Вевеј, 23 април 2026 - Компанијата Nestlé, водечка светска компанија во индустријата за храна и пијалоци, ги објави финансиските резултати за првиот квартал од 2026 година:
Органскиот раст постигна 3,5 отсто, со реален интерен раст (RIG) од 1,2 отсто и раст на цените од 2,3 отсто.
- RIG беше позитивен во сите зони и категории, со исклучок на формулата за доенчиња во рамките на категоријата детска храна.
• По категории, растот го предводеше категоријата кафе. RIG зајакна и во категориите храна и грицки, предводен од кондиторските производи.
• Вкупниот ефект од повлекувањето на формулата за доенчиња изнесуваше околу –90 bps врз органскиот раст и реалниот интерен раст во првиот квартал од 2026 година. Достапноста на производите е вратена на нормално ниво.
• По успешниот прв квартал, но имајќи ги предвид зголемената геополитичка неизвесност и макроекономските ризици, прогнозите за 2026 година остануваат непроменети, со очекуван органски раст во распон од 3 до 4 отсто и забрзување на реалниот интерен раст во однос на 2025 година. Се очекува слободниот паричен тек да надмине 9 милијарди швајцарски франци.
По повод овие резултати, Филип Навратил, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:
„Резултатите во првиот квартал покажуваат дека нашата стратегија за раст, заснована на реален интерен раст, дава резултати. Постигнавме силни резултати во повеќето зони и категории, особено во категориите кафе, храна и грицки. Особено се истакнува растот на пазарите во развој, додека Европа и САД покажаа стабилност во предизвикувачкото окружување. Продолжуваме со реализација на стратегијата за дополнително да го зајакнеме Nestlé.“
Nestlé Северна Македонија
„Во првиот квартал од годината во која одбележуваме две децении работење во Македонија, остваривме двоцифрен раст. За добрите резултати особено придонесоа категориите кафе и храна, како и портфолиото на Nestlé Professional. Горда сум на нашиот локален тим кој, и покрај предизвикувачките пазарни услови, постигна вакви резултати и уште еднаш ја потврди нашата стабилна позиција во прехранбената индустрија“, изјави Maријанa Давидовиќ, генерална директорка на Nestlé за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.
Продажба на ниво на Група
Во првиот квартал, вкупната продажба изнесуваше 21,3 милијарди швајцарски франци, што претставува пад од 5,7 отсто во однос на истиот период минатата година. Движењата на девизните курсеви имаа негативно влијание од 9,3 отсто.
На ниво на Групата, сите зони и глобални деловни единици остварија позитивен органски раст и реален интерен раст. По категории, најголем придонес имаше кафето, со органски раст од 9,3 отсто.
Според продажните канали, органскиот раст во малопродажбата изнесуваше 3,5 отсто, додека out-of-home каналот порасна за 3,9 отсто. Продажбата преку е-трговија забележа органски раст од 15,4 отсто и сега учествува со 21,5 отсто во вкупната продажба на Групата.
Зона Европа
Раст во Зона Европа е забележан на сите пазари, а предводен е од категориите кафе и храна за домашни миленици. Резултатите се остварени благодарение на подобрата распределба на ресурсите, зголемената маркетинг поддршка и дисциплинираната реализација, со истовремено продолжување на трансформацијата на работењето. Органскиот раст изнесуваше 3,9 отсто, со реален интерен раст (RIG) од 1,1 отсто и раст на цените од 2,8 отсто.
Изгледи за 2026 година
Врз основа на остварените резултати во првиот квартал, но земајќи ги предвид и зголемената геополитичка неизвесност и макроекономските предизвици, Nestlé ги задржува насоките за 2026 година. Се очекува органски раст во распон од 3 до 4 отсто, со забрзување на реалниот интерен раст во однос на претходната година. Се очекува слободниот паричен тек да надмине 9 милијарди швајцарски франци.