Историја на Nestlé Nutrition

Во средината на 19 век Анри Нестле, квалификуван фармецевт, почна да проучува разни комбинации на кравјо млеко, пченично брашно и шеќер, обидувајќи се го прошири изборот на исхрана за децата кои мајките не можеле да ги дојат.

Негова крајна цел беше да се намали стапката на смртност кај доенчињата што не биле доени.
Новиот производ го нарече Farine Lactée Henri Nestlé.

Првиот потрошувач на Nestlé беше предвремено родено момче кое не можеше да биде хрането со млеко од жeна, а не поднесуваше кравјо млеко ниту пак која било вообичаена замена, па затоа лекар го сметаа за изгубен случај.
Луѓето веднаш ги препознаа вредностите на новиот производ, откако Nestlé формула го спаси животот на детето. За неколку години Farine Lactée Nestlé е пласирана на повеќето европски пазари.

Уште тогаш, во далечната 1869 година, во својата книга за исхрана на доечињата, Анри Nestlé истакнува дека мајчиното млеко е најдобра храна за секое доенче и секоj жена која може треба да го дои своето дете, а својот нов производ го сметаше за исклучителна замена, кога е тоа потребно.

Од јануари 2006 година, Nestlé Nutrition е самостојна организација внатре во Nestlé, но ги користи ресурсите на најголемата прехранбена компанија бо светот, како и локалната Nestlé организација.

Наша визија и ветување: Подобрување на квалитетот на животот

Со помош на прехранбените производ засновани на научни достигнувања, Nestlé Nutrition помага за подобрување на квалитетот на животот, го подобрува здравјето и се грижи за посебните потреби на потрошувачите во сите аспекти на животот.
На тој начин Nestlé Nutrition гради единствена организација втемелена врз најсовремените достигања на нутриционистичката наука, воведува новитети и така ги поврзува областите на фармацијата и прехранбената индустрија.

Nestlé Nutrition содржи три асортимани на производи:

• Infant Nutrition – линија производи за доенчиња и деца
• HealthCare Nutrition – нуди прехранбени решенија за луѓе со специфични болести, состојби или предизвици карактеристични за одредени рериоди во животот.
• Performance Nutrition – линија производи за спортисти (професионални и рекреативни)