Sort by
Sort by

Циркуларна економија и рециклирање во светот

Циркуларна економија и рециклирање

Фотографијата на слабичко морско коњче чиешто опавче е замотано околу фрлена чепкалка за уши и кој плови во загадените води, се најде на насловните страници на списанијата ширум светот.

За многу луѓе, сликата беше перфектна илустрација за да се покаже до која мера е штетно загадувањето со пластика за нашата животна средина, а особено на нашите океани и брегови. На оваа фотографија од 2017 година и на нејзината моќна и вознемирувачка порака се присетивме оваа година на Светскиот ден на животната средина World Environment Day, посветен на темата „Победете го загадувањето со пластика“.

Во Централна и Западна Африка, прашањето за пластичниот отпад е голем еколошки проблем за многу од градските и приградските населенија. Гана има повеќе од 28 милиони граѓани и е една од економиите кои денес најбргу се развиваат во светот. Неодамна, една статија во „Quartz Africa“ изјави дека само Акра дневно произведува околу 3000 тона отпад. Тоа е еднаква тежина како десет авиони од типот Боинг 747. Тоа е причината зошто преминувањето кон циркуларна економија во однос на пластиката во Гана и многу други земји во регионот и подалеку имаат толку голем потенцијал.

Вистина е дека веќе постојат многу неформални рециклирања, со многу иновативни мали бизниси и НВО кои работат на новите начини за повторно искористување на пластиката. Меѓутоа, денес нема поголема инфраструктура за рециклирање или иницијатива кои би се занимавале со тоа количество на отпад.

Во Нестле, ние сме посветени во преземање активна улога во развојот на добро организираните шеми за собирање, сортирање и рециклирање во сите земји каде што работиме по пат на соработка со други заинтересирани страни. Не само што веруваме дека треба да преземеме важна улога во сето тоа, туку и вложуваме напори во тој правец.

Во април 2018 година, како група, поставивме амбициозна цел до 2025 година да постигнеме 100% од нашите пакувања да може да се рециклираат или повторно да се користат. Пакувањето е клучно за нашиот бизнис. Тоа игра важна улога во испорачувањето безбедна храна со висок квалитет на нашите потрошувачи, како и напорите за намалување на прехранбениот отпад.

Меѓутоа, мораме да се трудиме уште многу за да обезбедиме пакувањето коешто го користиме да биде одржливо. Ова вклучува: отстранување на пластиката што не може да се рециклира, поттикнување на користењето пластика која овозможува подобра стапка на рециклирање, како и отстранување или промена на комплексната комбинација на материјали, со постојано оптимизирање на пакувањето кое го користиме. 

Оваа визија – за да ниедно од нашето пакување, вклучувајќи ја и пластиката, не заврши во депонија или во ѓубриште – точно дека е глобална, но мора да се реализира и на локално ниво.

Како компанија горди сме што сами на себе си поставивме цел да исполниме толку амбициозен план, што е суштински дел за зголемување на квалитетот на животот и допринесување на здрава иднина.

Во Централна и Западна Африка ќе направиме сè што е возможно и ќе вложиме напори за остварување на оваа цел. Горди сме што можеме да кажеме дека сме еден од членовите-основачи на Ганската иницијатива за рециклирање од страна на приватните претпријатија, која ги поддржува напорите на владата во управувањето со пластичниот отпад. Како еден од осумте членови во коалицијата, заедно со другите индустриски компании работиме на интеграцијата за решавање на одржливото управување со отпадот и за застапувањето на подобрените пракси за управување со отпадот во Гана.

Нестле во Нигерија е една од 5те компании-членови на Сојузот за рециклирање храна и пијалаци, кој претставува организација на одговорните произведувачи во секторот под шемата за Проширени одговорности на произведувачите.

Овој сојуз го заврши развојот на одржливиот план за собирање и рециклирање, со почетен фокус на главниот материјал за пакување на храна и пијалаци, што претставува значаен предизвик за националниот систем на управување со отпадот во таа земја – „PET“ шишиња, пластични/најлон кеси и асептично пакување.

Целта на Нестле во Нигерија е да придонесе за зголемувања на стапката за собирање и рециклирање на отпадот во целата земја, да обезбеди нови вработувања преку надоградливи решенија за рециклирање, како и да ја ангажира владата да помогне во решавање на проблемот за пластичниот отпад. Истовремено, и понатаму настојуваме да најдеме начин за да го избегнеме користењето на пакувањата каде и да е возможно.

Но ова е само почеток. Нестле има и поголема амбиција – ширум светот настојува до 2030 година да постигне нула влијание врз животната средина во своите глобални работи.

До тогаш, се надеваме дека најновите фото-новости нема повеќе да го нагласуваат негативното влијание на човековата активност на нашата животна средина, туку ќе покажува што може да се постигне со заедничка работа за формирање одржлива потрошувачка и користење на ресурсите, со кои ќе управуваме на начин за да ги зачуваме за идните генерации.

Задоволство ни е што ние сме оние кои го посочуваме вистинскиот пат. Секој може да биде дел од решението за намалување на користење на пластичниот отпад со преземање поединечни или заеднички дејствувања.