Достапност на Нестле брендовите


Дали Nestlé Adriatic ги дистрибуира Nespresso производите?

За жал, Nespresso  производите не се наоѓаат во асортиманот кој компанијата Nestlé Adriatic го дистрибуира на нашиот пазар.

Сакам да остварам соработка со вашата компанија и да ги продавам/дистрибуирам вашите сладоледи.

Nestlé сладоледите не се дел од асортиманот кој компанијата Nestlé Adriatic го дистрибуира на пазарот на Македонија, туку компанијата Froneri.

Компанијата Froneri е формирана во 2016 година како глобално заеднично вложување во  сладоледите, смрзнатата храна и ладните млечни производи, преку спојување на компаниите Nestlé и R&R.

Ве замолуваме, за сите прашања во врска со Nestlé сладоледите да се обратите директно на компанијата Froneri.