Sort results by
Sort results by

Дали Петер Брабек-Летма верува дека водата е човеково право?

Да. Нашиот  Петер Брабек-Летма жестоко верува дека водата е човеково право. Секој, насекаде во светот, има право на чиста, сигурна вода за пиење и  јавна хигиена.

Неговите критичари го користат неговото интервју дадено во 2005 година за да тврдат како тој мисли дека сите извори на вода треба да се приватизираат. Тоа едноставно е погрешно.

Тој го поддржува Гледиштето на Обединетите нации  за водата: „На планетата има доволно слатка вода за седум милијарди луѓе, но таа се дистрибуира нерамномерно, па голем дел е загубена, загадена и неодржливо управувана.“

Петер е запрепастен со фактот дека повеќе од две милијарди луѓе ширум светот  немаат дури ни едноставен тоалет, а повеќе од 1 милијарда немаат пристап до каква било можност за подобрување на водата за пиење.

Споредете го тоа со животот во некои земји каде што луѓето можат да користат вишок количини вода of water – скапоцен и поредок ресурс – за несуштински цели. Во тој контекст, Петер тврди дека пристапот до вода треба да сноси одреден трошок.

Значи, ако Петер Брабек навистина се грижи за водата, што прави тој за да ја заштити?

Петер Бребек отсекогаш бил водечки во расправата за поефикасно управување со водите од страна на поединци, индустријата, земјоделството и од страна на владите.

Петер преседава со Групата за водни ресураси до 2030 година, иновативна соработка помеѓу бизнис заедницата, владата и граѓанското општество, која бара практични решенија за решавање на недостатокот на вода.

Тој исто така ја предводи Иницијативата за вода на Светскиот економски форум, едно влијателно јавно-приватно партнерство кое истражува заедички решенија за проблемот со недостаток на вода.

Со текот на годините Петер ги разјаснува своите ставови за недостигот на вода во бројни интервјуа, панел-дискусии и ТВ-програми. Еве само неколку примери: