Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Sort by
Sort by

Nestlé забележа стабилен раст во првиот квартал од 2025 година

Nestlé стабилен раст во 2025
Back to Press releases

Вевеј, 24 aприл 2025 Nestléнајголема светска компанија за производство на храна и пијалоци, ги објави финансиските резултати за првиот квартал од 2025 година:

  • Oрганскиот раст на продажба постигна 2,8 oтстoсо реален внатрешен раст (РИГ) oд 0,7 отсто и со раст на цените од 2,1 отсто.
  • Вкупната продажба порасна за 2,3 отсто нa 22,6 милијарди швајцарски франци, вклучувајќи го влијанието на движењата на девизниот курс од -0,5 отсто инето аквизиција од 0,1 отсто.
  • Изгледи за 2025 година: во текот на годината се очекува повисок органски раст во споредба со 2024 година бидејќи продолжуваме да ги остваруваме своите планови за раст.  

Во врска со овие финансиски резултати Лоран Фрекс, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави

Во услови на зголемена макроекономска и потрошувачка неизвесност, Nestlé оствари органски раст на продажбата од 2,8 отсто, со реален внатрешен раст од 0,7 отсто и со раст на цените од 2,1 отсто. Во првиот квартал се остварени резултати во согласност со нашите очекувања, а насоките за 2025 година остануваат непроменети. Тие се засноваат на нашата проценка за директното влијание на важечките тарифи и нашата способност за прилагодување. Нашите 277.000 посветени колеги работат на успешно имплементирање на стратегијата, која подразбира поттикнување на ефикасноста и инвестирањето во развој со цел раст по категории и поголем удел на пазарот.“

Продажба на ниво на Група 

По категорија производи, најголем придонес за органскиот раст имаа кондиторски производи и кафе. Oвој раст се заснова на зголемување на цените, со двоцифрен раст на некои пазари

Гледано по канали, органскиот раст во малопродажбата изнесува 2,5 отсто. Oрганскиот раст на out-of-home каналот изнесува 6,6 отсто. Продажбата на е-трговија органски порасна за 15,1 отсто, постигнувајќи 20,1 отсто од вкупната продажба на Групата. 

Зона Европа 

Растот во Зона Европа се заснова на различни пазари и бројни категории, во моментално нестабилното потрошувачко опкружување.                                                                                                                                              

Oрганскиот раст изнесува 2,4 отстовклучувајќи и РИГ од -0,6 отсто и зголемување на цените од3 отсто. Oстварената продажба се зголеми за 2,5 отсто, вклучувајќи го и влијанието на движењата на девизниот курс од 0,2 отсто.

Изгледи за 2025 година

Во текот на 2025 година, се очекува повисок органски раст во споредба со 2024 година. Насоките за оваа година остануваат непроменети, земајќи го предвид ограниченото директно влијание на тековните тарифи, како и способноста на компанијата ефективно да им се прилагоди на пазарните услови.