Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.

THOMY солените палачинки

THOMY солените палачинки

Како ладно предјадење или вкусна вечера - пробајте ги THOMY солените палачинки со туна.


 

  

 

 


Состојки: ​
За тестото за палачинки:​
1 l вода​
500g брашно​
2 лажици шеќер​
8 лажици маслиново масло​
2 лажички прашок за пециво​
2 лажички сода бикарбона​
малку сол​

За намазот: ​
THOMY Delight ​
4 конзерви туна во парчиња​
2 главици кромид​
2 чешниња лук​
400 g шампињони​
сол, црн пипер, оригано, сушен босилек​
2 лажици маслиново масло​

Подготовка на тестото: ​
1. Измешајте ги сите состојки за тестото и додајте вода.​
2. Сè рачно измешајте со маталка и печете ги палачинките на тефлонска тава со малку масло.​


Подготовка на намазот: ​
1. Исечкајте го кромидот и кратко продинстајте го на маслиново масло.​
2. Исечкајте ги ситно шампињоните и додајте ги на динстаниот кромид, па сè заедно пржете во наредните 10-ина минути, додавајќи сол и црн пипер по желба.​
3. Кога шампињоните ќе бидат готови измешајте ги со туната и со иситнетиот лук.​
4. Во така добиената изладена смеса додајте едно пакување THOMY Delight и мешајте додека не добиете компактна смеса.​
5. Премачкајте ги претходно подготвените палачинки со добиениот намаз.​


Со овие палачинки нема да изостане ниту вкусната трпеза ниту пак воодушевувањето на вашите најблиски за вашата посна трпеза!​