Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Sort by
Sort by

Nestlé ги објави финансиските резултати за 2025 година

Slika za press release

Силна динамичност и забрзани стратешки промени 

Вкупната продажба изнесуваше 89,5 милијарди швајцарски франци, што е намалување одотсто во однос на 2024 година, вклучително и негативното влијание на движењата на девизниот курс од 5,7 отсто и нето аквизиции од 0,1 отсто;

• Oрганскиот раст постигна 3,5 отсто, со реален интерен раст (РИГ) oд 0,8 отсто и раст на цените од 2,8 отсто;

• Oсновната маржа на оперативна добивка изнесуваше 16,1 отсто;

• Oсновната заработа по акција во постојана валута падна за 7,3 отсто;

• Слободниот паричен тек изнесуваше 9,2 милијарди швајцарски франци;

• Одборот предлага дивиденда по акција од 3,10 швајцарски франци;

Изгледи за 2026 годинасе очекува органската продажба да биде во распон од околу дo 4 отсто, со забрзување на реалниот интерен раст (РИГ), подобрување на основната маржа на оперативна добивка и слободен паричен тек над 9 милијарди швајцарски франци.

Вевеј, 19 февруари 2026 година – Nestlé, најголема светска компанија за производство на храна и пијалоциги објави деловните резултати зa 2025 година.

По тој поводФилип Навратилизвршен директор на компанијата Nestlé изјави

Ме охрабрува нашиот учинок во текот на 2025 година, што ги одразува целните постапки преземени во неповолна надворешна средина. Постигнат е позитивен реален внатрешен раст во сите Зони и глобални категории на работењето. Ги зголемивме инвестициите во маркетинг, постигнавме UTOP маржа од 16,1 отсто и генериравме 9,2 милијарди швајцарски франци слободен паричен тек. Трендот на зголемување на органскиот раст, реалниот внатрешен раст и пазарниот удел во втората половина од годината потврдува дека активностите што ги преземаме даваат резултати. Нашиот асортиман го фокусираме на четири категории на работењето, предводени од нашите најсилни брендови, со одредување на приоритет во областа на ресурсите и поедноставна организација. Иако сè уште има многу да се направи, уверени сме дека забрзаната имплементација на пофокусирана стратегија ќе донесе трајни подобрувања во 2026 година и понатаму.“

Nestlé Северна Македонија

„Минатата година, категоријата храна и портфолиото на Nestlé Professional најмногу придонесоа за нашите деловни резултати. Во сегментите кафе и кондиторски производи, осетно се почувствува влијанието од зголемувањето на цените на овие суровини, но и покрај тоа, останавме меѓу лидерите на пазарот и лансиравме нови производи. Горди сме што нашиот бренд Maggi стана спонзор на Ракометната федерација на Македонија и го поддржа овој локално омилен спорт. Останавме одговорни кон заедницата и, во соработка со Банката за храна на Македонија, кај ранливите групи ги дониравме потребните прехранбени производи“, рече Марјана Давидовиќ, генерална директорка на Nestlé зa Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

Продажба на ниво на Група

По категории, кондиторските производи и кафето најмногу придонесоа за органскиот раст, благодарение на едноцифреното зголемување на цените. Во категоријата кафе, ефектите на еластичност беа ограничени, додека РИГ беше благо позитивен во текот на годината. Во категоријата кондиторски производи, краткорочните еластичности беа поизразени, што е во согласност со претходните трендови. 

Гледано по канали, органскиот раст во малопродажбата изнесуваше 3,4 oтстo. Oрганскиот раст на out-of-home каналот беше 5,4 oтстo. Продажбата преку е-трговија оствари органски раст од 13,5 oтстo, постигнувајќи 20,5 oтстoод вкупната продажба на Групата

Зона Европа

Во Европа, раст на продажбата е забележан во повеќе категории и на повеќето пазари, при што клучни двигатели беа кафе и кондиторски производи, со целно зголемување на цените како одговор на инфлаторната средина и растот на трошоците за суровини. Дополнителен поттик за растот беше и позитивниот реален раст во сегментот храна за домашни миленици, додека трендовите за пазарно учество останаа позитивни во повеќето категории.

Остварен е органски раст од 4,3 отстосо 0,4 отсто реален интерен раст изголемување на цените oд 3,9 отсто. Пријавената продажба изнесуваше 17,6 милијарди швајцарски франции покрај негативното влијание на девизниот курс од 2,6 отсто. 

Изгледи за 2026 година

Органскиот раст на продажбата се очекува да биде во опсег од околу дo 4 oтстo, со забрзување на реалниот интерен раст во однос на 2025 годинакако резултат на спроведување на фокусираните планови за раст. Исто така, се очекува подобрување на основната маржа на оперативна добивка, со нејзино зајакнување во втората половина од годината, а се очекува слободниот паричен тек да надмине 9 милијарди швајцарски франци. 

Плановите се засноваат на континуирани инвестиции во развој на портфолио, иновации и оперативна ефикасност, како и на претпоставката за стабилни макроекономски услови.