Sort by
Sort by

Вработените во компанијата Nestlé поминаа 96 милиони чекори за два месеца

Back to Press releases
Adriatic

Мај 2011 година

Вработените во компанијата  Nestlé поминаа 96 милиони чекори за два месеца

Во рамките на светската иницијатива Global Corporate Challenge (ГЦЦ)*,  кон крајот на месец мај повеќе од 150 вработени во регионот Nestlé Адриатик започнаа виртуелна прошетка по светот. ГЦЦ иницијативата претставува забавен и едноставен начин да се поттикнат вработените на физичка активност која потоа за кратко време ќе стане дел од нивното секојдневие.

Во регионот Nestlé Адриатик, вклучувајќи ги и вработените во Србија, 23 тимови со по 7 членови секојдневно носеа педометар (бројач на чекори) со цел да направат најмалку 10.000 чекори како дел од својата дневна рутина.  Како алтернатива, на вработените им беше дозволено да ги внесат километрите кои ги прошле возејќи велосипед или пливајќи.

Бројот на изминати чекори или километри, вработените редовно го внесуваа на интернет порталот на ГЦЦ, а тие потоа се акумулираа во вкупен број на чекори на тимот односно на организацијата. Изминатата оддалеченост може да се следи преку таканаречената виртуелна прошетка по светот, а воедно постои можност да се дознаат корисни факти за земјите низ кои вработените патуваат и може да се планираат здрави оброци следејќи ги нутриционистичките совети на самиот портал.

Колку Nestlé е сериозен во намерите да се соочи со растечкиот проблем на намалената телесна активност и нејзините последици, говори и вклученоста на вработените во оваа иницијатива кои со еднаква страст и предаденост прават свесен напор и се одлучуваат на поздрав начин на живот. Во текот на двомесечната програма, вработените во компанијата Nestlé изминаа 96 милиони чекори.

Во промовирањето на здравствената иницијатива, партнерските компании и ГЦЦ  одлучија да вклучат повеќе од 127.000 учесници од речиси 1.000 водечки светски организации во повеќе од 78 земји. Иницијативата трае 16 недели до септември оваа година. Во рамките на оваа иницијатива, вработените се мотивирани да ги користат скалите наместо лифтот, да се симнат од автобусот неколку постројки пред време или пак да се шетаат за време на ручекот. „Одењето е една од најпопуларните, најлесните и најсигурните облици на физичка активност. Ни помага да изгледаме подобро и да имаме вишок енергија, а воедно ни го зајакнува и имунитетот. 

Неверојатно е како нешто толку едноставно како што е одењето, може да има толку големо влијание на организацијата. Оваа иницијатива е единствена во тоа што е достапна за сите без разлика на возраста, полот или нивото на физичка подготвеност. Истовремено таа влијае на намалување на негативното влијание на емисиите на јаглерод диоксид во околината, бидејќи нашите вработени свесно се одлучуваат да одат на работа пеш или со велосипед, наместо да користат превоз. Исто така имаме прилика да придонесеме во создавањето на вредности за локалната заедница, бидејќи за секој вработен кој ќе се пријави, ГЦЦ станува спонзор на основачот во сличниот предизвик за децата - Global Children Challenge “, изјави Вања Бобиќ, задолжена за корпоративната комуникација на Nestlé Адриатик.

*ГЦЦ е организација која е основана во Мелбурн, Австралија со цел да се поттикнат вработените во канцелариите да ја зголемат телесната активност. Ова е осма година за ред како ова иницијатива успешно се спроведува. Независните истражувања на Универзитетот Ланкастер покажаа дека 94,3 % од учесниците во минатогодишниот предизвик планираат да го задржат истото ниво на активност и по завршетокот на иницијативата. За повеќе детали, посетете го веб порталот на ГЦЦ www.gettheworldmoving.com.

Nestlé Адриатик им препорачува на компаниите во регионот да ги вклучат своите вработени во иницијативата за 2012 година.

За дополнителни информации контактирајте го следново лице:

Вања Бобиќ
Корпоративни комуникации - Nestlé Адриатик д.о.о.
Телефон: +381 (11) 20 19 304
Мобилен: +381 64 866 54 16
Е-пошта: [email protected]