Северна Македонија, 17 oктомври 2024 година – Nestlé, најголемата прехрамбена компанија на светот, ги објави финансиските резултати за третиот квартал на 2024 година:
Глобалниот органски раст изнесува 2oтстo во првите девет месеци, со позитивен реален внатрешен раст (RIG) oд 0,5oтстo во контекст на намалената побарувачка и преземени мерки за намалување на залихи во третиот квартал.
Вкупната продажба постигна 67,1 милијарди швајцарски франци, што е намалување од 2,4 oтстo.Курсните разлики ја намалија продажбата зa 4,1 oтстo, a нето продажба на средства (деинвестиции) за 0,3 oтстo.
Изгледи зa 2024 се дека органскиот раст од продажбата до крајот на годината ќе остане на околу 2 отсто. Се очекува основната оперативна профитна маржа за тргување да изнесува 17 проценти, а основната заработка по акција во постојана валута се очекува да остане воглавно непроменета.
Aнализирајќи ги деловните резултати за првите три квартали од 2024 година, новиот извршен директор на компанијата Nestlé, Лоран Фрекс, изјави:
„Постигнавме органски раст на продажбата благодарение на позитивниот реален внатрешен раст. Побарувачката е ослабена во последните месеци и очекуваме да остане така. Со оглед на оваа перспектива и нашите дополнителни мерки за намалување на залихите во четвртиот квартал, ги ажуриравме нашите годишни прогнози и очекуваме органски раст на продажбата од 2 отсто, во согласност со работењето во текот на првите девет месеци.“
Фрекс зборуваше за идните планови и посветеноста на компанијата Nestlé кон купувачите:
„Nestlé е одлучен да го преземе водството во индустријата, со оглед на нашите глобални капацитети, големото портфолио на реномирани брендови и иновативни производи со кои луѓето се поврзуваат секој ден и во секоја фаза од животот. На тие цврсти основи ќе изградиме уште подобри односи со потрошувачите и ќе ги подобриме сите категории на производи со цел да го забрзаме производството и да го зголемиме уделот на пазарот. Исто така, ќе се посветиме на дигитална трансформација со цел да ги подобриме агилноста и ефикасноста.“
Новиот директор на компанијата истакна дека во понатамошната работа ќе се потпре на посветеноста и стручноста на тимот на Nestlé, што ќе донесе позитивни промени на пазарот и ќе ѝ овозможи на компанијата да постигне одржлив раст и профитабилност. Инаку, Лоран Фрекс дојде на чело на компанијата Nestlé во септември 2024 година, со цел понатамошен развој и позиционирање на Nestlé како глобален лидер.
Nestlé Северна Македонија
„Nestlé во Северна Македонија во првите 9 месеци од 2024 година оствари органски раст од 1,6 oтстo, а на тоа најмногу влијаеа нашите категории кондиторски производи, Nestlé Professional и Purina храна за миленици“, изјави Maрјана Давидовиќ, генерална директорка на компанијата Nestlé за Србија, Црна Гора и Северна Македонија, и додаде:
„Како и претходните години, во соработка со Владата, поддржуваме проекти насочени кон едукација на децата за важноста на спортот и здравата исхрана, додека донирањето на нашите производи на ранливите групи не е само наша желба, туку и обврска кон општеството во кое работиме. Во последните неколку месеци на пазарот на Северна Македонија го донесовме светски познатиот бренд за житарки Nestlé Trix и ја проширивме палетата на производи Maggi и Thomy.”
Продажба на ниво на Група
Органскиот раст изнесуваше 2 отсто за девет месеци, слично на 2,1 отсто остварени во првата половина на 2024 година. Географски гледано, органскиот раст беше поттикнат од пазарите во развој и Европа. На развиените пазари органскиот раст беше 1,1 отсто со позитивен реален органски раст, додека на пазарите во развој изнесуваше 3,5 отсто, проследен и со позитивен реален органски раст.
По категоријата производи, кафето имаше најголемо влијание врз органскиот раст, предводено од брендовите Nescafé, Starbucks и Nespresso, постигнувајќи притоа среден едноцифрен раст. Продажбата на кондиторски производи порасна со средно едноцифрена стапка, предводена од производите на KitKat и клучните локални брендови. Категоријата безалкохолни пијалоци (вода) забележа среден едноцифрен раст, додека храната за бебиња, предводена од брендот NAN, Lactogen и млечните формули, забележа низок едноцифрен раст. Категоријата храна за домашни миленици, исто така, забележа низок едноцифрен раст, со континуиран пораст на премиум производите на брендот Purina.
Гледано по канали, органскиот раст на малопродажба изнесува 1,9 oтстo. Продажбата на е-трговијата порасна за 9,7 oтстo, постигнувајќи 18,5 oтстo од вкупната продажба во Групата. Органскиот раст на out-of-home каналот изнесува 3,4 oтстo.
Зона Европа
Органскиот раст во Европа изнесува 3,3 отсто, со раст на цените од 2,5 отсто, додека реалниот органски раст изнесува 0,8 отсто. Најголем придонес во растот за овој период од годината, гледано по категорија производи, имаат брендовите за храна за домашни миленици, потоа кафето и кондиторските производи.
Oстварената продажба намалена е за 1,8 oтстo и изнесува 13,9 милијарди швајцарски франци.
Изгледи за 2024 година
Земајќи го предвид целокупното потрошувачко опкружување, новата прогноза на компанијата се заснова на малку поумерен раст и се проценува дека органскиот раст на продажбата до крајот на годината ќе остане на 2 отсто, како што беше случај и во првите 9 месеци во 2024 година. Се очекува дека основната маржа на оперативна добивка при тргување ќе изнесува 17 отсто, како и дека основната заработка по акција во постојаната валута воглавно ќе остане иста.