за заштита на лични податоци” или преку следната електронска адреса: [email protected]. Друштво за маркетинг и пропаганда ЕПП КОМЈУНИКЕЈШЕНС ДОО Скопје ќе постапи по доставеното барање за исправка на личните податоци во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. Доколку учесниците во наградната игра сакаат нивните лични податоци да бидат избришани, односно да го искористат правото „да бидат заборавени“ согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци, истото може да се направи со доставување на барање за бришење на лични податоци, по пошта на следната адреса: „ ул. Наум Наумовски Борче бр.40, кат 4, 1000 Скопје“ со назнака “за Офицерот за заштита на лични податоци” или преку следната електронска адреса [email protected]. Барањето за бришење на лични податоци може да се достави доколку:
1) личните податоци повеќе не се потребни за спроведување/ организирање на наградната игра;
2) При повлекување на согласноста за правилата на наградна игра и обработка на личните податоци;
3) При поднесување на приговор на обработката на личните податоци, при што не постојат преовладувачки легитимни цели за обработката од страна на Друштво за маркетинг и пропаганда ЕПП КОМЈУНИКЕЈШЕНС ДОО Скопје.
Обработката на личните податоци може да се ограничи по претходно барање со доставување на барање за ограничување на обработката на личните податоци, по пошта на следната адреса: „ ул. Наум Наумовски Борче бр.40, кат 4, 1000 Скопје“ со назнака “за Офицерот за заштита на лични податоци” или преку следната електронска адреса [email protected] доколку е исполнет некој од следните услови:
- доколку се оспорува точноста на личните податоци, за период кој му овозможува на Друштво за маркетинг и пропаганда ЕПП КОМЈУНИКЕЈШЕНС ДОО Скопје да ја провери точноста на личните податоци;
- обработката е незаконска и учесникот се спротивставува на бришењето на личните податоци, при што наместо бришење бара ограничување на нивната употреба;
- Друштво за маркетинг и пропаганда ЕПП КОМЈУНИКЕЈШЕНС ДОО Скопје нема повеќе потреба од личните податоци за целите на обработка, но учесникот ги бара со цел за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања.
Доколку учесникот смета дека обработката на неговите лични податоци за цел на спроведување/организирање на наградната игра од страна на Друштво за маркетинг и пропаганда ЕПП КОМЈУНИКЕЈШЕНС ДОО Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое негово право за заштита на личните податоци, може да се обрати до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија, како и за заштита на темелните права и слободи на физичките лица во однос на обработката на нивните лични податоци.
Член 15. ПРЕКИНУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, согласно чл.8 од Законот за игри на среќа и забавни игри, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја. Во овој случај, Организаторот, по известувањето и добиената согласност од Министерството за финансии, треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување преку соопштение во медиумите.
Член 16. РОКОТ ЗА ПОДИГАЊЕ НА НАГРАДАТА
Најдоцна 60 дена сметано од денот на објавувањето на збирната листа на добитници на веб-страницата на Нестле Адриатик Македонија - www.nestle.mk.
Член 17. ПОТЕНЦИЈАЛНИ СПОРОВИ
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра, надлежни се соодветните стварно и месно надлежни судови во Скопје.
Член 18. ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА:
Во наградната игра не можат да учествуваат вработените на Организаторот ЕПП Комјуникејшнс ДОО Скопје, НТХ МЕДИА ДОО Скопје, вработените во НЕСТЛЕ Адриатик Македонија и вработените кај овластениот дистрибутер на НЕСТЛЕ - АЛМА-М дооел, како и членовите на нивните со поблиски семејства.
Член 19. НАЧИН НА ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРАТА:
Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат сè до завршувањето на наградната игра. Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.
Правилата на наградната игра ќе бидат објавени на веб страницата на Нестле Адриатик Македонија - www.nestle.mk пред започнување на наградната игра, односно по добивањето согласност за приредување на наградна игра од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Воедно, потрошувачите ќе можат сите информации да ги добијат на на тел. 072 213 449 секој работен ден од 9 до 17ч.,од печатениот промотивен материјал кој ќе биде достапен на продажните места на кои ќе се организира наградната игра, од промотивните најави на социјалните мрежи и дигиталните медиуми.
Управител,
Мишко Ѓошев
Добитници од извлекувањето на наградите одржано на 4.1.2023 од наградната игра ,,ГОТВИ СО ЉУБОВ,ГОТВИ ЗА ЉУБОВ'' организирана во продажниот ланец ВЕРОПОЛУС
Ред. Број | Телефонски број | Број на фискална сметка | Тип на награда |
1 | 07X 262 5XX | #251 | AirFryer TEFAL EY501815 EasyFry&Grill |
2 | 07X 375 3XX | #0197 | AirFryer TEFAL EY501815 EasyFry&Grill |
3 | 07X 331 2XX | #0289438 | AirFryer TEFAL EY501815 EasyFry&Grill |
4 | 07X 614 0XX | #0346 | AirFryer TEFAL EY501815 EasyFry&Grill |