Sort by
Sort by

Сѐ што треба да знаете за улична теретана

Во денешно време, здравиот и активен стил на живот е сѐ попопуларен и можеби повеќе пати сте го слушнале изразот „улични теретани“. Во текстот што следува ќе откриете што точно е теретана, од каде потекнува, кои се предностите на теретаната и каква подготовка ви е потребна ако сакате да вежбате.

Улична теретана
 

Улична теретана е спорт кој вклучува сила и гимнастика на теренот. Справите кои може да се користат се најразлични – карики, лостови, разбој, рачки и друго. Како што можеби претпоставувате, уличниот фитнес (или Street workout) се појавува во САД, каде во 2008 год. група Американци одлучиле да изградат сопствен тренинг центар користејќи го игралиштето во својата населба. И, бидејќи живееме во дигитална ера, спортот добива сѐ поголема популарност благодарение на видеата кои се споделуваат на друштвените мрежи.

Вежбите на улица не се само добри физички, туку и друштвени активности. Едноставно се собирате со пријателите и тренирате, а исто така, не е исклучена можноста за запознавање на многу нови и интересни луѓе.

Покрај тоа што ви дава сила и издржливост, Street workout ви дава и слобода. Таму нема тренери, сите одлуки зависат од вас. Друг голем плус на овој спорт е тоа што вежбате на свеж воздух.

А ако идејата за тренинг надвор веќе ве освои, за вас имаме неколку драгоцени совети. Прво, и можеби најважно, е да не губите мотивација. Факт е дека не можете да направите 50 згибови и тоа е сосем разбирливо. Не заборавајте дека за постигнување на целите ви е потребна упорност и постепено зголемување на оптеретувањето.

Дојдовме и до опремата. За неа не ви треба ништо друго освен ракавици и елек. А кога надвор е ладно, можете да купите шипки за згибови и рачки за склекови и да вежбате дома.

Интересен е фактот што и деца може да тренираат во уличната теретана. Тие се поиздржливи отколку што мислиме и може да прават вежби за сила уште од рана возраст, но секако, нивната програма мора да биде полесна од програмата на возрасните и да биде приспособена на нивната физичка состојба.

Каква физичка подготовка ви е потребна за да почнете да тренирате на улица?

Ако треба да бидеме искрени, не ви треба речиси никава физичка подготовка. Важно е да внимавате на контузиите и траумите, без оглед на тоа дали поминале или сѐ уште се присутни. Пред да почнете со вежбање на улица, задолжително посоветувајте се со лекар. Потоа почнете со полесни вежби и не откажувајте се ако не сте доволно добри. Супермен постои само во стриповите

Автор: Кристина Кирова
Извор: Јордан Јовчев