Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Sort by
Sort by

Nestlé забележа органски раст од 8,7% и очекува поголем раст на продажбата во 2023 година

Nestlé Северна Македонија забележа подобри резултати од просекот на групата и постигна органски раст од 18,7%
Nestlé финансиски резултати во првата половина од 2023 година
Back to Press releases
  • Вкупната продажба за првата половина на 2023 година се зголеми за 1,6% и изнесува 46,3 милијарди швајцарски франци;
  • Oрганскиот раст постигна 8,7%, со реален интерен раст (РИГ) oд -0,8% и со раст на цените од 9,5%;
  • Oсновната маржа на оперативната добивка изнесува 17,1%;
  • Слободниот проток на пари зголемен е за 1,9 милијарди швајцарски франци и постигна 3,4 милијарди швајцарски франци, главно под влијание на пониското ниво на залихи;
  • Oсновната заработка по акции во странска валута се зголеми за 11,1%;
  • Изгледи зa 2023 година: се очекува органски раст на продажбата помеѓу 7% и 8%, како и маржа на оперативната добивка при тргување помеѓу 17% и 17,5%;

Nestlé, најголемата прехранбена компанија на светот, ги oбјави финансиските резултати за  првата половина на 2023 година. По тој повод, Марк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:

„Во потрошувачкото опкружување кое брзо се менува, своите стратешки приоритети ги имплементиравме дисциплинирано и со фокус. Врз основа на силниот учинок во првата половина од годината, нашите очекувања за органскиот раст на продажбата во 2023 година се зголемија. Потрошувачката во домаќинствата по КОВИД-от сега се нормализира, со што се отстрани забавувањето на растот во некои од нашите категории. Каналите надвор од домаќинствата (out-of-home канали) продолжуваат да бележат силен тренд на раст.

Во остатокот од годината, уверени сме дека ќе ја обезбедиме комбинацијата на вистински количества и разновидност, ќе ги подобриме бруто-маржите и значително ќе ги зголемиме инвестициите во маркетингот. Во комбинација со тековно управување на портфолиото и оптимизација, како и со континуираната имплементација на нашите одржливи иницијативи, ние сме добро позиционирани да растеме и да создадеме додадена вредност за сите засегнати страни.“.

Nestlé Северна Македонија

Во првата половина на 2023 година во Северна Македонија исто така е евидентиран позитивен органски раст од 18,7%

„Силно ги препознаваме посветеноста, мотивацијата и деловниот фокус на нашиот тим во Северна Македонија, тие беа клучен фактор за постигнување на силниот органски раст од 18,7% во првата половина на 2023 година. Гордо споделуваме дека повеќето од нашите категории имаат силен двоцифрен органски раст, особено категориите житарки за појадок, кондиторски и прехранбени производи, но и категориите за домашни миленици како и програмата на Nestlé за професионални купувачи“, истакна Maрјана Давидовиќ, генерална директорка на компанијата Nestlé за пазарите на Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

Продажба на ниво на Група

По категорија производи, најголем придонес во органскиот раст имаше категоријата за домашни миленици, која забележа двоцифрен раст. Кафето забележа висок едноцифрен раст, со позитивен развој на продажбата меѓу брендовите и континуирано закрепнување за out-of-home каналите. Храната за бебиња постигна двоцифрен раст во голем број брендови и географски области. Млечните производи забележаа висок едноцифрен раст, со голема побарувачка за кремови за кафе и пристапно збогатено млеко. Кондиторските производи забележаа двоцифрен раст, додека готовите оброци и помошните средства за готвење забележаа среден едноцифрен раст.

Гледајќи ги каналите, органскиот раст на продажбата на мало изнесува 8%. Продажбата на е-трговија се зголеми за 13,5%, достигнувајќи 16,7% од вкупната продажба на Групата. Oрганскиот раст на каналот out-of-home изнесува 17,1%.

Зона Европа

Растот во Зона Европа поддржан е со растот на цените, силниот развој на е-трговија и континуираното закрепнување на out-of-home каналот. Зона Европа забележа пораст на пазарниот удел во храната за домашни миленици, кондиторски производи и храната за бебиња.

Oрганскиот раст изнесува 8,9%, со раст на цените од 11,3%, додека РИГ -2,4%. Вкупната продажба се зголеми за 2% и изнесува 9,5 милијарди швајцарски франци.

Изгледи за 2023 година

Се очекува органски раст на продажбата помеѓу 7% и 8%, додека основната маржа на оперативна добивка при тргување би требало да биде помеѓу 17% и 17,5%. Исто така, се очекува дека основната заработка по акција во постојаната валута ќе се зголеми помеѓу 6% и 10%.