Ако сакате да уживате во вкусен и брз појадок, тогаш пудинг од житарици е совршен избор за вас.
КОЛИЧИНА: 2 порции
ПОДГОТОВКА: 15 минути
ТЕЖИНА: Лесно
Потребни состојки
- 90g житарици за појадок Nestlé Fitness
- 230ml млеко
- една банана
- малку мед
- една рака од вашето омилено овошје
- 2 лажички чиа семе (по желба)
Како се подготвува?
- Во мала тава сипете 230 ml од вашето омилено млеко и малку загрејте го. Млекото може да биде соино или бадемово.
- Додајте ги омилените житарици Nestlé Fitness и мешајте полека додека не се апсорбира течноста.
- Откако ќе ја тргнете тавата од оган, испасирајте половина банана и додајте ја смесата во житариците. Ова ќе му даде богата текстура на вашиот пудинг. Ако сакате, можете да додадете две лажички чиа семе која е добра за здравјето и одлична за појадок.
- Украсете со своето омилено овошје, како малини и јагоди, половината преостаната банана или парчиња јаболко, а потоа додајте малку мед.
Овој брз и лесен пудинг со овошје и житарици може да служи како десерт покрај доручекот. Оладен во фрижидер, пудингот е освежувачки и лесен, особено за топлите летни денови. Наместо кравјо млеко, овој рецепт е исто така вкусен со билно млеко од бадеми, соја или ориз. Исто така, искористете ги придобивките од сезонското овошје и користете го овошјето достапно на локалниот пазар. Nestlé Fitness цели зрна, чиа семки и овошје се богат извор на диетални влакна чие присуство во исхраната е исклучително важно, а оревите се богат извор на незаситени масни киселини. Овој пудинг е идеален за секој кој сака да го започне својот ден на вистински начин. На здравје!
Податоци за нутритивна вредност по порција
- Калории 248,5kcal
- Протеини 12,1g
- Масти 4,4g
- Јаглехидрати 22,6g