Sort by
Sort by

Лесен тарт со домат и кора од житарици

Лесна ужина: кора од житарици, домат, босилек
Лесен тарт со домат и кора од житарици
• ПОДГОТОВКА: 40 минути
• ТЕЖИНА: Лесно

Потребни состојки за голем тарт
• 60g житарици Nestlé FITNESS®;
• 140g брашно;
• 50ml маслиново масло;
• 75ml ладна вода;
• 1 јајце;
• 1-2 лажички сенф;
• 15g босилек;
• 3 домати;
• 3 зелени домати.

Како се подготвува?
1. Загрејте ја рерната на 180 °C
2. Во сад за салата измешајте ги брашното, кршени FITNESS житарици, свеж босилек и сол по вкус.
3. Направете вдлабнатина и додајте маслиново масло, вода и јајце.
4. Размешајте со дрвена лажица, а потоа тестото измесете го со рака.
5. Доколку тестото е многу лепливо, додајте брашно. Ако е премногу суво, додајте вода.
6. Со оклагија, развлечете го тестото на хартија за печење.
7. Ставете го тестото, заедно со хартијата за печење, во калап, развлечете го и обработете ги неговите рабови.
8. Избоцкајте ја површината со виљушка (помалку на рабовите).
9. Ставете во рерна 8 минути на 180 °C.
10. Извадете го тартот од рерна и распоредете го сенфот.
11. Наизменичо редете ги парчињата домат (парче зелен, па црвен домат).
12. Посолете по вкус, посипете црн пипер, малку маслиново масло и оставете да отстои во рерната уште 30 минути.
13. Откако ќе го извадите од рерна, украсете го тартот со лист босилек и послужете го ладен или топол.
Одлично!

Податоци за нутритивна вредност по порција
• Калории 227kcal
• Протеини 5,36g
• Масти 10,34g
• Јаглехидрати 29,52g