Вевеј, 24 jули 2025 година – Nestlé, водечката светска компанија за храна и пијалоци, ги објави финансиските резултати за првата половина од 2025 година:
- Во првата половина од годината, органскиот раст на продажбата достигна 2,9 отсто, со реален внатрешен раст (РИГ) од 0,2 отсто, и раст на цените од 2,7 отсто.
- Во вториот квартал органскиот раст на продажбата достигна 3,0 отсто, со реален внатрешен раст од -0,4 отсто и раст на цените од 3,3 отсто. Органскиот раст на продажбата се подобри во однос на првиот квартал во повеќето деловни сектори.
- Прогноза за 2025 година: Се очекува поголем органски раст на продажбата во споредба со 2024 година, кој ќе се засилува во текот на годината со оглед на
тоа што се продолжува исполнувањето на плановите во врска со растот.
По тој повод Лоран Фрекс, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:
„Ја спроведуваме стратегијата со цел да го забрзаме учинокот и да извршиме трансформација за иднината. Преку подобра егзекуција и поголеми вложувања, го забрзуваме растот по категории и го зголемуваме уделот на пазарот, стремејќи се кон ефикасност. Овие постапки веќе даваат резултати, со раст во различни категории и значаен учинок кога се работи за профитот во првата половина од годината. Сигурни сме дека нашите активности на полето на учинок и трансформација ќе доведат до среднорочен раст и остварување на амбициите кога се работи за добивката.“
Продажба на ниво на Група
По категории, најголем придонес за органскиот раст имаа кондиторските производи и кафе. Во категоријата кафе, еластичноста на побарувачката беше ограничена, а реалниот внатрешен раст (РИГ) беше благо позитивен и остана стабилен во текот на двата квартали. Во категоријата кондиторски производи, краткорочната еластичност беше поизразена, што е во согласност со историските трендови.
Гледано по канали, органскиот раст во малопродажбата изнесуваше 2,6 oтсто, a во сегментот out-of-home 5,8 oтсто. Продажбата преку е-трговија забележа органски раст од 12,3 oтсто и сега сочинува 20,2 oтсто од вкупната продажба на Групата.
Зона Европа
Растот во Зона Европа и понатаму се води од зголемување на цените поради инфлацијата. Органскиот раст изнесува 3,5 отсто, со раст на цените од 3,7 отсто, додека реалниот внатрешен раст (РИГ) е -0,2 отсто. Остварената продажба е зголемена за 1,5 отсто и изнесува 8,5 милијарди швајцарски франци.
Изгледи за 2025 година
Во текот на 2025 година, Nestlé очекува забрзување на органскиот раст на продажбата во однос на претходната година, со зајакнување на резултатите како што одминува годината. Се очекува основната оперативна профитна маржа (UTOP) да изнесува најмалку 16 отсто, што го потврдува продолжувањето на стратешките вложувања во раст и отпорност на работењето. Компанијата останува посветена на среднорочните планови, одржувајќи стабилност во динамичното макроекономско опкружување.