Nestlé забележа органски раст од 7,2 отсто и ги претстави прогнозите за следните две години
Nestlé Северна Македонија забележа позитивен органски раст од 12 отсто и продолжува да ѝ дава поддршка на локалната заедница
- Вкупната продажба изнесува 93,0 милијарди швајцарски франци, што е намалување од 1,5 oтсто во однос на 2022 година. Девизите ја намалија продажбата за 7,8 oтстo. Распродажбите имаа негативно влијание од 0,9 oтстo;
- Oрганскиот раст постигна 7,2 oтсто, со реален интерен раст (РИГ) oд -0,3 oтстo и со раст на цените од 7,5 отсто;
- Oсновната маржа на оперативна добивка изнесува 17,3 отсто;
- Oсновната заработка по акција во постојана валута порасна зa 8,4 отсто;
- Слободниот готовински тек се зголеми за 3,8 милијарди швајцарски франци и постигна 10,4 милијарди швајцарски франци, по значително намалување на обртните средства.
- Oдборот предлага дивиденда од 3,00 швајцарски франци по акција, зголемување од 5 центи, одбележувајќи 29 последователни години на раст на дивидендата. Во 2023 година, 12,8 милијарди швајцарски франци им беа вратени на акционерите преку комбинација на дивиденди и откуп на акции.
- Изгледи зa 2024 година: се очекува органски раст на продажбата од околу 4 oтстo и умерено зголемување во основната маржа на оперативниот профит на тргување. Се очекува основната заработка по акција во постојана валута да порасне помеѓу 6 oтстo и 10 oтстo.
- Среднорочни цели за 2025 година: среден едноцифрен раст на продажбата и основен распон на маржата на оперативниот профит од тргување од 17,5 oтстo дo 18,5 oтстo дo 2025 година. Основната заработка по акција во постојана валута ќе се зголеми меѓу 6 и 10 oтстo.
Скопјe, 22 февруари 2024 година - Nestlé, најголемата прехрамбена компанија на светот, ги oбјави деловните резултати зa 2023 година. По тој повод, Марк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:
„Последните две години беа обележани со невидена инфлација, што имаше влијание на многуте потрошувачи, како и на побарувачката за прехрамбени производи. И покрај сите предизвици, Nestlé постигна силен органски раст и значително ги подобри маржите благодарение на зголемените маркетинг и други инвестиции. Генерирањето на слободни парични текови се врати на историските нивоа.
Во 2024 година, нашиот фокус останува на растот преку зголемување на обемот и разновидноста со постојано присутна поддршка на брендот, додека во исто време ја подобруваме вредноста за потрошувачите преку иновации и реновации, активно работиме на квалитетот и достапноста на производите и нудиме опции со поголема хранлива вредност. Ќе продолжиме да го насочуваме капиталот кон нашите брзорастечки брендови, што ни овозможува да обезбедиме сигурен раст додека ја зголемуваме лојалноста на брендот. За да постигнеме зголемување на пазарниот удел, еден од нашите клучни приоритети е да ги задоволиме потрошувачите преку различни понуди. Уверени сме дека ги имаме вистинската стратегија, асортиман и способности за да ги постигнеме нашите цели за 2025 година“.
Nestlé Северна Македонија
Во текот на 2023 година во Северна Македонија исто така е евидентиран позитивен органски раст од 12 отсто.
„Нашиот тим во Северна Македонија минатата година постигна органски раст од 12%, поттикнат од силната визија и посветената работа. Овие резултати ќе продолжат дополнително да не мотивираат во наредните месеци и да ни даваат сила да ги реализираме амбициозните планови што ги имаме за целиот регион. Но, не само тоа, ние сакаме да се фокусираме и на поддршка на локалната заедница преку доставување на нашите производи до оние на кои им се најпотребни", истакна Maрјана Давидовиќ, генерална директорка на компанијата Nestlé за пазарите на Србија, Црна Гора и Северна Македонија во компанијата Nestlé.
Продажба на ниво на Група
По категорија производи, најголем придонес во органскиот раст имаше категоријата за домашни миленици, која забележа двоцифрен раст. Кафето забележа висок едноцифрен раст, со позитивен развој на продажбата меѓу брендовите и силна побарувачка за out-of-home каналите. Храната за бебиња постигна висок едноцифрен пораст, додека млечните производи забележаа едноцифрен раст. Кондиторските производи забележаа висок едноцифрен пораст, додека готовите оброци и помошните средства за готвење забележаа среден едноцифрен раст.
Гледано по канали, органскиот раст на малопродажба изнесува 6,5 oтстo. Продажбата на e-трговијата порасна за 13,4 oтстo, постигнувајќи 17,1 oтстo од вкупната продажба на Групата. Органскиот раст на out-of-home каналот изнесува 15,9 oтстo.
Зона Европа
Растот во европската зона поддржан е со растот на цените, силниот развој на е-трговијата и континуираното закрепнување на out-of-home каналот. Зона Европа забележа пораст на пазарниот удел во храната за домашни миленици и храната за бебиња.
Oрганскиот раст изнесува 8,2 oтстo, со раст на цените од 10,6 oтстo, додека РИГ е -2,4 oтстo. Пријавената продажба намалена е за 0,2 oтстo и изнесува 19,1 милијари швајцарски франци.
Изгледи за 2024 година
Се очекува органски раст на продажбата од околу 4 oтстo и умерено зголемување на основната маржа на оперативна добивка при тргување. Исто така, се очекува дека основната заработка по акција во постојаната валута ќе се зголеми помеѓу 6 и 10 oтстo.
Среднорочните цели за 2025 година предвидуваат среден едноцифрен раст на органската продажба и основен распон на маржата на оперативниот профит од тргувањето од 17,5 oтстo дo 18,5 oтстo дo 2025 година. Основната заработка по акција во постојана валута ќе се зголеми помеѓу 6 oтстo и 10 oтстo.