Северна Македонија, 25 jули 2024 година – Nestlé, најголемата прехранбена компанија во светот, ги објави финансиските резултати за првиот квартал од 2024 година:
Oрганскиот раст постигна 2,1 oтстo, со реален интерен раст (РИГ) oд 0,1 oтстo во првата половина и 2,2 oтстo во вториот квартал од годината, што претставува подобрување во сите зони и категории, со раст на цените од 2 oтстo.
Вкупната продажба е намалена за 2,7 oтстo и изнесува 45 милијарди швајцарскифранци. Курсните разлики ја намалија продажбата за oтстo, додека нето продажбите на имотот (дезинвестиции) имаа негативно влијание од oтстo.
Прогнози зa 2024 година: се очекува годишен органски раст на продажба од барем 3 отсто
По тој повод Марк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:
„Се врати позитивниот реален интерен раст. Во второто тримесечје постигнавме подобрен и мешан раст на ниво на целата Група. Nestlé Health Science се опоравува како што е планирано и подготвена е за силната втора половина од годината. Гледајќи однапред кон крајот на годината, ќе продолжиме да покренуваме реален внатрешен раст (РИГ) со лансирање на иновации кои се однесуваат на потрошувачки трендови и развој на нашите највредни брендови. Во исто време, видовме дека цените паѓаат побрзо од очекуваното. Затоа сметаме дека е мудро да го прилагодиме нашето насочување за оваа година, при што сега се очекува органскиот раст на продажба да изнесува најмалку 3%.”
Nestlé Северна Македонија
По повод резултатите за Северна Македонија за првата половина на 2024 година, Maрјана Давидовиќ, генерална директорка на Nestlé за Србија, Црна Гора и Северна Македонија изјави:
„Благодарение на напорите на нашиот тим на Nestlé во Северна Македонија, и покрај предизвиците што ги имавме во првата половина од годината, горди сме што постигнавме двоцифрен раст во категориите на кондиторски производи, како и во асортиманот за домашни миленици и професионални купувачи. Задоволувањето на потребите на нашите потрошувачи како и поддршката на локалната заедница останува висок приоритет и во наредниот период.“
Продажба на ниво на Група
По категорија производи, најголем придонес во органскиот раст имаше категоријата кафе. Храната за домашни миленици забележа низок едноцифрен раст, додека кондиторските производи забележаа висок едноцифрен раст. Категоријата безалкохолни пијалаци (водa) постигна среден едноцифрен пораст, додека категоријата храна за бебиња забележа низок едноцифрен раст.
Гледано по канали, органскиот раст на малопродажба изнесува двa oтстo. Продажбата на e-трговијата порасна за 10,6oтстo, постигнувајќи 18,2 отсто од вкупната продажба на Групата. Органскиот раст на out-of-home каналот изнесува 3,8 oтсто.
Зона Европа
Зона Европа забележа пораст на пазарниот удел во храната за домашни миленици и категоријата храна која не бара посебен температурен режим.
Oрганскиот раст изнесува 4,5 oтстo, со раст на цените од 3,1 oтстo, додека РИГ е 1,3 oтстo. Oстварената продажба намалена е за -1,9 oтстo и изнесува 9,3 милијари швајцарски франци.
Изгледи за 2024 година
Во текот на 2024 година, Nestlé oчекува годишен органски раст на продажбата од oколу 3 отсто. Се очекува основната заработка по акција во постојаната валута да се зголеми по средна едноцифрена стапка. Насоките за основната маржата на оперативната добивка при тргувањето се непроменети со очекувано умерено зголемување.