• Вкупната продажба изнесуваше 91,4 милијарди швајцарски франци, што е намалување од 1,8 отсто во однос на 2023 година, вклучително и негативното влијание на движењата на девизниот курс од 3,7 отсто и нето дезинвестирање од 0,3 отсто;
• Oрганскиот раст постигна 2,2 отсто, со реален интерен раст (RIG) oд 0,8 отсто и со раст на цените од 1,5 отсто;
• Oсновната маржа на оперативна добивка изнесува 17,2 отсто;
• Oсновната заработа по акција во постојана валута се зголеми за 2,5 отсто;
• Слободниот паричен тек се зголеми на 10,7 милијарди швајцарски франци;
• Одборот предлага зголемување на дивидендите по акција на 3,05 швајцарски франци;
• Изгледи за 2025 година: се очекува органската продажба да биде поголема во споредба со 2024 година, како и основната маржа на оперативна добивка да достигне најмалку 16 отсто со инвестиции во раст.
Белград, 13 февруари 2025 година – Nestlé, најголема светска компанија за производство на храна и пијалоци, ги објави деловните резултати зa 2024 година. Во таа прилика, Лоран Фрекс, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:
„Во макроекономскиот контекст исполнет со доста предизвиции и намалена побарувачка, постигнавме добри резултати во 2024 година во согласност со најновите планови. Ние имаме јасен план за следната патека за подобрување на резултатите и промените. Клучен елемент на нашиот план е зголемената инвестиција во стимулирање на растот. Ова вклучува понуда на супериорен вкус и квалитет на производите со неприкосновена вредност, проширување на нашите водечки платформи и брендови, како и забрзано воведување на иновативните производи и работа на категориите кои не ги постигнале очекуваните резултати. Основа за овие инвестиции за раст е нашата нова тригодишна програма за заштеда на трошоци од 2,5 милијарди швајцарски франци. Добро напредуваме и веќе постигнавме заштеда од 300 милиони швајцарски франци за 2025 година. И покрај макроекономската неизвесност, пред нас се бројни можности, а имаме и стратегија, ресурси и луѓе тоа и да го оствариме.”
Nestlé Србијa
Во текот на 2024 година и Србија забележа позитивен органски раст од 2,1 отсто.
„Минатата година беше предизвик за бизнисот, најмногу поради порастот на цените на суровините, но и покрај тоа, нашиот тим покажа голема одговорност, знаење и труд, што се гледа преку органскиот раст од 3 проценти во регионот на Јужен Адријатик (Србија, Црна Гора, Северна Македонија). За растот најмногу придонесоа категориите од локално произведените производи (Thomy, Maggi, C, Garden Gourmet), потоа кондиторските, како и асортиманот на Nestlé Professional брендот. Без разлика на ситуацијата, ние ја прифаќаме нашата улога бескопромисно да ги поддржуваме ранливите популации, а донираните производи на Nestlé во банките за храна минатата година постигнаа речиси 30 милиони динари. Одржливоста на работењето е високо на нашата агенда, а во најголемиот проект за спроведување на практиките за регенеративно земјоделство кај нашите добавувачи инвестирани се 1,8 милиони швајцарски франци“, рече Марјана Давидовиќ, генерална директорка на Nestlé Србија, Црна Гора и Северна Македонија.
Продажба на ниво на Група
Најголем раст е постигнат во категориите кафе, кондиторски производи како и производи за домашни миленици, а гледано по региони, пазарите во развој и Европа беа лидери. Кафето најмногу придонесе за растот со среден едноцифрен пораст. Продажбата на кондиторски производи порасна со средно едноцифрена стапка. Производите за домашни миленици забележаа низок едноцифрен раст, додека продажбата на храна за бебиња порасна со ниска едноцифрена стапка.
Гледано по канали, органскиот раст во малопродажбата изнесуваше 2,1 oтсто. Oрганскиот раст на out-of-home каналот беше 3,2 oтстo. Продажбата на е-трговија органски порасна за 11,3 oтстo, достигнувајќи 18,9 oтстo од вкупната продажба на Групата.
Зона Европа
Во Европа, растот на продажбата е забележан во повеќе категории, при што клучен фактор беше зголемувањето на цените, како одраз на инфлаторната средина за кафе и кондиторски производи. Покрај тоа, дополнителен поттик даде и позитивниот реален раст во сегментите кафе и производи за домашни миленици.
Остварен е органски раст од 3,3 отсто, кој се состои од 0,8 отсто реален органски раст и 2,5 отсто зголемување на цените. Пријавената продажба е намалена за 1 отсто и изнесува 18,9 милијарди швајцарски франци.
Изгледи за 2025 година
Органскиот раст на продажбата се очекува да биде поголем во споредба со 2024 година, а основната маржа на оперативна добивка се очекува да достигне најмалку 16 проценти со инвестиции во раст.
Плановите се во согласност со претходната прогноза, при што забрзаното спроведување на ефикасноста на трошоците ги надоместува неодамнешните зголемувања на цените на клучните производи за широка потрошувачка. Прогнозата се базира на претпоставката дека ќе нема значителни промени кај клучните макроекономски показатели.