Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle. Побарајте работа тука.
Како се пресметува Nutri-score и зошто Nestlé го подржува?

Nestlé беше една од првите компании што го усвоија Nutri-Score во Европа кога се приклучивме на шемата во 2019 година. Оттогаш, Nutri-Score се имплементираше кај илјадници производи на Nestlé низ континентална Европа.
Nutri-Score е шема за нутрититивното рангирање со пет бои на предната страна од пакувањето, која ја одразува вкупната нутритивна вредност на прехранбениот производ или пијалок, врз основа на достапните информации во табелата со нутритивни вредности која е прикажана на задната страна од пакувањето. Проценката на вкупната нутритивна вредност се врши на 100 g/ml при што се доделува ознака од А до Е.
Одобрувањето на Nutri-Score од Nestlé ја одразува нашата посветеност да ги поддржуваме потрошувачите во изборот на урамнотежена исхрана, како и да обезбедиме јасни и транспарентни информации за нутритивните вредности на нашите производи. Nutri-Score стана основен столб за нашето Известување за корпоративна одржливост и воедно претставува дел од нашето годишно Известување за транспарентност на портфолиото.
Нашата цел е да продолжиме да ги поттикнуваме потрошувачите да го користат Nutri-Score како алатка за одлучување врз основа на информации во насока на поздрава и поурамнотежена исхрана. Затоа решивме да го усвоиме неодамна ревидираниот алгоритам за Nutri-Score и постепено да го имплементираме кај производите на Nestlé.
Нашата поддршка на Nutri-Score ја одразува нашата посветеност на правилната исхрана и изборот на храна заснован на информации. Луѓето сè повеќе сакаат да знаат што има во храната и пијалоците кои ги консумираат. Сакаме да им обезбедиме јасни информации за нутритивната вредност на нашите брендови. Научните докази и доказите за потрошувачите покажуваат дека Nutri-Score е решение кое функционира во континентална Европа.
Зошто Nestlé одлучи да го усвои новиот Nutri-Score?
Nestlé беше една од првите компании кои го усвоија Nutri-Score во Европа кога се приклучивме на шемата во 2019 година. Отсекогаш сме отворени за развој на Nutri-Score што се заснова на докази според најновите сознанија во областа на науката и исхраната. Нашата одлука за постепено имплементирање на новиот алгоритам е во согласност со нашата долгогодишна посветеност да ги поддржуваме потрошувачите за да донесат одлуки засновани на информации кон поздрава и поурамнотежена исхрана.
На кои производи Nestlé го имплементираше Nutri-Score?
Nestlé го имплементираше Nutri-Score на бизниси во целосна сопственост и во опсегот низ континентална Европа.
Кога новите ознаки ќе бидат видливи на производите на Nestlé?
Предвиден е двегодишен период на транзиција со цел да им се овозможи на операторите да преминат на новиот алгоритам. За потрошувачите да разберат и да се избегне непотребен отпад од материјалот за пакување, промената на логоата на пакувањето ќе биде постепена во текот на дефинираниот период на транзиција.
Кои се придобивките од Nutri-Score за потрошувачите?
Nutri-Score им помага на потрошувачите да ја споредат нутритивната вредност на храната и пијалоците во рамки на иста категорија и да донесат одлуки засновани на информации кон поздрава и поурамнотежена исхрана. Воедно, Nutri-Score нè охрабрува постојано да ја подобруваме нутритивната вредност на нашите производи што се одразува во ознаката која е прикажана на предниот дел од пакувањето.
Дали го имплементирате Nutri-Score само на производи со најдобра ознака?
Не. Nutri-Score се имплементира на конзистентен начин низ бизнисите на Nestlé во целосна сопственост и во опсегот. Нашата цел е да продолжиме да ги поттикнуваме потрошувачите да го користат Nutri-Score како алатка за одлучување засновано на информации кон поздрава и поурамнотежена исхрана.
Дали Nutri-Score е единствената заложба на Nestlé да им помогне на потрошувачите да ја подобрат нивната исхрана?
Имплементирањето на новиот алгоритам за Nutri-Score е очекуван следен чекор во нашите долгогодишни заложби за постојано подобрување на нутритивната вредност на нашите производи. Го започнавме нашето патување за преформулирање пред 20 години и веќе постигнавме значаен напредок во подобрувањето на нутритивниот профил на портфолиото на Nestlé.