20 ГОДИНИ Nestlé ПРОСЛАВУВА И ВАС ВЕ НАГРАДУВА!
Наградната игра трае од 06.10.2026 до 23.11.2026 година.
Купи производи од NESTLÉ S.A.* во вредност од најмалку 99 денари од асортиманот на трговските марки: Nescafé, Thomy, Maggi, Kit Kat, Lion, Smarties, After Eight, Nesquik, NESTLÉ житни снегулки за појадок и житни барови и Nestlé Purina - храна за домашни миленици, кои на својата декларација го содржат името на НЕСТЛЕ Адриатик Македонија или АЛМА-М, наведено како увозник или дистрибутер.
По купувањето, испрати СМС-порака** на бројот: 149449 со бројот на фискалната сметка*** испишан на горниот дел од сметката, датумот (ден.месец) и времето на купување (час:минути) и учествуваj во НАГРАДНАТА ИГРА.
Пример за СМС-порака: #0001 06.10 10:30
Извлекувањата на сите 61 наградa ќе се вршат електронски по случаен избор во вкупно 7 извлекувања и тоа на: 20.10.2026 година; 27.10.2026 година; 03.11.2026 година; 10.11.2026 година; 17.11.2026 година и 24.11.2026 година и едно извлекување на главната награда исто така на 24.11.2026.
На секое од 6-те неделни извлекувања ќе се извлечат по 10 неделни награди и тоа:
1 Х готвач на топол воздух (air fryer) B&D 1700 W 8L;
1 Х апарат за кафе DLG KRUPS KP 1A 3110;
8 Х пакет- производи на Nestlé
Во извлекувањето на неделните награди учествуваат сите валидни СМС-пораки испратени во тековната недела.
На 24.11.2026, веднаш по 6-тото извлекување на неделните награди, ќе се организира уште едно, 7-мо главно извлекување, на кое ќе се извлече главната награда:
1 х автомобил FIAT 500 HYBRID 1.0 65HP POP
Во извлекувањето на главната награда учествуваат сите валидни недобитни СМС-пораки испратени во текот на целата наградна игра од 06.10.2026 од 00:00:01 часот до 23.11.2026 година до 23:59:59 часот.
Сите телефонски броеви и испратените пораки со броj на фискална сметка, ден, месец и време на купување на добитниците од секое извлекување на наградите, ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на НЕСТЛЕ Адриатик Македонија – www.nestle.mk, најдоцна 3 дена по извлекувањата на наградите
* Во наградната игра учествуваат исклучиво производите кои на својата декларација го содржат името на НЕСТЛЕ Адриатик Македонија или АЛМА-М, наведено како увозник или дистрибутер. Во наградната игра не учествуваат производите од трговскaта марка NAN - категорија храна за доенчиња и мали деца.
**Цената на една СМС порака изнесува 5,9 денари со вклучен ДДВ.
*** Задолжително чувај ја фискалната сметка како доказ при подигнување на наградата.