Sort by
Sort by

Зошто е добро трчање во природа?

Мариус Јонеску, маратонец

Трчање во природа
 

Сите знаеме дека исхраната е многу важна за нашето тело. Истовремено, организирана или неорганизирана физичка активност заедно со исхраната е совршен рецепт за урамнотежен начин на живот. Во текстот подолу ќе разгледаме зошто е добро трчање или други физички вежби да ви станат рутина.

Ќе ви зборувам за трчањето затоа што тоа е спорт што го практикувам повеќе од 20 години и може да се практикува уште од рана возраст без да има негативно влијание врз телото. Тоа е спорт за целото тело, и за двата пола. Трчањето може да се практикува до која било возраст, на отворено или во теретана. Така ќе го навикнете телото на различни услови, а истовремено ќе имате и корисни психолошки ефекти: ќе развиете трпеливост, упорност и себеспознавање. Овие се важни фактори за зголемување на капацитетот за приспособување на проблемите во секојдневниот живот.

Кои се предностите на трчањето?

Трчањето може да ви го промени срцето!

Трчањето, како спорт во кој го користиме целото тело, помага за хармоничен развој, правилно држење и одење. Така, помага во подобрување на целокупното здравје..

Трчањето има моќен ефект врз најважниот орган во телото: срцето. Срцето е мускулен орган и како и секој друг мускул, се приспособува на напор. Препорачливо е да вежбате најмалку 30 минути секој ден за зајакнување на срцето и остатокот од телото. Како резултат на тренирањето, спортистот развива поголемо срце, што значи и посилен мускул, со поголеми комори кои пумпаат повеќе крв. Лицето кое постојано трча има побавно отчукување на срцето, затоа што кога срцето се одмара, пумпа доволно крв при секоја контракција за да не мора толку брзо да чука..

Како што споменав погоре, покрај физичките придобивки, трчањето влијае и на вашето расположение и ве зајакнува ментално. Како што забележуваме во последно време, новите генерации стануваат почувствителни, подепресивни и потешко се справуваат со ситуации под притисок. Ова не е новост, но трчањето го намалува стресот и помага во борбата против депресијата. Дури и ако за некого е монотоно, само трчање без слушање музика ви помага да се „одвоите“ од вашите дневни проблеми, да поминете повеќе време со себе или да размислите појасно за решавање на некои проблеми.

Не е необично да ги видиме тркачите како се насмеани, опуштени и енергични по вежбање или натпревар. Истражувачите откриле дека во текот на вежбањето телото ослободува ендорфин, супстанција која позитивно влијае на расположението.

Спорт со трчање развива натпреварувачки дух

Трчањето е индивидуален спорт, но тоа навистина ни помага да бидеме подобри соиграчи. Откако сами ќе почувствуваме тежина, ја цениме помошта од другите, па добро е да се тренира во група. Тимската работа, дури и во индивидуални спортови, е корисна за секој член, бидејќи во секојдневниот живот може да имате добри и лоши денови, а членовите од групата се со вас на секој ваш чекор. Истовремено, трчањето ви помага да ги откриете своите граници, но ве учи и како да ги надминете, што води кон подобро запознавање на себеси.

Ова себеспознавање може да ни биде од корист во секојдневниот живот, бидејќи ни помага да обрнеме внимание на потребите на луѓето околу нас, нѐ прави подобри во работата и поотворени за нови проекти. За крај, трчањето нѐ мотивира да се натпреваруваме, но ни помага и да ги подобриме односите со другите.

А сега, бидејќи ве убедив да почнете да трчате, мој совет е да уживате во секој момент и да бидете трпеливи. Со време, секој километар ќе ви станува полесен. А, ако сакате сѐ да биде поедноставно, консултирајте се со тренер, прашајте го за совет или за насоки во текот на првите неколку месеци.