Sort by
Sort by

Пудинг од житарици и овошје

Рецепт за пудинг од житарици и овошје
 

Ако сакате да уживате во вкусен и брз појадок, тогаш пудинг од житарици е совршен избор за вас.

КОЛИЧИНА: 2 порции
ПОДГОТОВКА: 15 минути
ТЕЖИНА: Лесно

Потребни состојки

  • 90g житарици за појадок Nestlé Fitness
  • 230ml млеко
  • една банана
  • малку мед
  • една рака од вашето омилено овошје
  • 2 лажички чиа семе (по желба)

Како се подготвува?

  1. Во мала тава сипете 230 ml од вашето омилено млеко и малку загрејте го. Млекото може да биде соино или бадемово.
  2. Додајте ги омилените житарици Nestlé Fitness и мешајте полека додека не се апсорбира течноста.
  3. Откако ќе ја тргнете тавата од оган, испасирајте половина банана и додајте ја смесата во житариците. Ова ќе му даде богата текстура на вашиот пудинг. Ако сакате, можете да додадете две лажички чиа семе која е добра за здравјето и одлична за појадок.
  4. Украсете со своето омилено овошје, како малини и јагоди, половината преостаната банана или парчиња јаболко, а потоа додајте малку мед.

Овој брз и лесен пудинг со овошје и житарици може да служи како десерт покрај доручекот. Оладен во фрижидер, пудингот е освежувачки и лесен, особено за топлите летни денови. Наместо кравјо млеко, овој рецепт е исто така вкусен со билно млеко од бадеми, соја или ориз. Исто така, искористете ги придобивките од сезонското овошје и користете го овошјето достапно на локалниот пазар. Nestlé Fitness цели зрна, чиа семки и овошје се богат извор на диетални влакна чие присуство во исхраната е исклучително важно, а оревите се богат извор на незаситени масни киселини. Овој пудинг е идеален за секој кој сака да го започне својот ден на вистински начин. На здравје!

Податоци за нутритивна вредност по порција

  • Калории 248,5kcal
  • Протеини 12,1g
  • Масти 4,4g
  • Јаглехидрати 22,6g