Sort by
Sort by

Nestlé ги објави резултатите за првата половина од 2026 година: Забрзан реален внатрешен раст

Nestlé ги објави резултатите за првата половина од 2026 година: Забрзан реален внатрешен раст

 

Вевеј, 23 jули 2026 година - Компанијата Nestlé ги објави резултатите од работењето постигнати во текот на првите шест месеци од 2026 година: 

  • Во првата половина од годината, органскиот раст на продажбата достигна 3,6 отсто, со реален внатрешен раст (RIG) од 1,5 отсто и раст на цените од 2,1 отсто.

  • Во вториот квартал, органскиот раст на продажбата изнесуваше 3,7 отсто, додека реалниот внатрешен раст забрза на 1,8 отсто, со раст на цените од 1,9 отсто.

  • Органскиот раст во вториот квартал беше позитивен во сите географски зони, глобално управувани деловни сегменти и категории на производи.

  • Вкупната пријавена продажба во првата половина од годината изнесуваше 43,1 милијарда швајцарски франци, додека слободниот паричен тек се зголеми на 3,4 милијарди швајцарски франци.

  • Прогнозата за 2026 година останува непроменета: се очекува органски раст на продажбата помеѓу три и четири отсто, со забрзување на реалниот внатрешен раст во однос на 2025 година. 

По тој повод, Филип Навратил, извршен директор на компанијата Nestléизјави:

„Нашата стратегија за раст, заснована на реален внатрешен раст, дава резултати. Во вториот квартал остваривме органски раст од 3,7 отсто и реален внатрешен раст од 1,8 отсто, со што продолжуваме стабилно да напредуваме кон нашите среднорочни цели. Растот на пазарите во развој забрза, додека на развиените пазари остваривме стабилни резултати. Ги зголемуваме и насочуваме инвестициите во нашите водечки брендови и платформи за раст, дополнително го фокусираме портфолиото и ја унапредуваме ефикасноста за повторно да ги инвестираме средствата во раст. Иако надворешното окружување останува неизвесно, преземаме конкретни активности за да го забрзаме континуираниот раст.“

Nestlé Северна Македонија

„Nestlé Македонија оствари раст од 8,8 отсто во првата половина од годината, а за овој раст најмногу придонесоа категориите кафе и портфолиото Nestlé Professional наменето за HoReCa објекти. Ова е воедно и година во која одбележуваме 20 години работење, па во оваа пригода им се заблагодаруваме на сите наши дистрибутери и купувачи за партнерството во мисијата Nestlé да биде еден од водечките прехранбени брендови на македонскиот пазар“, истакна Маријана Давидовиќ,генерална директорка на компанијата Nestlé за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

Продажба на ниво на Група

Органскиот раст на продажбата во првата половина од годината беше широко распространет, а најголем придонес дадоа категориите кафе, храна и кондиторски производи.

Категоријата кафе оствари органски раст од 7,5 отсто, предводен од резултатите на брендот Nescafé. Категоријата храна и грицки забележа органски раст од 3,7 отсто, со силен придонес на глобалните брендови Maggi, KitKat и Milo. Органскиот раст во категоријата храна за домашни миленици изнесуваше 2,7 отсто, со продолжување на добрите резултати на производите за мачки и подобрување на резултатите на производите за кучиња во текот на вториот квартал.

Според продажните канали, органскиот раст во малопродажбата изнесуваше 3,6 отсто, додека во сегментот на потрошувачка out-of-home достигна 4,1 отсто. Продажбата преку е-трговија забележа органски раст од 12,2 отсто и сега учествува со 21,8 отсто во вкупната продажба на Групата

Зона Европа

Во Зона Европа, органскиот раст на продажбата во првата половина од 2026 година изнесуваше 2,7 отсто, со реален интерен раст од 0,5 отсто и раст на цените од 2,2 отсто. Вкупната пријавена продажба изнесуваше приближно девет милијарди швајцарски франци.

Деловните резултати во Европа беа поддржани од растот на категориите кафе и храна за домашни миленици. Најголем придонес кон растот по пазари дадоа Турција, Обединетото Кралство и Ирска, како и регионот на Јужна и Источна Европа. Во категоријата кафе, растот првенствено беше предводен од Nescafé, додека во категоријата храна за домашни миленици добри резултати остварија брендовите Pro Plan, Purina ONE и Felix.

Изгледи за 2026 година

Nestlé очекува органскиот раст на продажбата во 2026 година да биде помеѓу три и четири отсто, со забрзување на реалниот интерен раст во однос на претходната година, поддржано со фокусирани планови за раст.

Се очекува подобрување на основната оперативна профитна маржа во однос на 2025 година, додека маржата во втората половина од годината би требало да биде приближно на нивото остварено во првото полугодие. Компанијата очекува слободниот паричен тек на ниво на целата година да надмине девет милијарди швајцарски франци.