Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle. Побарајте работа тука.
Nestlé со гордост ви ја претставува првата книга со рецепти за родители и деца – ЈадемеЗдраво Кувар!
Збирката со 39 инспиративни рецепти за вашите малечки е создадена благодарение на трудот и соработката со инфлуенсерите, родителите, професорите и учениците кои одговорија, а има за цел да покаже како можете лесно да подготвите избалансиран, вкусен оброк заедно со децата. За да ги научат навиките во кујната и основите за подготовка на разновидна храна, вклучете ги децата во целиот процес - од договарање на менито, купување намирници, подготовка, миење и сечкање, па сè до поставување на трпезата за семејниот оброк.
Што ве очекува во куварот ЈадемеЗдраво (ZdravoKlopajmo)?
Секој родител во одреден момент се соочил со недостиг на инспирација да секојдневното подготвување на вкусни оброци за своите малечки, a куварот ЈадемеЗдраво (ZdravoKlopajmo) тоа ќе го смени. На страниците на оваа книга ќе најдете забавни, но пред се здрави рецепти за деца, кои родителите ги испробале во пракса и кои се одобрени од нутриционистите на Nestlé во согласност со принципот „здрава чинија“.
Сите ние секојдневно се трудиме да се храниме подобро, со посакуваната храна, како што се зеленчук, интегрални житарки, а правилната исхрана во детството е особено важна за растот и развојот, но и за превенција од болести во зрелата возраст.
Исхраната влијае на нашата физичка и емоционална благосостојба. Денес, повеќе од кога било, имаме пристап до различни информации за намирниците и исхраната од стручни и помалку стручни лица. Во потрага по совети, потпрете се на обучените експерти кои ќе ве водат низ морето информации и прашања, во исто време одржувајќи ја објективноста, не посегнувајќи по драстични и „чудотворни“ решенија кои лажно ветуваат брзи резултати.
Зошто е толку важна правилната исхрана за децата?
Додека растат, важно е децата да стекнат здрави навики кои ќе ги следат целиот живот. Основните постулати на правилната исхрана за секоја возраст и во текот на животот се исти: разновидност, рамнотежа и умереност. Ова се однесува на изборот на намирници, соодветниот внес на калории и односот на макронутриенти во дневното мени, како што се јаглени хидрати, белковини (или протеини), масти. Кај децата, важно е да се прилагоди внесот на калории на возраста или нивото на физички развој, што може значително да варира во иста возрасна група, а родителите можат да се консултираат со педијатар и нутриционист за да го проверат нивото на физички развој на детето.
Покрај здравствениот аспект, готвењето со децата има и забавен карактер. Кулинарските вештини може да се пренесат и научат преку различните предизвици.
Oткријте какви авантури ве чекаат со ЈадемеЗдраво Кувар (ZdravoKlopajmo)!
Веќе една деценија наназад, преку проектот „ЗдравоРастеме“ на компанијата Nestlé, повеќе од 100.000 деца во Србија поминаа низ важните класични и врснички едукации на тема правилна исхрана и важноста на физичката активност.
Боенка за најмладите
Направете го забавно учењето за здравата храна! Познато е дека децата полесно стекнуваат нови знаења и нови навики преку игра и креативност. Затоа преку проектот Јадеме здраво можете да ја преземете малата боенка за најмалите, да подготвите боички и фломастери и заедно да го обоите кругот со здрави намирници.
Преземете ја боенката со десен клик на фотографијата и избор на опцијата ’Save image as...’
Јадеме здраво: игра за најмладите
Дождливиот ден е совршен за забава со најмалите - особено кога преку забава учиме за правилната исхрана!
Играјте ја оваа интересна игра и искористете ја можноста на лесен начин да започнете со формирање на здрави навики кај најмладите.
Кликни за слика во поголема резолуција
За повеќе информации, следете не на Facebook.