Многумина го бираат лососот токму поради специфичниот и неодржлив вкус, сепак, многумина дури не знаат колку е здрав лососот навистина. Лососот е најдобар кога станува збор за нашето кардиоваскуларно здравје, бидејќи е калиум, кој се наоѓа во лососот, кој влијае на нивото на крвниот притисок. Исто така е важно како храна и за подобро функционирање на нашиот мозок и подобро размислување.
Не морате да одите во скапи ресторани за да подготвите гала-вечера за себе и своите пријатели. Следете го овој едноставен рецепт и засенете ги сите со неколку кулинарски трикови за кои ќе ви помогне THOMY тоа е совршен додаток на било кој оброк.
Потребно ви е:
- 1 kg филе од лосос
- 2 лажици сенф
- 3 лажици соја-сос
- 6 лажици маслиново масло
- THOMY
- 2 чешниња лук
Подготовка:
Филетите од лосос исечете ги на помали парчиња.
МАРИНАДА: Во посебен сад измешајте сенф, соја-сос и маслиново масло. Изгмечете го лукот и сè заедно измешајте додека смесата не се изедначи. Претходно исечените парчиња лосос добро натопете ги во маринадата и оставете да отстои најмалку 10 минути.
Загрејте ја грил-тавата на средна температура и ставете малку масло, само толку колку лососот да не се лепи.
Лесно печете ги парчињата риба, од секоја страна по 4-5 минути и внимателно превртувајте.
Препорачуваме најпрво да почнете со печење од онаа страна на која се наоѓа кожата. Кога лососот ќе поцрвени префрлете го во голема чинија и прелијте го со остатокот од маринадата. Оставете да отстои уште неколку минути и на крајот зачинете со THOMY.
Отстранете ја кожата и служете го топол, со прилог од рукола, лимон или варена блитва.