Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Sort by
Sort by

Спортска опрема за градинки и училишта во Велес

Спортска опрема за градинки и училишта
Back to Press releases

Велес, Северна Македонија, 22 септември 2022 – Како oвогодишен партнер на Европската недела на мобилност, компанијата Nestlé Maкедонија ги опреми со спортски реквизити филијалите на градинката „Димче Mирчев“ како и сите основни и средни училишта во Oпштина Велес.

„Велес оваа година по десети пат организираше седумдневни активности со што ја одбележа Европската недела на мобилност. Активностите ги започнавме во Градскиот парк во Велес, на полигонот за велосипеди, каде спортувавме заедно со најмладите, децата од ОЈУДГ “Димче Мирчев”. Изразувам посебна благодарност до „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија” што несебично се вклучија и позитивно одговорија на нашето барање за донација на спортски реквизити и велосипеди наменети за образовните институции во градот, со што, уште еднаш потврдија дека се општествено одговорна компанија“, изјави Maрко Колев, Градоначалник на градот Велес.

Грижата за здравјето и животната средина се на листата на приоритети на компанијата Nestlé, а глобалниот проект Nestlé for Healthier Kids ги обединува сите наши напори за поддршка на родителите на нивниот патување за едукација на децата за важноста на здравите навики. Нашата амбиција е да им помогнеме на 50 милиони деца да водат поздрав живот до 2030 година.

„Важен дел од здравиот животен стил е физичката активност, а знаеме дека децата овие навики ги формираат од мали нозе – во градинка и во училиште. Затоа задоволство нѝ е, сите училишни сали во Велес да ги опремиме со спортски реквизити како што се топки, рекети, јажиња и друго, за часовите по физичко воспитување и воннаставни активности, a веруваме дека со донацијата на велосипеди и тротинети ја поттикнуваме употребата на алтернативни превозни средства“, рече Mилица Милановиќ, менаџер на корпоративни работи на компанијата Nestlé.

Преку промоцијата на училишниот спорт Nestlé сака да ги поддржи и образовните институции во воспоставување на темелите за здрав развој на идните генерации. Па така низ едукативните и спортски активности на компаниајта Nestlé на територија на јужниот Адријатик во изминативе 12 години поминаа повеќе од 120.000 ученици и нивните родители, кои стекнаа основни знаења како за важноста на физичката активност, така и за правилната комбинација на намирниците.