Известување за производот – формула за доенчиња
Зошто Nestlé повлече одредени производи од формулите за бебиња во повеќе земји?
За Nestlé здравјето на бебињата е на прво место и не правиме компромиси кога се работи за безбедноста и квалитетот на храната.
По утврдување на неусогласеност во квалитетот на состојката (ARA масло) што ја набавуваме од реномиран добавувач, Nestlé ги повлече сите производи кои не ги исполнуваат нашите високи стандарди за квалитет.
Nestlé беше првата компанија што ја идентификуваше неусогласеноста и, со недели пред другите производители, презеде мерки во врска со прашањето што денес ја засега целата индустрија. Реагиравме брзо и одговорно со цел да ги заштитиме здравјето и благосостојбата на бебињата.
Дали вашите производи на пазарот се безбедни?
Да, сите наши формули за доенчиња што се на пазарот се безбедни за бебињата.
Дали сите ваши фабрики за производство на формули за доенчиња повторно работат?
Производството во сите наши фабрики за формули за доенчиња се одвива со полн капацитет со цел да обезбедиме нашите производи што е можно побрзо да стигнат до потрошувачите. Фокусирани сме на зголемување на достапноста на формулите за доенчиња за да одговориме на побарувачката и да им обезбедиме на родителите и семејствата висококвалитетни производи на кои можат да им веруваат.
Сите серии од состојката масло од нашите останати добавувачи систематски се тестираат за да потврдиме дека нашите формули за доенчиња не содржат цереулид.
Како е можно неусогласеноста да биде откриена дури кога готовиот производ веќе бил на пазарот? Дали имало пропусти во вашите протоколи за квалитет и безбедност?
Не. Имаме целосна доверба во нашите протоколи за квалитет и безбедност на храната и применуваме меѓународно признати ISO стандарди и најсовремени аналитички методи. Нашата одговорност како производител на храна ја сфаќаме многу сериозно и продолжуваме да применуваме високи стандарди за безбедност и квалитет во производството на храна, кои што потрошувачите ги очекуваат.
Nestlé беше првата компанија што ја идентификуваше неусогласеноста и реагираше неколку недели пред другите производители. Проактивно го информиравме остатокот од индустријата на 30 декември 2025 година, откако ја потврдивме неусогласеноста во состојката масло од глобалниот индустриски добавувач.
Дали добавувачот го извести Nestlé за ситуацијата со цереулидот?
Не. Nestlé го извести добавувачот за контаминираната состојка на 29 декември 2025 година. Ја прекинавме набавката од овој добавувач.
Дали постои регулатива за прифатливи нивоа на цереулид во формулите за доенчиња? Дали новите насоки на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) ги намалија граничните вредности за нивото на церулид во формулите за доенчиња?
Безбедноста и квалитетот на храната се највисок приоритет на Nestlé и сметаме дека церулид не треба да биде присутен во формулите за доенчиња. На 2 февруари 2026 година, EFSA воведе нови насоки кои вклучуваат акциска гранична вредност за управување со ризикот од појава на цереулид во формулите за доенчиња.
Новата акутна референтна доза на EFSA одговара на максимално ниво на концентрација од 0,43 ng/g во готовиот производ. Nestlé од самиот почеток применува построга интерна гранична вредност од 0,2 ng/g, што значи дека нашите интерни стандарди се построги од нивоата пропишани со насоките на EFSA, а нашиот пристап останува непроменет.
Ги поздравуваме насоките на EFSA, бидејќи придонесуваат за поголема јасност и доследност во начинот на кој индустријата го проценува и управува со ризикот од појава на цереулид.
Каков е вашиот одговор на истрагите поврзани со пријавените заболувања кај доенчиња по консумирање на вашиот производ?
Свесни сме дека во неколку земји надлежните органи спроведуваат истраги во врска со пријавите од потрошувачи за заболувања за кои се верува дека се поврзани со одредени производи од формулите за доенчиња.
Многу ни е драго што, според медиумските објави поврзани со овие случаи, бебињата добро напредуваат или успешно се опоравуваат. Досега немаме добиено ниту една официјална информација од релевантните институции и целосно сме им на располагање за каква било дополнителна проверка или појаснување што би било потребно.
Како да проверам дали имам засегнат производ и што да направам со него? Што ако сум купил или користел повлечена формула?
Доколку имате какви било дилеми во врска со здравјето или исхраната на детето, советуваме да се обратите кај Вашиот педијатар или здравствен работник.
Потрошувачите треба да ги проверат амбалажата на производот – бројот на серијата и релевантните информации, а потоа и известувањето за повлекување на производот од пазарот во Северна Македонија, со цел да утврдат дали производот е засегнат.
Доколку производот што сте го купиле е од засегнатата серија, веднаш престанете да го користите и постапете согласно упатствата наведени во известувањето за повлекување.
Ве молиме посетете ја локалната веб-страница на Nestlé за официјалното известување за повлекување и за деталите околу тоа како да го вратите производот и да добиете целосна рефундација.
Која е процедурата за враќање на средства за производи?
Најлесниот и најбрзиот начин за враќање на средства за производи опфатени со повлекување е да ги вратите производите во продавницата каде што сте ги купиле. Доколку имате доказ за купување, понесете го со себе во продавницата. Ве молиме проверете ја политиката на продавницата и придржувајте се до нивните барања, бидејќи секоја продавница има своја интерна процедура.
Алтернативно, можете директно да се обратите до компанијата Nestlé во Северна Македонија со пополнување на формуларот на страницата Доброволно повлекување на одредени NAN производи од северно македонскиот пазар | Nestlé или со повик на бесплатниот инфо телефон за потрошувачи: 0800 00 200 (работни денови од 9:00 до 18:00). Nestlé ќе ги анализира внесените податоци и доставените фотографии, а потоа ќе испрати курир на адресата која ќе ја наведете во формуларот за да ги преземе производите. Враќањето на средствата ќе биде извршено во рок од 7 работни дена од приемот на пакетот/производите, во зависност од работното време на банките и курирската служба.
Одредени невладини организации сметаат дека Nestlé предолго чекал со започнување на повлекувањето на производите. Кој е вашиот одговор?
Ве молиме погледнете го целиот тек на настаните.
Видео-пораката на генералниот директор на Nestlé, Филип Навратил, можете да ја погледнете тука.