На компанијата Nestlé и е врачена награда од Меѓународниот институт за вода од Стокхолм
Меѓународниот институт за индустриска вода од Стокхолм, кој е организатор на седмодневниот настан по повод обележувањето на Светската недела на водата одржан во главниот град на Шведска, и додели престижна награда на компанијата Nestlé. Наградата официјално му беше врачена на претседателот на компанијата Nestlé, Петер Брабек – Лемате .
Наградата е признание на компанијата Nestlé за сите досегашни напори како и за постигнатите резултати во подрачјето на ефикасното управување со водата како намалувањето на потрошувачката на вода од повеќе од 5 литри по продаден долар на помалку од 1,4 литри. Nestlé планира да ја намали потрошувачката на вода за уште 10 -15% во наредните пет години.
Покрај признанието за лидерство, достигнувања и напори да се унапреди процесот на управување со водите во својот синџир на снабдување, награда претставува и признанието за ефикасно работење на компанијата Nestlé и соработката со снабдувачите. Nestlé вработува 1.000 агрономи и стручњаци за вода кои работат и им даваат директна помош на земјоделците во намалувањето на потрошувачката на вода, го зголемуваат приносот од жетвите и го сведуваат загадувањето на водата на најниско ниво.
По повод примањето на наградата, Господин Брабек-Лемат го изјави следново: „Во текот на изминатите години, одлучно работевме на прашањето за водата како највреднен природен ресурс. Исто така тежнеевме кон тоа да ја користиме водата што е можно поефикасно во нашите секојдневни деловни напори да обезбедиме квалитетна храна на патот од нивата до трпезата. Тоа што оваа година наградата и е доделена на компанијата Nestlé не само што е огромна чест, туку е и повик да бидеме се попосветени на ова прашање и да наставиме да инвестираме напори за зачувување на водата, бидејќи ова е од исклучително значење за општеството. Грижата за водата е грижа за животот.“
Петер Фросман, претседател на Стокхолмската фондација за вода и Ларс Гунарсон, претседател на Наградниот комитет ја пофалија компанијата Nestlé за добиената награда и го истакнаа значењето на улогата која ја има деловниот сектор во решавањето на проблемите кои се однесуваат на водата.
Стокхолмската награда за индустриската вода ги препознава и ги охрабрува иновациите и лидерството во оддржливиот развој во секторот за вода.
Наградата беше воспоставена уште во 2000та година во соработка со Кралевската академија на технички науки на Шведска и Светскиот деловен совет за оддржлив развој, а се доделува на деловните и индустриските сектори кои ја унапредуваат глобалната иницијатива за вода. Нејзината цел е да обезбеди единствен форум за стручњаци, практичари, одлучувачи и лидери од целиот свет, на кој ќе може да се разменуваат идеи, да се негува нов начин на размислување и да се развиваат решенија. Овогодишната тема беше „Водата во урбанизираниот свет“ .
За дополнителни информации контактирајте го следново лице:
Вања Бобиќ
Корпоративни комуникации - Nestlé Адриатик д.о.о.
Телефон: +381 (11) 20 19 304
Мобилен: +381 64 866 54 16
Е-пошта: [email protected]