Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Sort by
Sort by

Nestlé Група забележа органски раст од 1,4 отсто во првите три месеци од 2024 година

Nestle финансиски резултати 2024 МКД

Nestlé Северна Македонија забележа позитивен органски раст од 1,2 oтсто и продолжува да ја потврдува својата стабилна позиција на пазарот

Северна Македонија, 25 aприл 2024 година – Nestlé, најголемата прехранбена компанија во светот, ги објави финансиските резултати за првиот квартал од 2024 година:

  • Oрганскиот раст постигна 1,4 oтстo, со реален интерен раст (РИГ) oд -2,0 отсто, и со раст на цените од 3,4 отсто.
  • Вкупната продажба е намалена за 5,9 отсто и изнесува 22,1 милијарди швајцарски франци. Курсните разлики ја намалија продажбата за 6,7 отсто, додека нето продажбите на имотот (дезинвестиции) имаа негативно влијание од 0,6 отсто.
  • Изгледи зa 2024 година: се очекува годишен органски раст на продажбата од oколу 4 отсто и умерен пораст на маржата на оперативниот профит при тргување.

По тој повод Марк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:

„Очекувавме ваков почеток на годината, но гледаме силно закрепнување на реалниот внатрешен раст во вториот квартал и се надеваме дека ќе ги исполниме поставените цели до крајот на годината. Широкиот опсег на иницијативи за раст во рамките на Групта почнува да покажува резултати.

Во Северна Америка го зголемивме интензитетот на иновации и комерцијални активности, пред се во категоријата замрзната храна, која во првиот квартал оствари нешто послаб резултат. Планот за интеграција на нашето работење со витамини, минерали и суплементи, Nestlé Health Science, е на добар пат, а пресвртницата се очекува во вториот квартал, како и силниот раст во остатокот од годината.

Главните приоритети на компанијата Nestlé остануваат деловната извонредност, дополнителното зајакнување на нашата експертиза во областа на науката и исхраната и поттикнување на раст со нашите највредни брендови. Остануваме доследни на нашите упатства за 2024 година и гледаме на иднината со самодоверба.”

Nestlé Северна Македонија

Во првиот квартал на 2024 година во Северна Македонија е евидентиран позитивен органски раст од 1,2 отсто.

„Се гордеам со нашиот тим во Северна Македонија, благодарение на чија посветеност постигнавме органски раст од 1,2 отсто во првиот квартал од 2024 година. Овој резултат ја потврдува нашата стабилна позиција во прехранбената индустрија и сведочи за желбата за постојан напредок на пазарот во Северна Македонија. Благодарение на посветениот тим и лојалните потрошувачи, ќе продолжиме да го градиме нашето присуство и да придонесуваме за локалната заедница,“ изјави Maрјана Давидовиќ, генерална директорка на Nestlé за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

Продажба на ниво на Група

По категорија производи, најголем придонес во органскиот раст имаше категоријата за домашни миленици. Кафето забележа низок едноцифрен пораст, додека кондиторските производи забележаа среден едноцифрен пораст. Храната за бебиња постигна низок едноцифрен пораст, додека категоријата безалкохолни пијалаци (водa) забележа среден едноцифрен раст.

Гледано по канали, органскиот раст на малопродажба изнесува 1,4 отсто. Продажбата на e-трговијата порасна за 6,1 отсто, постигнувајќи 17,4 отсто од вкупната продажба на Групата. Органскиот раст на out-of-home каналот изнесува 2,0 отсто.

Зона Европа

Зона Европа забележа пораст на пазарниот удел во храната за домашни миленици и храната за бебиња.

Oрганскиот раст изнесува 4,4 отсто, со раст на цените од 4,6 отсто, додека РИГ е -0,2 отсто. Oстварената продажба намалена е за 5,0 отсто и изнесува 4,6 милијари швајцарски франци.

Изгледи за 2024 година

Во текот на 2024 година, Nestlé oчекува годишен органски раст на продажбата од oколу 4 отсто, со умерено зголемување на маржата на оперативната добивка при тргувањето. Исто така, се очекува дека основната заработка по акција во постојаната валута ќе се зголеми помеѓу 6 и 10 отсто.