Sort by
Sort by

NESTLÉ СЕ ПРИДРУЖУВА ВО БОРБАТА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ПОСЛЕДИЦИ НА КОРОНАВИРУС

Back to Press releases

Компанијата Nestlé се приклучи на групата од повеќе од 150 мултинационални корпорации за борба против негативните ефекти на коронавирусот врз светската клима. Во заеднички апел, компаниите им препорачаа на владите ширум светот да ги усогласат економските мерки за закрепнување од пандемијата на вирусот COVID-19 со борбата против климатските промени.

На овој начин, потписничките компании уште еднаш ги потврдија своите обврски засновани врз наука за постигнување нулта емисија на гасови со ефект на стаклена градина. Тие, исто така, ги повикуваат владите да дадат поголемо значење и приоритет на побрза и поправедна транзиција од сивата кон зелената економија.

Заедничкиот повик на компаниите дојде во моментот кога владите низ целиот свет работат на создавање економски мерки за закрепнување од ефектите на пандемијата на коронавирус и додека се подготвуваат да ги ревидираат и подобрат националните планови за заштита на климата според Парискиот договор. Целта на иницијативата е да се обединат компаниите и владите со цел да се опорават од пандемијата што е можно поефикасно и иницијативата да има позитивно влијание врз луѓето, напредокот и планетата.

Во септември 2019. година, компанијата Nestlé вети дека ќе работи за да достигне нулта емисија на гасови со ефект на стаклена градина до 2050. година. Компанијата на тој начин ја прифати амбициозната цел на Парискиот договор за климата, со што ќе се ограничи зголемувањето на глобалната температура на 1,5°С.

На овој начин, но и со оглед на деценија посветена работа за намалување на емисија на гасови со ефект на стаклена градина, Nestlé ги забрза напорите за борба против климатските промени. Само во изминатите четири години, компанијата ја усогласи својата делатност со целите засновани на науката да го задржи зголемувањето на температурата под 2°С.

Соодветно на тоа, потписниците ќе продолжат да докажуваат дека најдобрите одлуки се базираат на наука, да инвестираат во закрепнување и флексибилност на системски социо-економски трансформации и да ја продолжат соработката со владите.

„Нашата цел е сите ние да работиме заедно за да создадеме поодржлив и отпорен свет. Nestlé ќе ја игра својата улога и ќе работи за да достигне нулта емисија на гасови со ефект на стаклена градина до 2050. година”, рече Марк Шнајдер (Mark Schneider), извршен директор нa Nestlé.

Плановите за постигнување нулта емисија на гасови со ефект на стаклена градина до 2050. година вклучуваат обнова на земјоделско земјиште и шуми, зголемување на користење на обновливите извори на енергија и прилагодување на производи кои имаат подобро влијание врз животната средина, што исто така ќе придонесе на урамнотежена исхрана.