Sort by
Sort by

Мијте ги рацете

Мијте ги рацете
Чистата вода е една од ретките работи во животот што никогаш нема да ги изневери нашите очекувања.

Тешко е да се претера во нагласувањето на важноста од неа. Многу тешко. Всушност, тоа е и невозможно. Чистата вода променува речиси сè.

Набројување на придобивките

Да започнеме со очигледните работи. Да се има чиста вода и канализација значи дека постои можност да се избегне изложувањето на безбројни болести. Секоја година милиони луѓе умираат од болести предизвикани од несоодветен довод на вода, канализација и хигиена. Покрај пневмонијата, дијарејата е главната причина за смрт кај децата под 5 годишна возраст.

Young girls who spent hours collecting water can now be in school instead

Лошите санитарни услови и нечистата вода предизвикуваат приближно 20% од смртните случаи на работното место. Секоја година, тоа чини околу 260 милијарди швајцарски франци за изгубена продуктивност.

Но, придобивките од тоа да се има извор на чиста вода во една заедница се многу, многу поголеми. Кога жените и девојките не би требало повеќе да пешачат милји и милји за да донесат вода секој ден, би имале повеќе време за учење. Стапката на писменост се зголемува. И кога училиштата ќе изградат соодветни тоалети, девојчињата поминуваат повеќе време во училиште, а помалку дома.

ОН проценувадека секој швајцарски франк инвестиран во вода и канализација води кон 4 швајцарски франци во економски приход. Коешто е причината зошто инвестирањето во оваа област е толку ефикасен начин за создавање посилни, поотпорни заедници.

Поврзување на заедниците

На Брегот на Слоновата Коска во Западна Африка, 63% од населението немаат пристап до соодветни санитарни услови. Луѓето често мора да пешачат со километри за да донесат вода која можеби дури не е ни безбедна за пиење, како и да користат заеднички надворешни, нехигиенски тоалети.

Меѓународната федерација на Црвен крст (МФЦК) на Брегот на Слоновата Коска работи на тоа да го зголеми пристапот до чиста вода, канализација и хигиена.

School children are educated about importance of hand-washing

Нестле, како корпоративен партнер кој најдолго време соработува со МФЦК, последните 10 години помага во испорачувањето чиста вода и санитарни услови за речиси 110.000 луѓе во заедниците кои се занимаваат со одгледување какао на Брегот на Слоновата Коска.

Изградени се или реновирани вкупно 181 водена пумпа и 93 блокови на училишни тоалети, како и повеќе од 7.000 семејни тоалети.

Образованието исто така претставува неопходен дел од напорите. Од 2007 година се основани повеќе од 200 комитети за вода и канализација во заедницата, како и 93 училишни клубови за хигиена.

Нивните членови ја промовираат хигиената во својата околина. Тие ги учат луѓето како безбедно да ја складираат водата, како да изградат безбедни санитарни услови и како да ги научат децата убаво да ги мијат рацете. Понекогаш најмалите преземени мерки имаат најголем ефект.

„Нашите внуци нема да ги минуваат овие страдања...“

Аџуа (Adjoua) е 55 годишна вдовица од селото Ндри Кофикро на југот од Брегот на Слоновата Коска. Таа се сеќава дека уште кога била млада, најголемата желба на нејзината заедница била да имаат пристап до безбедна вода за пиење. Традиционално, населението се снабдувало со вода од езерцата и реките во шумата која се наоѓала на два километри од селото.

Денес, 110.000 луѓе на Брегот на Слоновата Коска имаат пристап до чиста вода за пиење и санитарни услови.

Пред МФЦК да се посвети на градењето водоснабдување во селото, прво провери дали може да се воспостави систем за одржливо управување со членовите на заедницата. Комитетот за управување, кој е составен од шест жени и двајца мажи од селото, ја надгледува работата и одржувањето на пунктот за водоснабдување и се справува со сметките кои се однесуваат на приходите од продажбата на вода.

Тоа гарантира дека инвестирањето во пунктот за водоснабдување ќе трае со генерации.

„Сега јас и моите членови на заедницата ќе имаме повеќе време и енергија да се грижиме за нашите семејства, како и за нашите земјоделски активности,“ вели Аџуа. „Нашите внуци нема да минуваат низ сите страдања кои ние ги пребродивме.“

Безбедната вода и подобрата хигиена го намалуваат товарот од болести на семејството и им овозможуваат на жените повеќе време сами да си заработуваат. Да се стави крај на вршењето нужда на отворено значи дека луѓето се побезбедни - особено навечер - а почвата е почиста и растенијата поздрави.

Education programmes teach school children good hygiene habits

Значителен напредок

Околу 768 милиони луѓе сè уште немаат пристап до подобрен извор на вода за пиење, 40% од нив се во суб-сахарска Африка. Треба да помине уште многу време. Но има напредок.

Според програмата која успешно се спроведува во Брегот на Слоновата Коска, следната фаза на проектот веќе започна во Гана каде што сега се градат бунари. Над 76.000 луѓе во заедниците за производство на какао со кои соработува Нестле, ќе имаат подобар пристап до чиста вода и канализација до крајот на 2017 година. 

Со овозможување основни знаење за хигиената и чистата вода, програмата на МФЦК овозможува трајни здравствени придобивки.