Паста со морски плодови

Медитеранските вкусови никогаш не ни биле поблиску! Брзата, лесна и вкусна паста со морски плодови ќе ве однесе на море додека кажете „Тоа е мој THOMY“. Сервирајте ја за романтична вечера која секому ќе му го освои срцето. Оваа паста е совршена за топли летни денови, кога ни треба лесна храна полна со бои и летни вкусови.
Потребно ви е
- 400g мешани морски плодови
- 400g посни таљатели
- сос THOMY Garlic
- 3 чешниња лук
- 1 лажица исечкан магдонос
- 4 лажици маслиново масло
- кора од лимон
- мешавина од зачини, морска сол
Подготовка:
- Испасирајте го и кратко пропржете го лукот на маслиново масло. Потоа додајте ги морските плодови и и нив кратко пропржете ги.
- Додајте магдонос, рендана кора од лимон и зачини по вкус, па сè заедно проварете додавајќи малку вода за морските плодови да омекнат.
- Сварете ги таљателите во солена вода со неколку капки маслиново масло, а потоа исцедете ги од непотребната течност. Кога морските плодови ќе се изладат, додајте сос THOMY Garlic и сè заедно измешајте.
- Прелијте ги таљателите со сосот од морските плодови и послужете со добра чаша изладено бело вино.