Вашите податоци

Клучни прашања и одговори

Ви се заблагодаруваме што ја посетивте нашата веб-страница. Се надеваме дека ќе уживате во дополнителното запознавање со компанијата Nestlé и со нашите производи.

Nestlé го почитува вашето право на приватност при користењето на веб-страницата и при електронската комуникација со нас. Ги презедовме сите потребни мерки за да може личните информации што ни ги даваат да бидат безбедни.

Важно е да се наспомене дека Nestlé Adriatic d.o.o.  е ??? „Контролор на податоците“ (види објаснување на Прашање 18) на вашите лични информации.
Начелата за приватност наведени во оваа изјава се однесуваат на сите „Контролори на податоците “ во Nestlé ???групацијата.

Ви понудивме неколку клучни прашања за кои веруваме дека сакате да го знаете одговорот. Овие одговори ќе ве информираат за правата што се однесуваат на вашите лични податоци и за мерките што Nestlé ги презема за заштита на приватноста и за безбедноста на личните податоци. Се надеваме дека овие информации ќе ви користат.
Доколку имате дополнителни прашања кои се однесуваат на вашите лични податоци или какви било прашања во врска со располагањето со вашите лични податоци, ве молиме да стапите во контакт со секторот за корпоративна комуникација на компанијата Нестлé Адриатик Македонија д.о.о.е.л. на бесплатниот инфо-број 0800 00 200, на имејл-адреса info@mk.nestle.com или пишете ни на адреса Адриатик Македонија д.о.о.е.л., бул. Партизански одреди 59а, 1000 Скопје.
Ги издвоивме најчестите прашања кои ќе ви помогнат полесно и побрзо да ги пронајдете одговорите.
Со кликање на кое било од следните прашања ќе бидете пренасочени на соодветниот одговор во главниот текст.

  1. Кои лични податоци Nestlé ги прибира преку оваа веб-страница и на кој начин? 
  2. Како Nestlé ја осигурува безбедноста на вашите лични податоци? 
  3. За кои цели Nestlé ги користи вашите лични податоци? 
  4. Кому Nestlé Група ги открива вашите лични податоци и зошто? 
  5. Како може да ги видите, проверите, измените или да ги избришете личните податоци што сте ни ги пратиле? 
  6. На кои земји вашите лични податоци ќе им бидат пратени и зошто? 
  7. 'Cookies' ("технологија на следење") – Како и зошто Nestlé ги користи? 
  8. E-маркетинг – Што е SPAM и каков став зазема Nestlé кога станува збор за SPAM електронска пошта? 
  9. Колку долго Nestlé ги задржува вашите лични податоци? 
  10. Каква е политиката на Nestlé за прибирањето на податоците што ги добива од деца што ги користат Nestlé веб-страниците? 
  11. Дали Nestlé веб-страницата се поврзува со другите веб-страници и што тогаш се случува со моите лични податоци? 
  12. Што се случува со моите лични податоци кога некому ќе испратам Nestlé веб-страница по електронска пошта? 
  13. Што се случува со моите лични податоци ако преку оваа веб-страница учествувам во онлајн-анкета на Nestlé? 
  14. Што е еднократна пријава? 
  15. Може ли Nestlé дополнително да ги промени условите на Политиката на приватност? 
  16. Каде може да пронајдам повеќе информации за правните прашања на Nestlé веб-страницата и за моите законски права и одговорности? 
  17. Преку кои адреси може да се информирам доколку имам дополнителни прашања за моите лични податоци? 
  18. Кои услови со правни дефиниции се користени во Изјавата за приватност на податоците на Nestlé?  
  19. ВАЖНО – Зошто мора да ги прифатам условите наведени во Изјавата за приватност? 

1. Кои лични податоци Nestlé ги прибира преку оваа веб-страница и на кој начин?

Ги прибираме само оние лични податоци што вие сакате да ни ги дадете или оние што се неопходни за да ви ги обезбедиме (и да ги унапредиме) услугите. Ги прибираме директните лични податоци како што се: име, адреса и имејл-адреса, како и недиректни податоци како што се „cookies“ (следење), врска и информации за системот.
Може да ни ги дадете своите имејл-адреса, име, телефонскиот број и сл., за да ви дадеме информации за нашите производи, за можностите за учество во нашите натпревари или анкети или едноставно ако сакате да бидете информирани за активностите на компанијата Nestlé.
Доколку сакате да почнете кариера во компанијата Нестлé Адриатик Македонија дооел, може да се пријавите на конкурс за слободно работно место или да испратите биографија на имејл-адреса: human.resources@mk.nestle.com.
Бидете сигурни дека компанијата Нестлé Адриатик Македонија дооел ги презема сите неопходни мерки за да ја обезбеди сигурноста на вашите лични информации.

Врати се на врвот

2. Како Nestlé ја осигурува безбедноста на вашите лични податоци?

Nestlé ги презема сите потребни мерки за да бидат безбедни вашите лични информации. Само овластени вработени во компанијата Нестлé Адриатик Македонија дооел, партнерските компании што ни даваат услуги и нашите деловни партнери, т.е. овластени вработени (кои со договор се обврзале дека ќе ги чуваат сите информации, имаат пристап до вашите лични податоци.

Вработените во Nestlé кои имаат пристап до вашите лични податоци мора да се придржуваат кон правилата на Изјавата за приватност на Nestlé, а сите деловни партнери кои имаат пристап до вашите лични податоци, имаат потпишано договор за заштита на податоците.

Исто така, договорите ги имаат потпишано и партнерските компании што имаат пристап до вашите лични податоци, за да бидеме сигурни дека тие информации и понатаму ќе бидат сигурни. За да ја обезбедиме сигурноста на вашите лични податоци, Nestlé постојано го надградува својот Информатички систем, па на тој начин има соодветни мерки за спречување на неовластен пристап (на пр. хакирање).

Ве молиме, видете го Прашање 4 – Кому Nestlé Група ги открива вашите лични податоци и зошто?

Врати се на врвот

3. За кои цели Nestlé  ги користи вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ќе се користат само во интерес на работењето на Nestlé, како и за управување, поддршка и добивање повратни информации за дадената услуга и за да се спречи нарушувањето на безбедноста, на законите и на условите од договорот.

Врати се на врвот

4. Кому Nestlé Група ги открива вашите лични податоци и зошто?

Nestlé никогаш нема вашите лични податоци да ги споделува со деловните соработници кои имаат намера да ги искористат за директни маркетиншки цели, освен ако ни немате дадено дозвола за тоа.

Nestlé одредби:

(i) Директен маркетинг преку имејл
(ii) Ваше право е во секое време да побарате од компанијата Nestlé престан на контактирањето преку електронска пошта во маркетиншки цели
(iii) Имате право да барате бришење на личните информации од нашите системи – ве молиме, видете ги Прашање 8 и 5.

Nestlé може вашите лични податоци да ги споделува со другите компании во рамките на Nestlé Група.
Nestlé исто така може вашите лични податоци да ги споделува со партнерските компании, но само во подолу наведените строго ограничени околности:

• може да ги понудиме вашите лични податоци на партнерските компании (како што е нашиот давател на интернет-услуги), кои ни помагаат во одржувањето на оваа веб-страница. Некои од овие деловни партнери може да имаат седиште надвор од земјата во која сте пристапиле во оваа веб-страница.

Нашиот главен давател на услуги за интернет-страниците се наоѓа во САД. Ве молиме, видете го Прашање 6 – „На кои земји вашите лични податоци ќе им бидат пратени и зошто“.
Нашите партнерски компании мора во секој момент да овозможат исто ниво на безбедност на вашите лични податоци како и Nestlé. Тие имаат обврска да ги почитуваат правните одредби од договорот за чување на вашите лични податоци што ги обработуваат само според инструкции од страна на Nestlé.

• Може да ги проследиме вашите лични податоци до државни тела и агенции за спроведување на законот во следниве ситуации:

- Должни сме тоа да го направиме според барањата на кој и да е применлив закон или ако процениме дека таквото дејство е неопходно за одвивање на правниот процес;
- Во согласност со правните барања или дејства или заради заштита на правата на Nestlé Група или на своите клиенти и јавноста.

• Во неколку ограничени околности, може вашите лични податоци да ги пренесеме на потенцијални соработници во некои од деловните активности на Nestlé, но под услов ако (i) договорно сме обезбедиле трајност и сигурност на податоците, (ii) кога ги пренесува личните податоци, Nestlé да постапува во согласност со важечките локални закон

Врати се на врвот

5. Како може да ги видите, проверите, измените или да ги избришете личните податоци што сте ни ги пратиле?

Имате право во неколку земји да се обратите на компании (како што е Nestlé) за да ви ги обезбедат сите потребни информации што ги  складираат за вас. Некои државни закони може да бараат плаќање на помал надомест за таа дејност. Исто така, може да ги избришете, да ги исправите или да ги промените своите лични податоци со испраќање имејл на: info@mk.nestle.com или писмо на адреса: Нестлé Адриатик Македонија дооел, бул. Партизански одреди 59а, 1000 Скопје, телефон 0800 00 200.

Врати се на врвот

6. На кои земји вашите лични податоци ќе им бидат пратени и зошто?

Nestlé е глобална компанија и вашите лични податоци може да се пренесуваат преку меѓународните граници. Вашите податоци може да се пренесат во земјите кои имаат различни нивоа на заштита на податоците од земјите во кои сте ги предале своите лични податоци. Исто така, вашите лични податоци може да бидат пренесувани меѓу разните претставништва на Nestlé Група со седиште во разни земји. Nestlé презема соодветни мерки за одржување на сигурноста на личните податоци во текот на преносот и примањето на податоците.
Серверот на оваа веб-страница може да се наоѓа надвор до земјата во која сте пристапиле во веб-страницата. Нашиот главен сервер за повеќето веб-страници е сместен во САД. Овој сервер е обврзан со договор да осигури висок стандард на заштита на приватноста и бара (меѓу другите одредби) информациите да се користат само според упатствата на Nestlé и ги извршува сите потребни технички мерки врз трајна основа за да ја обезбеди сигурноста на вашите лични податоци.

Врати се на врвот

7. 'Cookies' ("технологија на следење") – Како и зошто Nestlé ги користи?

Nestlé ја користи технологијата на следење (cookies) за прибирање лични податоци како што се видови ?????прегледници и оперативен систем, соодветната страница, патот преку страницата, ISP-доменот и слично, за да разбереме како посетителите ја користат оваа веб-страница. Cookies ни помага во приспособувањето на оваа веб-страница кон вашите лични потреби.
Nestlé ги чува сите информации собрани преку cookies во не-лично идентификуван формат. Овој тип информации добиени преку cookies нема да бидат проследени надвор од Nestlé Група или кон определени трети страни. Нема да се користат за непредвидени комуникации.
Cookies сместени на вашиот компјутер не го содржат вашето име, туку IP-адресата. Откако сесијата на корисникот е прекината, информациите содржани во cookies повеќе не му се достапни на Nestlé.

Ве молиме да проверите дали нагодувањето на вашиот компјутер поддржува можност за прифаќање на cookies или не. Може да го нагодите вашиот компјутер така што ќе ве предупреди пред да ги прифатите cookies или може да го нагодите да ги одбива, иако во тој случај нема да имате пристап до сите можности  на оваа страница.

Под опцијата „Help“ на менито проверете како тоа може да го сторите. Не мора да имате вклучена опција за примање на cookies за да ги користите повеќето делови од оваа и од други веб-страници на Nestlé.

Запомнете: доколку користите различни компјутери на различни места, ќе мора да проверите дали секој од нив е приспособен кон вашето нагодување на примање на cookies

Врати се на врвот

8. E-маркетинг – Што е SPAM и каков став зазема Nestlé кога станува збор за SPAM електронска пошта?

Spam претставува место каде што се складираат несаканите е-пораки што содржат реклами или маркетиншки материјали испратени без ваша согласност.
Nestlé не испраќа SPAM имејл-пораки. Nestlé користи анти-спам алатки за заштита на вработените од примање на спам-пораки. Испраќање имејл-пораки без согласност на другата страна е незаконито во многу земји. Nestlé нема да ги користи вашите лични податоци (вклучувајќи ја и вашата имејл-адреса) за директен маркетинг или за следење на комуникациите, освен доколку не ни дадете посебна дозвола. Ова се нарекува согласност „OPT-IN“.
Исто така, Nestlé нема да ги дели вашите лични податоци со трети лица што би ги користеле вашите лични информации за испраќање спам-мејлови.
Nestlé веб-страниците овозможуваат да добиете информации за маркетинг преку имејл. Секоја имејл-порака испратена од Nestlé ќе ви даде можност во секое време да престанете да примате маркетиншки имејлови.
Ако од некоја причина верувате дека сте добиле безвредна е-пошта од страна на Nestlé Група, ве молиме, известете нè веднаш на дадената адреса. За деталите за адресата видете го Прашање 5 – Како може да ги видите, проверите, измените или да ги избришете личните податоци што сте ни ги пратиле?

Врати се на врвот

9. Колку долго Nestlé ги задржува вашите лични податоци?

Nestlé може да ги складира личните информации испратени преку оваа веб-страница во своите бази на податоци. Вашите лични податоци ќе се чуваат од страна  на Nestlé Група само онолку долго колку што е неопходно да одговори на прашањето или да ги реши проблемите, да обезбеди подобри и нови услуги, а во согласност со законските одредби според важечкиот закон.

Тоа значи дека може да ги задржиме вашите лични информации откако ќе престанете да ги користите услугите на Nestlé или ќе прекинете со користењето на оваа веб-страница. По тој период, вашите лични информации ќе бидат избришани во сите системи во рамките на Nestlé Група.

Ве потсетуваме дека имате право вашите лични податоци да бидат избришани во кој и да е момент. Ве молиме, видете го Прашање 5 Како може да ги видите, проверите, измените или да ги избришете личните податоци што сте ни ги пратиле?

Врати се на врвот

10. Каква е политиката на Nestlé за прибирањето на податоците што ги добива од деца што ги користат Nestlé веб-страниците?

Веруваме дека е многу важно да ја заштитиме приватноста на децата во светот на електронските комуникации и да ги поттикнеме родителите или старателите да минуваат повеќе време со своите деца и да учествуваат и да ги следат нивните електронски активности.
Ние не прибираме лични податоци од деца под 13 години, освен на некои веб-страници наменети за деца.

На тие веб-страници, прибираме лични информации во согласност со сите локални закони и прописи за правата на приватност на децата. Доколку родителите или старателите дадат согласност детето да остави лични податоци, ние ќе ги прашаме децата само за лични информации што се неопходни за учество во програмата за која детето ќе се регистрира.

Веб-страници наменети за деца
Посебна напомена за деца под 16 години

Доколку сте помлади од 16 години, советуваме да разговарате со својот родител или старател пред да оставите лични податоци на веб-страниците на Nestlé. Доколку не сте сигурни дека сте разбрале нешто во овој дел, ве молиме, обратете им се за помош на родителите или старателите.

Посебна напомена за родители на деца помлади од 16 години

Препорачуваме родителите/старателите редовно да ја следат и да ја проверуваат електронската активност на своите деца.
Ве молиме, погрижете се вашето дете да не дава информации за лична идентификација по електронски пат без ваша дозвола.

На сите посетители под 16 години ќе им бараме имејл-адреса од родител или старател, за да обезбедиме родителите/старателите да добијат копија од секоја имејл-порака што ја испраќаме на нивните деца. Во секој момент може да проверите, да ги менувате или да ги бришете личните податоци на своето дете.

Освен тоа, може да побарате да се избришат сите информации од вашето дете така што ќе ни испратите барање за бришење на адресата наведена во Прашање 5 – Како може да ги видите, проверите, измените или да ги избришете личните податоци што сте ни ги пратиле?

Врати се на врвот

11. Дали Nestlé веб-страницата се поврзува со другите веб-страници и што тогаш се случува со моите лични податоци?

Линковите на другите веб-страници на Nestlé Група може да ве одведат надвор од мрежата на Nestlé Група. Nestlé Група нема одговорност за содржината, точноста или функцијата на тие страници. Линковите се дадени со добра намера и Nestlé групата не се смета одговорна за какви било подоцнежни промени на другите веб-страници за кои сме дале линк. Вклучување на линкови на други веб-страници не значи потврда од Nestlé Група. Ви препорачуваме да бидете претпазливи и внимателно да ги прочитате законските известувања за приватноста на другите веб-страници што ги посетувате.

Врати се на врвот

12. Што се случува со моите лични податоци кога некому ќе испратам Nestlé веб-страница по електронска пошта?

Некои од нашите веб-страници ви даваат можност преку имејл да ја испратите адресата на веб-страницата на друго лице. Наведената функција подразбира дека можеби ќе ја добиеме вашата имејл-адреса и/или имејл-адресите на оние на кои сте им ја испратиле веб-страницата. Имејл-адресите прибрани на овој начин не се користат за која било друга цел освен за исполнување на вашето барање. Овие имејл-адреси не се чуваат и се бришат веднаш по исполнување на барањето.

Врати се на врвот

13. Што се случува со моите лични податоци ако преку оваа веб-страница учествувам во онлајн-анкета на Nestlé?

Одвреме-навреме, може да ги прашаме посетителите на нашите веб-страници да учествуваат во анкети, кои главно се однесуваат на содржината на сајтот, на нашите производи или на категориите производи. Можеби ќе бараме информации за возраста, полот и/или други не-лични податоци. За потребите на ова истражување може да ги додадеме информациите добиени од cookies, но не и личните информации. Добиената лична информација не е врзана за кои било лични информации што можеби веќе сте ни ги дале. Личните информации добиени од анкетата и истражувањето се само за интерна употреба во Nestlé, но генерички добиените информации што не ја откриваат личната идентификација може да се делат со други.

Врати се на врвот

14. Што е еднократна пријава?

За да се одвива полесно процесот на регистрација, користиме алатки за еднократна регистрација на многу Nestlé веб-страници. Со оваа алатка, кога се регистрирате на наша веб-страница, овие информации може автоматски да ви бидат достапни за регистрација на други Nestlé веб-страници. Вашите лични податоци остануваат заштитени, а ние секогаш ќе бараме ваша директна согласност или OPT-IN да примате информации преку Nestlé веб-страницата пред да бидете додадени на која било имејл-листа.

Врати се на врвот

15. Може ли Nestlé дополнително да ги промени условите на Политиката на приватност?

Го задржуваме правото за измена и исправка на ова известување. Ве молиме, пристапувајте на оваа веб-страница одвреме-навреме за да имате преглед на новите информации.

Врати се на врвот

16. Каде може да пронајдам повеќе информации за правните прашања на Nestlé веб-страницата и за моите законски права и одговорности?

За подетаљни информации, видете „Услови и правила за користење“  достапен со клик на овој линк или директно на оваа страница.

Врати се на врвот

17. Преку кои адреси може да се информирам доколку имам дополнителни прашања за моите лични податоци?

Имејл-адреса: info@mk.nestle.com
Поштенска адреса: Нестлé Адриатик Македонија дооел, бул. Партизански одреди 59а, 1000 Скопје
Инфо број: 0800 00.

Врати се на врвот

18. Кои услови со правни дефиниции се користени во Изјавата за приватност на податоците на Nestlé?

Личните информации подразбираат лични податоци и секоја информација во врска со вас која може директно или индиректно да ве идентификува (на веб-страниците тоа е обично вашата имејл-адреса).

Обработката на личните податоци ја означува секоја операција или низата операции што се вршат врз основа на вашите лични податоци, вклучувајќи прибирање, снимање, организирање, чување, приспособување или менување, пребарување, консултации, употреба, откривање за пренос, дистрибуција или на друг начин ставање на располагање, порамнување или комбинирање, блокирање, бришење или уништување (т.е. која и да е активност што компанијата Nestlé ја спроведува а ги вклучува личните информации што ни ги испраќате).

Врати се на врвот

19. ВАЖНО – Зошто мора да ги прифатам условите наведени во Изјавата за приватност?

Nestlé е глобална компанија која го користи интернетот за добивање и за обработка на вашите лични податоци. Секако, тоа подразбира обработка и пренос на вашите лични податоци преку граница.

Оваа Изјава за приватност ви ги дава сите неопходни информации (на едноставен начин) за да може да изберете дали да ја користите оваа веб-страница и да ги испратите своите лични податоци на компанијата Nestlé или не.

Во согласност со тоа, при посетата на нашата веб-страница и при комуникацијата по електронски пат со нас, се согласувате и прифаќате да ги обработуваме вашите лични информации на начин како што е дефинирано во оваа Изјава за приватност.
Ако побарате да ви дадеме определени услуги (натпреварување, newslwtter, нови детали за производи, итн.), од вас ќе мора да бараме додатни директни лични податоци (име, адреса и имејл-адреса). Во таков случај, ќе бараме ваша согласност за добивање и за користење на овие лични податоци, кои ќе се користат само за целта за која сте ни ги доставиле.

Ако имате какви било прашања во врска со оваа Изјава за приватност, ве молиме, јавете се во Nestlé на адресата наведена во Прашање 5 и со задоволство ќе ви одговориме.

Врати се на врвот

VEVEY, April 2006
Copyright © Société des Produits Nestlé S.A. 2010