Sort by
Sort by

Nestlé ги објави финансиските резултати за 2020 година

По тој повод, Марк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé изјави дека годината зад нас беше тешка за многумина, но и дека е инспириран од начинот на кој се обединја голем број луѓе.

Back to Press releases
nestle central
  • Oрганскиот раст достигна 3,6% и раст на цените од 0.4%
  • Maргината на oсновниот трговски профит достигна 17,7%, додека трговскиот оперативен профит бележи раст на 16,9%
  • Паричните текови изнесуваат 10,2 милијарди швајцарски франци
  • Повратот на инвестираниот капитал се зголеми на 14,8%
  • Oдборот предложи зголемување на дивидендата за пет центи, нa 2,75 швајцарски франци по акција, а ова е 26 година со последователен раст на дивидендата. Вкупно, 14,5 милијарди швајцарски франци вратени им се на акционерите во текот на 2020 година
  • Изгледите за 2021 година предвидуваат континуирано зголемување на органскиот раст

Компанијата Nestlé ги објави финансиските резултати зa 2020 година. По тој повод, Марк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé изјави дека годината зад нас беше тешка за многумина, но и дека е инспириран од начинот на кој се обединја голем број луѓе.  

Сакам да им се заблагодарам на нашите вработени и на партнерите – од земјоделците до продавачите – кои работеа со нас на снабдувањето со храна и пијалаци за заедниците низ целиот свет. Веќе трета година по ред бележиме поголем органски раст, профитабилност и поврат на вложениот капитал. Пандемијата не нè забави. Нашата стручност во нутриционизмот, дигиталните способности, децентрализираната структура и силните иновации ни помогнаа да се прилагодиме на однесувањето на потрошувачите кои значително се променија. Ние го подобривме нашето портфолио и продолживме да ги развиваме сите сегменти. Во исто време остануваме фокусирани на одржливоста и поставивме цели како би постигнале нето-нулта емисија на гасови кои произведуваат ефект на стаклена градина до 2050 година. Oчекуваме овие цели да придонесат за растот и да не носат нови приходи, туку вредност за општеството и нашите акционери. Гледајќи во 2021 година, очекуваме да продолжиме со зголемувањето на органскиот раст, профитабилноста и ефикасноста на капиталот во согласност со нашиот модел за создавање на вредност“, рече Шнајдер.

Органскиот раст достигна 3,6% во 2020 година, што e највисоко ниво во последнива пет години, a повратот на инвестираното порасна на 3,2%. Цените придонесоа со 0,4% раст, најмногу на пазарите во развој.
Гледајќи по категориите производи, најголем придонес даде
Purina PetCare, додека млечните производи забележаа висок едноцифрен раст врз основа на зголемената потреба за производи за готвење дома и попристапна цена на млекото. Кафето рестеше едноцифрено благодарение на големата побарувачка за брендовите како што се Starbucks, Nespresso и Nescafé.

Свој преглед на работењето на компанијата во 2020 година, даде и Maријана Давидовиќ, генерална директорка на Nestlé Adriatik за јужниот регион (Србија, Црна Гора, Северна Македонија).

И покрај пандемијата, Nestlé глобално бележи успешна деловна година. Покрај тоа, и што е најважно, компанијата успеа да обезбеди континуирано производство и безбедност на нашите вработени и на нашите пертнери. На локално ниво растеме уште побрзо, со што дополнително го зголемивме нашиот придонес како кон локалната заедница, така и кон самата компанија. Ваквите резултати ги остваруваме првенствено благодарение на силниот тим вработени и на нивната посветеност и солидарност, која се покажа како клучен фактор во годината на криза. Сакам да им се заблагодарам на сите на големиот труд кој беше потребен за да се усвои новиот начин на работа од дома и адаптација на виртуелната комуникација, но и почитување на исклучително строги мерки за заштита на работата кога се работи за нашите вработени во фабриките, магацинот и на терен. Нашето разнолико и силно портфолио покажа значителна отпорност за време на пандемијата, а лидерската позиција во многуте категории на локалниот пазар значително ни го олесни патот до потрошувачите и одговори на промените на нивните потреби. Дополнително сме горди на фактот што им помогнавме на нашите лекари и граѓани со донации на производи и медицинска опрема во вредност од над 11 милиони динари “, рече Давидовиќ.

На ниво на целата компанија, ефектите од пандемијата COVID-19 беа различни во зависност од категоријата и продажниот канал. Во однос на категориите, побарувачката за производи за домаќинството, сигурните брендови и производите со нутритивни придобивки се зголеми, додека продажбата на слатки и вода се намали, а кога станува збор за продажните канали, малопродажбата забележа висок едноцифрен органски раст, за што најмногу придонесува трендот на потрошувачка во домашни услови.
Во текот на
2020 година, трошоците во врска со пандемијата изнесуваа 420 милиони швајцарски франци, вклучувајќи ги и трошоците за бонуси исплатени на работниците, безбедносните протоколи за вработените и донации.

Продажбата преку online каналите порасна за 48,4%, достигнувајќи 12,8% од вкупната продажба, додека основниот оперативен профит от тргувањето се намалил за 8,3% те. на 14,9 милијарди швајцарски франци. Зголемувањето на маржата поддржано е од структурното намалување на трошоците, управувањето со портфолијата и пониските маркетинг трошоци.
Нето финансиските расходи се намалија за
14%
нa 874 милиони швајцарски франци, што е одраз на намалување на просечниот нето долг и неговата пониска цена. Нето добивката се намали за 3%, нa 12,2 милијарди швајцарски франци, додека маржата на нето добивката порасна на 14,5%. Oсновната заработка по акција се зголеми за 3,5% во странска валута и се намали за 4,5% на пријавена основа на 4,21 швајцарски франк. Заработката по акција е непроменета и изнесува 4,30 CHF.

Паричниот тек се намали од
11,9 нa 10,2 милијарди швајцарски франци. Намалувањето е како резултат на зголемената вредност на швајцарскиот франк кон повеќето валути и влијанието на дезинвестирање. Маржата на слободниот паричен тек намалена е на 12,1%, a се очекува слободниот паричен тек да остане на околу 12% од продажбата.

Во текот на
2020 година, Групата откупи 6,8 милијарди швајцарски франци во акции како дел од тригодишниот план за откуп на акции во вредност од 20 милијарди швајцарски франци кој започна во јануари минатата година.

Очекувањата за
2021
година имплицираат продолжение на органскиот раст, умерено подобрување на основната маржа на трговски профит, како и зголемување на заработката по акција во постојана валута и ефикасност на капиталот.