Sort by
Sort by

Паста со морски плодови

Медитеранските вкусови никогаш не ни биле поблиску! Брзата, лесна и вкусна паста со морски плодови ќе ве однесе на море додека кажете „Тоа е мој THOMY“. Сервирајте ја за романтична вечера која секому ќе му го освои срцето. Оваа паста е совршена за топли летни денови, кога ни треба лесна храна полна со бои и летни вкусови.

Потребно ви е

  • 400g мешани морски плодови​
  • 400g посни таљатели​
  • сос THOMY Garlic
  • 3 чешниња лук​
  • 1 лажица исечкан магдонос​
  • 4 лажици маслиново масло​
  • кора од лимон
  • мешавина од зачини, морска сол​

Подготовка:

  1. Испасирајте го и кратко пропржете го лукот на маслиново масло. Потоа додајте ги морските плодови и и нив кратко пропржете ги.
  2. Додајте магдонос, рендана кора од лимон и зачини по вкус, па сè заедно проварете додавајќи малку вода за морските плодови да омекнат.
  3. Сварете ги таљателите во солена вода со неколку капки маслиново масло, а потоа исцедете ги од непотребната течност. Кога морските плодови ќе се изладат, додајте сос THOMY Garlic и сè заедно измешајте.​
  4. Прелијте ги таљателите со сосот од морските плодови и послужете со добра чаша изладено бело вино.​