Sort results by
Sort results by

Дали Nestlé користи детски труд во својот синџир на снабдување со какао?

Дали има детски труд во вашиот ланец на снабдување во Брегот на Слоновата Коска?

Ниту една компанија што снабдува какао од Брегот на Слоновата Коска и Гана не може целосно да го отстрани ризикот од детски труд во синџирот на снабдување chain. Nestlé не се разликува, но одлучни сме да го решиме проблемот.

Се занимаваме со детскиот труд во нашиот синџир на снабдување со какао преку пионерски програми за мониторинг и ремедијација во Брегот на Слоновата Коска и Гана, кои се дел од Планот за какао на Nestlé .

Во октомври 2017 година,  Nestlé објави извештај (pdf, 5Mb) во кој, за првпат се наведува важниот напредок што сме го постигнале во борбата против детскиот труд. Меѓутоа сфаќаме дека сè додека постои детски труд на фармите со какао, има уште многу да се направи.

Укинувањето на детскиот труд е заедничка одговорност, а Nestlé сака да преземе колективна акција со сите кои се посветени да се справат со тоа.

Ние силно се спротивставуваме на каков било вид на експлоатација на деца, а се обврзуваме тоа да го спречиме и елиминираме во нашиот синџир на снабдување. Тоа е наведено во нашите  Заеднички деловни принципи и Стандардот за одговорно снабдување,  кои го насочуваат однесувањето на нашите вработени и деловни партнери ширум светот.

Што точно е ’детски труд‘?

Меѓународната организација за труд го дефинира детскиот труд како работа што на децата им го одзема детството, нивниот потенцијал и достоинство и им штети на нивниот физички и ментален развој. Еден пример се децата кои носат тешки товари од обрани зрна од какао.

Детски труд најмногу се јавува кога децата ги поддржуваат своите родители на фарми во Западна Африка. Децата можат да вршат лесна, неопасна работа на семејни фарми. Меѓутоа, тоа не смее да предизвика ментална или физичка штета и не треба да ги лиши од пристапот до образование.

Што прави Nestlé за да се справи со детскиот труд во секторот на какаото?

Детскиот труд во секторот на какаото најчесто е резултат на комбинација од недостаток на пристап до образование, сиромаштија и недостаток на свест за опасностите од таквата работа.

Nestlé работи со локалните заедници за да се справи со злоупотребата на детскиот труд и да одговори на основните причини, истовремено обезбедувајќи овие заедници да останат финансиски и општествено одржливи.

Во 2012 година, ние воспоставивме Систем за мониторинг и оздравување на детскиот труд (СМОДТ) во Брегот на Слоновата Коска - работиме со швајцарската непрофитна Меѓународна иницијатива за какао (МИК) – што опфаќа кооперативи кои се наоѓаат во рамките на Планот на Nestlé за какао. Во 2016 година, започнавме со воведување на (СМОДТ) во Гана.

Нашиот систем користи локално регрутирани „лица за врски во заедницата“ и „агенти за детски труд“. Тие работат да ја подигнат свеста за детскиот труд во заедниците, да ги идентификуваат децата во ризик и своите наоди да ги достават до нас и нашите добавувачи.

Ние бевме првиот купувач на какао кој воспостави таков систем, кој сега опфаќа повеќе од 2.000 заедници и 65.000 земјоделци во Брегот на Слоновата Коска. Од 2012 година, системот ни помогна да идентификуваме над 25.000 деца вклучени во детскиот труд. Ние помогнавме на над 11.130 деца да се оттргнат од работа, а преземаме активност за да помогнеме на останатите кои сè уште се деца (односно под 17 години). Две години по добивањето на помошта, анализата покажува дека над 50% од тие деца не се враќаат да работат во секторот. Во 2016 година, почнавме шемата да ја воведуваме во Гана, а сега опфаќа 2800 земјоделци во четири области.

Nestlé, исто така, се зафаќа со детскиот труд, со тоа што им помага на децата во заедниците во кои се одгледува какао да посетуваат училиште. Ние изградивме или реновиравме 42 училишта за потребите на повеќе од 11.000 деца. Во 2016 година, започнавме партнерство со Фондацијата Џејкобс за подобрување на квалитетот на образованието, изградивме повеќе од 40 мали „училишта мостови“ во кои, досега се школувале повеќе од 3100 деца. Мерките, исто така, вклучуваат обезбедување изводи од матичната книга на родените за децата за да можат да имаат пристап до постоечките образовни утанови.

Каква ’ремедијација‘ пружате на децата?

’Ремедијацијата‘ се однесува на помошта  што ја пружаме кога ќе идентификуваме дете кое е изложено на ризик од експлоатација на неговиот труд. Ова може да биде едноставно како помош на семејството да добие копија од изводот на родените на своето дете за да може да се запише на училиште или да им обезбеди школска опрема и униформа.

Дававме поддршка за да помогнеме да се зголемат приходите во домаќинството – така што децата нема да мора да работат и семејствата можат да си дозволат да ги испратат на училиште. На пример, помогнавме на групи жени да почнат да одгледуваат земјоделски култури за прехрана и за продажба.

Nestlé, исто така, помогна на младите возрасни да организираат работни групи што селата можат да ги користат за работа со висок ризик, како што е сечење дрва и прскање на култури, за да биде помалку веројатно дека таа работа ја прават децата.

Во други случаи, потребни се поскапи чекори, како што се изградба на нови училишта или регрутирање на дополнителни наставници. Затоа соработуваме директно со локалните власти и со организациите на граѓанското општество, за решавање на основните причини за злоупотреба на детскиот труд.

Дали вашиот систем за следење на детскиот труд навистина функционира?

Да. Податоците покажуваат дека поголемиот дел од децата вклучени за помош преку нашиот систем за следење не се враќаат на работа. Наместо тоа, многумина се во редовна настава.

Нашиот систем за следење е дел од Акциониот план за детски труд (pdf, 500Kb), што ние го изработивме како одговор на препораките од непрофитната Асоцијација за правичен труд  (АПТ). АПТ работи со големите компании за да ги подобри работните услови во нивните снабдувачки синџири.

Најпрво ги поканивме да го истражат нашиот синџир на снабдување со какао во Брегот на Слоновата Коска во 2011 година, за да ни помогнат да ги процениме условите за работа генерално, вклучително и проблемот со детскиот труд.

Последниот АПТ независен извештај за следење од септември 2016 покажува намалување на детскиот труд во задругите во  Брегот на Слоновата Коска што го снабдуваат Nestlé. Продолжуваме да работиме со АПТ за да помогнеме во осигурување одржливо, транспарентно снабдување со какао.

Што прави Nestlé за решавање на трговијата со деца и ропството?

Имаме нулта толеранција за нелегална трговија или ропство. Ако најдеме каков било доказ за тоа, веднаш го известуваме надлежниот орган.

Што правите за да ја подобрите егзистенцијата во какао-заедниците?

Нашата работа за справување со детскиот труд се базира на  Планот на Nestlé за какао, кој го започнавме во 2009 година. Програмата е наменета за подобрување на животот на земјоделците на какао и нивните заедници: подобро одгледување, подобра егзистенција и подобро какао.

Ние им помагаме на фармерите обучувајќи ги во добри земјоделски практики да ја промовираат родовата еднаквост, да се справат со детскиот труд и да создадат долгорочни односи со нив како доставувачи.