На глобално ниво, реалниот внатрешен раст (RIG) изнесува 0,6 oтстo, со органски раст на продажба од 3,3 oтстo.
Филип Навратил, извршен директор на компанијата Nestlé, го истакна фокусот на растот воден од RIG и побрзата алокација на ресурсите, со зголемување на целта за заштеда на 3,0 милијарди CHF до крајот на 2027 година
Вевеј, 16 oктомври 2025 година – Компанијата Nestlé, глобален лидер во прехранбената индустрија, ги објави своите деловни резултати за третиот квартал од 2025 година:
Oрганскиот раст на глобално ниво изнесува 3,3 отсто во првите девет месеци, со реален внатрешен раст(RIG) 0,6 отсто и раст на цените 2,8 отсто. Во третиот квартал забележано е понатамошно зголемување на – oрганскиот раст од 4,3 отсто и реален внатрешен раст од 1,5 отсто, со подобрувања во сите поголеми категории.
Вкупната продажба изнесува 65,9 милијарди швајцарски франци, што претставува намалување од 1,9 отсто. Курсните разлики ја намалија продажбата за 5,4 отсто, додека нето аквизициите придонесоа со +0,1 отсто.
Изгледите за 2025 година предвидуваат понатамошен напредок во органскиот раст во споредба со 2024 година. Се очекува основната оперативна профитна маржа (UTOP) да изнесува најмалку 16 отсто, со континуирани инвестиции во растот.
Анализирајќи ги деловните резултати за првите три квартали од 2025 година, извршниот директор на компанијата Nestlé, Филип Навратил, изјави: „Поттикнувањето на раст заснован на реален внатрешен раст (RIG) е нашиот главен приоритет. Ги зголемивме инвестициите за да го постигнеме тоа, а резултатите веќе почнуваат да се покажуваат. Сега мора да направиме повеќе и да дејствуваме побрзо за дополнително да ја забрзаме динамиката на нашиот раст. Како што Nestlé продолжува да напредува, ќе останеме доследни во пристапот кон распределбата на ресурсите — давајќи приоритет на можностите и деловните сегменти со најголем потенцијал за поврат. Продолжуваме да негуваме корпоративна култура заснована на резултати, која не прифаќа губење на пазарното учество и во која успехот се наградува.
Светот се менува, а Nestlé мора да се менува побрзо. Тоа ќе подразбира носење на тешки, но неопходни одлуки за намалување на бројот на вработени во текот на следните две години. Тоа ќе го спроведеме со почит и целосна транспарентност. Покрај другите мерки, работиме на значително намалување на трошоците, а денес ја зголемуваме нашата цел за заштеди на 3 милијарди швајцарски франци до крајот на 2027 година.“
Неодамна назначениот директор на компанијата нагласи дека во понатамошната работа ќе се потпираат на посветеноста и експертизата на тимот на Nestlé, со цел дополнително зајакнување на односите со потрошувачите, забрзување на иновациите и подобрување на сите категории на производи. Во извештајот се наведува дека е планирано глобално намалување на бојот на вработените од околу 16.000 вработени во текот на следните две години, со спроведување на консултации таму каде што е применливо.
Nestlé Северна Македонија
„Во Македонија препознавме две големи страсти - храната и ракометот. Токму затоа нашиот бренд Maggi, познат по своите супи, нудли, чорби и други додатоци во исхраната, ги вкрсти своите жолто-црвени бои со македонското знаме и стана нов спонзор на Ракометната федерација на Македонија. Дека брендовите на Nestlé се едни од омилените на македонскиот пазар покажува и растот на нашите категории прехранбени производи, храна за бебиња и брендот Nestlé professional. Горди сме и на соработката со Банката за храна на Македонија, бидејќи донацијатаод нашите производи на ранливите групи ја гледаме како должност на најголемиот светски производител на храна“, изјави Марјана Давидовиќ, генерална директорка на Nestlé за Србија, Северна Македонија и Црна Гора.
Продажба на ниво на Група
Органскиот раст изнесуваше 3,3 отсто за девет месеци, со реален внатрешен раст од 0,6 отсто и раст на цените од 2,8 отсто. Географски, позитивен органски раст е забележан во сите региони, со рамнотежа на реален внатрешен раст и цени на развиените пазари и посилен раст на пазарите во развој.
По категории, најголем придонес за органскиот раст имаа кафето и кондиторските производи. Тој раст првенствено беше резултат на корекција на цените, со двоцифрени зголемувања на одредени пазари, со позитивен реален внатрешен раст, додека еластичноста беше поизразена кај кондиторските производи. Надвор од овие, повеќето категории забележаа позитивен органски раст.
По каналите, малопродажбата порасна органски за 3,1 отсто, out-of-home каналите за 6,2 отсто, додека е-трговијата порасна органски за 13,2 отсто, достигнувајќи удел од 20,2 отсто од вкупната продажба на Групата.
Зона Европа
Oрганскиот раст во Европа изнесува 4,3 отсто, со раст на цените од 3,8 отсто, додека реалниот внатрешен раст изнесуваше0,5 отсто. Во периодот најголем придонес за растот даваат категориите кафе и кондиторски производи, со реален внатрешен раст во PetCare. Oстварената продажба изнесува 12,8 милијарди швајцарски франци со негативно влијание на разликите во девизниот курс од –2,5 отсто.
Изгледи за 2025 година
Земајќи ја предвид целокупната потрошувачка средина, компанијата очекува органскиот раст на продажбата во 2025 година да биде подобар отколку во 2024 година, со маржа на оперативниот профит од или над 16 отсто и континуирано инвестирање во растот. Компанијата останува посветена на силното генерирање на слободниот паричен тек и доследно, одржливо создавање на вредности за акционерите.