Sort by
Sort by

КОМПАНИЈАТА NESTLÉ ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 2020. ГОДИНА

nestlehq
Back to Press releases

Светскиот лидер во производство на прехрамбени производи, со седиште во швајцарскиот град Веве, ги претстави деловните резултати во првите шест месеци од 2020 година.

  • Органскиот раст достигна 2,8%, а реалниот внатрешен раст (Real Internal Growth, RIG) 2,6% и цените од 0,2%. Растот е поткрепен со силен замав во Северна и Јужна Америка и успехот на компаниите Purina PetCare и Nestlé Health Science
  • Плаќањата и трансакциите на меѓународниот пазар ја намалија продажбата за 12,3%. Вкупната пријавена продажба е намалена за 9,5%, на 41,2 милијарди швајцарски франци, додека во првите шест месеци изнесува 45,5 милијарди швајцарски франци
  • Основната маргина на оперативната добивка (UTOP) достигна 17,4%, што претставува зголемување за 30 основни поени. Оперативната маргина на профит (TOP) се зголеми за 140 основни поени на 16,9%
  • Заработката по акција се зголеми за 22,2% на 2,06 милијарди швајцарски франци. Заработката по акција се зголеми за 0,5% во постојана валута и се намали за 5,9% според извештајот на 2,01 милијарди швајцарски франци
  • Слободниот проток на пари е намален за 19,1%, на 3,3 милијарди швајцарски франци, главно како резултат на одложените плаќања на дивиденда од поврѕаната компанија и помалку пријавена продажба
  • Управувањето со портфолиото функционира беспрекорно. Nestlé истражува стратешки опции, вклучително и потенцијална продажба на делови од северноамериканскиот бизнис за производство на вода
  • Очекувањата за 2020 година: Nestlé очекува целогодишен раст на органската продажба помеѓу 2% и 3%. Се очекува дека основната маргина од тргување ќе се подобри, како и дека ќе се зголеми основната заработка по акција во постојаната ефикасност на валутата и капиталот. Овие резултати се засноваат на тековните сознанија за развојот на вирусот COVID-19 и не сугерираат материјално влошување во споредба со тековните услови.

Марк Шнајдер (Mark Schneider), генералниот директор на компанијата Nestlé, истакна:

„COVID-19 продолжува да влијае на луѓето ширум светот. Нашите мисли се со секој кој е засегнат и ние сме посветени да помогнеме таму каде што можеме. Би сакал да се заблагодарам на секој член на тимот на Nestlé за нивната посветеност и напорна работа во овие неверојатни предизвици. Нашите приоритети остануваат исти: да ги одржуваме луѓето здрави и безбедни, да обезбедиме храна и пијалок ширум светот и да се грижиме за нашите заедници и деловните партнери преку финансиска и друга поддршка.

Nestlé продолжува да се прилагодува на брзо менување на животната средина, обезбедувајќи солиден органски раст и подобри маргини во првата половина на годината. Овие резултати ја демонстрираат способноста на нашиот бизнис и моќта на разновидно портфолио на производи, како и силното локално присуство на компанијата. Бидејќи однесувањето на потрошувачите се развива побрзо од кога било, ние се прилагодуваме на новата реалност со зајакнување на нашите иновации, искористувајќи ги предностите на нашите дигитални способности, брзо реагираме. Нашите тимови и нивната секојдневна посветеност на деловните резултати нè прават посилна компанија”.

Какво влијаније имаше COVID-19 врз работењето на компанијата

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус доведе до длабоки промени во работните средини ширум пазарот. Глобалната економија влезе во рецесија, синџирите на снабдување се тестирани и однесувањето на потрошувачите се промени со брзо темпо. Nestlé брзо спроведе ефективни мерки за решавање на оваа нова реалност.

Синџирот на снабдување на компанијата се покажа како флексибилен, бидејќи производствените и дистрибутивните капацитети продолжија да работат без значителни ограничувања. Со менување на навиките на потрошувачите, Nestlé разви решенија за да се задоволи зголемената побарувачка за основна храна, производи што го поддржуваат здравјето и го зајакнуваат имунитетниот систем, но и нудејќи поволни цени. Исто така, компанијата го забрза развојот на своите дигитални способности и ја прошири е-трговијата и интернет-комуникацијата.

Во првите шест месеци, ефектите од вирусот COVID-19 врз органскиот раст значително се разликуваа во зависност од климатската зона, моментот на појава на епидемија, мерките преземени од надлежните и однесувањето на потрошувачите.

  • Различни климатски услови: Повеќето пазари пораснаа побавно во вториот квартал. Ситуацијата во Северна Америка остана стабилна, додека Кина забележа двоцифрен пад на продажбата, при што растот се подобри во вториот квартал, бидејќи властите ги намалија ограничувањата за движење.
  • Категории на производи: E забележено зголемување на побарувачката за храна консумирана дома, за докажани брендови и производи за лична здравствена состојба. Purina PetCare, производите на Nestlé Health Science, како и млечните производи, кулинарскитеи производите од кафе, забележаа силен раст. Водата и кондиторските производи најавија пад на продажбата, што е последица на послабо излегување на потрошувачите од куќа и импулсивниот шопинг. Во повеќето категории намалена потрошувачка е забележана во вториот квартал
  • Продажни канали: Промена на локацијата на потрошувачката на производи е забележана на сите пазари. Бутиците на Nestlé Professional и Nespresso забележаа значително зголемување на потрошувачката надвор од домот, со значителен пад на продажбата. Онлајн продажбата е зголемена за 48,9%, што е 12,4% од вкупната продажба на компанијата.

Во првата година, трошоците поврзани со пандемијата на коронавирус изнесуваа 290 милиони швајцарски франци, вклучувајќи ги и трошоците за бонуси исплатени на вработените, протоколи за безбедност на вработените, донации и друго. Покрај тоа, компанијата презеде трошоци во износ од 120 милиони швајцарски франци во врска со персоналот и објектите што беа во мирување заради рестриктивните мерки наметнати од властите.

Точното финансиско влијание на COVID-19 за целата година сè уште е тешко да се измери и ќе зависи од траењето и економските последици од оваа криза, како и од брзината на закрепнување.

Помош од Nestlé на заедниците во кои работи

Во вонредна состојба во текот на првото полугодие, компанијата Nestlé се фокусираше на помагање на заедниците во кои работи. На вработените им е обезбедена заштитна опрема, е воведено работење од дома, а на партнерите им е овозможено олеснување за нивните обавези во периодот на траење на вонредна состојба. 

Nestlé ги донираше своите производи на Институтот за јавно здравје на Северна Македонија, со што им обезбеди поддршка и искажа благодарност на медицинскиот персонал и другите вработени за нивното жртвубање за време на пандемијата на вирус COVID-19.

Покрај Северна Македонија, општествено одговорната компанија Nestlé исто така им помогна на медицинскиот персонал во здравствените установи во Србија и Црна Гора во форма на инфузиони пумпи и стотици илјади нејзини производи. Помошта, исто така, достигна голем број на најранливи категорији на граѓани, а Nestlé ќе продолжи да вложува напори и ресурси за подобрување на заедниците во кои работи.