Sort by
Sort by

THOMY солените палачинки

THOMY солени палачинки

Како ладно предјадење или вкусна вечера - пробајте ги THOMY солените палачинки со туна. Овој оброк е идеален за ситуации кога немате многу време, а сакате вкусен оброк кој брзо се подготвува. За да го спречите отпадот од храна, можете да го користите овој рецепт кога имате риба од минатите оброци кои ве чекаат во фрижидерот, спремни за следниот оброк. Без разлика дали постите или само сакате да обрнете повеќе внимание на вашата исхрана, овој рецепт е совршен придружник за вас. Тука можете да видите што ви треба за овој вкусен оброк.

Состојки:​

  • За тестото за палачинки:
  • 1 l вода
  • 500g брашно​
  • 2 лажици шеќер​
  • 8 лажици маслиново масло​
  • 2 лажички прашок за пециво​
  • 2 лажички сода бикарбона​
  • малку сол​

За намазот:​

  • THOMY Delight
  • 4 конзерви туна во парчиња​
  • 2 главици кромид​
  • 2 чешниња лук
  • 400 g шампињони​
  • сол, црн пипер, оригано, сушен босилек
  • 2 лажици маслиново масло​

Подготовка на тестото:​

  1. Измешајте ги сите состојки за тестото и додајте вода.​
  2. Сè рачно измешајте со маталка и печете ги палачинките на тефлонска тава со малку масло.​

Подготовка на намазот:

  1. Исечкајте го кромидот и кратко продинстајте го на маслиново масло.​
  2. Исечкајте ги ситно шампињоните и додајте ги на динстаниот кромид, па сè заедно пржете во наредните 10-ина минути, додавајќи сол и црн пипер по желба.​​
  3. Кога шампињоните ќе бидат готови измешајте ги со туната и со иситнетиот лук.​
  4. Во така добиената изладена смеса додајте едно пакување THOMY Delight и мешајте додека не добиете компактна смеса.​
  5. Премачкајте ги претходно подготвените палачинки со добиениот намаз.

Со овие палачинки нема да изостане ниту вкусната трпеза ниту пак воодушевувањето на вашите најблиски за вашата посна трпеза!